Прејди на содржината

Бологоје

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бологе ( рус руски: Бологое) е град во европскиот дел на Руската Федерација и административен центар на Бологовскиот реон кој се наоѓа во северниот дел на Тверската област.

Кировска улица

Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2014 година живееле 22 177 жители.

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот Бологоје се наоѓа на брегот на Бологовското езеро, на североисточните падини на Валдајските ридови, во преодното подрачје помеѓу ридовите и Вишњеволочката низина. Во подрачјето каде што се наоѓа градот, надморските височини се помеѓу 150 и 200 метри.

Од административниот центар на областа, градот Твер се наоѓа на растојание од околу 164 километри во северозападен правец.

Градот се наоѓа во зоната на умереноконтинентална клима со просечна јануарска температура од -10,2 °C, или јулската од +16,7 °C. Просечната годишна количина на врнежи е околу 645 милиметри. Снежната покривка трае од втората недела на ноември до почетокот на април (и често до мај).

Историја

[уреди | уреди извор]
Бологојската железничка станица околу 1860 година

Населбата наречена „село Бологоје на езерото Болошко“ за првпат се споменува во пишани извори околу 1495 годинаво една од катастарските записи на тогашната земја во Новгород. Се претпоставува дека името на населбата потекнува од стариот руски термин што значи мир и добрина (не е јасно за што конкретно се однесувало името).

Поинтензивен развој на населбата започнал во 1851 година, со изградба на железничка станица на многу важна железничка рута (тогаш железница Николаев) што ги поврзувала двата најголеми града, Москва и Санкт Петербург. Населбата која е формирана околу железничката станица е обединета во 1917 година со истоименото соседно село и како такво го добило административниот статус на градот. Во 1918 година основан е Бологовскиот округ во Новогородската губернерија, а градот Бологоје станал првиот округ и од 1927 година и регионален центар.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според податоците од пописот во 2010 година, градот има население од 23 494 жители, додека според проценките за 2014 година градот имал 22 177 жители.[1]

Движење на бројот на населението
1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2014 година
17 320 30 301 33 949 31 293 35 926 26 612 23 494 22 177

Предлошка:ДемографијаРУ Белешка: * според проценките на Националната статистичка служба.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Благодарение на својата стратешки поволна позиција на половина пат меѓу двата најголеми руски града, Москва и Санкт Петербург, Бологоје се развил многу рано како многу важна крстосница на железници и патишта, а нејзината железничка станица се смета за една од најфреквентните во Тверската област. Од 1851 година преку градот поминува железничка пруга на релација Москва-Санкт Петербург. Поважни железнички линии што минуваат низ градот се и Рибинск - Бежецк - Сонково, Псков - Валдај - Стараја Русија и Великије Луки - Андреапол.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  1. „Численность населения Российской Федерации по муниципальным образованиям на 1 января 2014 года“. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 2021-02-07.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]