Прејди на содржината

Вакуф

Координати: 42°03′47″N 22°02′38″E / 42.06306° СГШ; 22.04389° ИГД / 42.06306; 22.04389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вакуф
Вак’в

Поглед на маалото Горно Стојкарци во преден план

Вакуф во рамките на Македонија
Вакуф
Местоположба на Вакуф во Македонија
Вакуф на карта

Карта

Координати 42°03′47″N 22°02′38″E / 42.06306° СГШ; 22.04389° ИГД / 42.06306; 22.04389
Регион  Североисточен
Општина  Кратово
Област Средорек
Население 88 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Шифра на КО 14002
Надм. вис. 414 м
Слава Ѓурѓовден
Вакуф на општинската карта

Атарот на Вакуф во рамките на општината
Вакуф на Ризницата

Вакуф или Вак’в — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на маалото Говедарци

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Кратово, во југоисточниот дел на областа Средорек, недалеку од Крива Река.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 420 метри. Од градот Кратово селото е оддалечено 16,5 километри.[2]

До селото се стигнува преку асфалтен пат, кој е дел од регионалниот пат 29277.

Селото се наоѓа на границата на Кривопаланечката, Кумановската и Кратовската област. Околни села се Куклица, Тополовиќ, Шопско Рударе и други. Најголемиот дел од атарот се наоѓа на левиот брег на Крива Река, во долниот дел на долината на рекичката Повишница. Помал дел од атарот се наоѓа на десниот брег на реката. Мештаните во минатото со вода за пиење се снабдувале од извори и бунари.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Гладно Поле, Бела Трева, Рамни Рид, Борса, Големи Рид, Китка, Ковачев Рид, Брајково, Крива Река, Црвени Чукар, Кртичина, Селиште, Еврејски Гробишта и други.[3]

Селото има многу разбиен тип, поделено на осум групи на куќи или маала, оддалечени едно од друго по 400 до 500 метри. Групите куќи вообичаено припаѓаат на еден род и се нарекуваат по неговото име. Десно од Крива Река се наоѓаат куќите на едно маало: Преко Река или Портарска, додека останатите маала се наоѓаат лево од реката.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Српскиот географ Јован Цвииќ запишал дека селото некогаш претставувало џемат на соседното поголемо село Шопско Рударе.[3]

Во северниот дел на селото, кај денешното Петкулинско Маало, се наоѓаат наоѓалиштата Селиште и Еврејски Гробишта. Денес, таму се наоѓаат ниви. При нивното обработување се наоѓале остатоци на некогашни куќи и гробови. Во некои гробови, мештаните нашле старински пари.[3]

За време на отоманскиот период, селото имало две имиња: Неновце и Вакаф. Првото име било користено од Турците, додека второто го користеле Македонците. За да се разликува од истоименото кумановско село, ова село некогаш го имало и називор Кратовски Вакаф.[3]

Во 1912 година, селото имало околу 30 македонски и 5 ромски домаќинства.[3]

Според кажувањето на Стевче Доневски, собирач на легенди и преданија од кратовско, многу одамна во маалото Стојкарци живеело едно многудетно семејство. Судбината сакала да живеат во голема сиромаштија и беда. Мајката која имала пет дечиња, постојано сонувала сон во кој непознат глас и велел дека ќе најдат големо богатство кога ќе се пролее крв на најмалото нивно дете. По долго размислување, мајката за да ги спаси од глад и умирање останатите дечиња, одлучила да го спроведе сонот. Според нејзиното толкување на сонот, таа мислела дека најмалото детенце треба да го даде курбан, да падне крв за да семејството се спаси од глад. Го зела детето во раце, го однела во близина на денешниот храм Свети Константин и Елена и со скршено срце, пред да го даде курбан, со солзи во очите го галела по косичката. Во тој миг забележала вошка на главата на детето и со палецот ја притиснала. Вошката се размачкала на главата на детето. Во тој момент, од никаде се појавил силен ветер, кој за неколку секунди го расцепил на средина стариот орев. Од внатрешноста на оревот испаднале стотици златници, кои долги години биле скриени во дрвото. Мајката дури тогаш сфатила дека детето не треба да оди курбан, затоа што крвта на вошката била потребниот курбан. Го собрала азното и се куртулиле од сиромаштија.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 7,9 км2, при што преовладуваат обработливите површини со површина од 322,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 290,3 хектари, а на шумите 92,2 хектари.[2]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Пред крајот на отоманскиот период, целата земја во атарот припаѓала на кратовските Турци — браќата Мамут-бег и Усеин-бег. По ослободувањето од Турците, селаните ја купиле земјата од беговите, а секое домаќинство го добило она парче земја која дотогаш ја обработувале.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948322—    
1953359+11.5%
1961400+11.4%
1971350−12.5%
1981179−48.9%
ГодинаНас.±%
1991162−9.5%
1994138−14.8%
2002122−11.6%
202188−27.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вакуф живееле 148 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вакуф имало 128 Македонци и 30 Роми, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Од селото се иселил добар дел од населението, така што тоа од средно преминало во мало село. Во 1961 година селото броело 400 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 138 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година во Вакуф живееле 122 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 88 жители, од кои 79 Македонци и 9 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 148 128 322 359 400 350 179 162 138 122 88
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Вакуф е македонско село.[3]

Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се:

  • Македонски родови:
    • Стари родови: Петкутинци (8 к.), Зајевци или Здравевци (7 к.), Говедарци (6 к.), Боразанци (5 к.), Маторачки (4 к.) и Стојкарци (2 к.).
    • Доселеници: Портарци (4 к.), доселени се од селото Кетеново по пропаста на отоманската империја; Ценевци (3 к.), доселени се од селото Тополовиќ во исто време со претходниот род.
  • Ромски родови: Стојанови (3 к.) и Петрушеви (3 к.), потекнуваат од двајца браќа и имаат сопствено маало. Во селото се од турско време.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Повоената миграција село-град се одразила и во ова село, при што многу млади луѓе си заминале. Родовите Борозанци (5 к.) и Велковци (4 к.) живеат во соседното село Шопско Рударе, родот Петрови (1 к.) живее во Амзабегово, додека родот Борозанци (2 к.) се иселило во кумановското село Димонце.[3]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поглед на училиштето

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Вакуф било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Шопско Рударе, во која се наоѓале селата Вакуф, Кетеново, Коњух, Секулица, Татамир, Топаловиќ и Шопско Рударе. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната општина Секулица, во која влегувале селата Вакуф, Секулица и Татомир.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0921 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 63 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Константин и Елена“
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]
Реки[19]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 46. Посетено на 25 септември 2022.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 348–350.
  4. Легенда за сиромашното семејство од Вак'в и вошката
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 221.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 септември 2022.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 септември 2022.
  15. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 25 септември 2022.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 183. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Осветување на нов храм на светите Констатин и Елена Рамноапостолни во Вак’в
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 56. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]