Прејди на содржината

Борис Спасеновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Спасеновски
Роден 1935
Слоештица
Починал 2020
Скопје
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор

Борис Спасеновски (Слоештица, 1935 - Скопје, 2020) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Борис Спасеновски е роден во село Слоештица во 1935 година. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград во 1960 година. Својата хабилитација ја одбранил во 1978 година. Од 1961 до 1972 година бил раководител на Секторот за телекомуникации во „Електростопанство“ на Македонија. Во 1972 година, по изборот во звањето доцент, преминува на Електромашинскиот факултет во Скопје. Во звањата вонреден и редовен професор напредувал во 1979 и 1984 година, соодветно. Како прв наставник од наставно-научната област телекомуникации ги вовел базичните предмети од оваа област, како основи на телекомуникации и мултиплексни системи. Бил ментор на седум доктори на науки.

Бил основач на Лабораторијата за телекомуникации во 1974 година. Основоположник бил на Институтот за телекомуникации, чиј раководител бил сè до своето пензионирање. Во 1976 година ја извршувал функцијата привремен инокосен орган на Електротехничкиот факултет. Од 1977 до 1979 бил помошник директор на Универзитетскиот центар за математичко-технички науки (УЦМТН). Во периодот 1979-1981 бил декан на Факултетот, а од 1981 до 1983 ја извршувал функцијата директор на УЦМТН. Бил автор/соавтор на стотина трудови, од кои дел се објавени во престижни списанија и зборници од конференции и се цитирани 300 пати од други автори. Учествувал и раководел со десетина меѓународни проекти, во рамките на COST и Темпус програмите, како и со дваесетина домашни научноистражувачки, развојни и апликативни проекти, поддржани од МОН и стопанството. Негови области на потесен научен интерес се мобилни комуникации и безжични мрежи. Се пензионирал во 2000 година.[1]

  1. 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 220. ISBN 978-9989-630-58-3. |access-date= бара |url= (help)