Прејди на содржината

Велика Моравија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Велика Моравија
833[1] – 902
Главен градВелиград[2]
Говорени јазицисловенски[3]
Вероисповед
словенска митологија, христијанство, паганство
Уредувањемонархија
Принц 
• 833-846
Мојмир I (прв)
Историски периодран среден век
• Основана
833
• Престанала да постои
902
Денес дел од Словачка (цела)
 Чешка (цела)
 Унгарија (цела)
 Полска (дел)
 Германија (дел)
 Украина (дел)
 Романија (дел)
 Србија (дел)
 Хрватска (дел)
 Словенија (дел)
Извор:[4]

Велика Моравија била словенска држава во Средна Европа која опстојувала околу 70 години за време на 9 век.[5] Велика Моравија била вазалска држава на Источна Франкија, на која им плаќала даноци. Денес постои спор за тоа која територија била сржта на државата. Според поголем број научници, централната територија била долината на реката Морава, односно денешни западна Словачка и Моравија и Бохемија во Чешка.[6] Подоцна, државата се проширила во Унгарија, Полска, Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Романија, Украина и Германија.[7]

Значењето на името на Велика Моравија е предмет на дебата.[8] Ознаката „Велика Моравија“—Мегали Моравија (Μεγάλη Μοραβία) на грчки[9]—произлегува од делото За управувањето со царството напишано од византискиот император Константин VII Порфирогенит околу 950.[10][11] Императорот ја користи придавката мегали кога се осврнувал на настани кои се случиле после нејзиниот пад, што имплицира дека таа треба да се преведе како „стара“ наместо „велика“.[12] Според трета теорија, мегали се однесува на територија која се наоѓа зад границите на Византиската империја.[13][14] Историчарот Љубомир E. Хавлик пишува дека византиските учени ја користеле оваа придавка кога зборувале за татковините на номадските народи, како што е примерот со „Велика Бугарија“.[15]

  1. Great Moravia was founded in 833, when Mojmír I unified two neighbouring states; the "Principality of Nitra" and the "Principality of Moravia"
  2. „Tajemství Velehradu“. Архивирано од изворникот на 2012-03-31. Посетено на 2011-08-27.
  3. Old Church Slavonic and Latin were used for liturgical purposes at some point.
  4. Frucht, Richard C. (2005). Eastern Europe: an introduction to the people, lands, and culture. ISBN 9781576078006.
  5. Anton Špiesz, Duśan Čaplovič, Ladislaus J. Bolchazy, Illustrated Slovak history: a struggle for sovereignty in Central Europe, Bolchazy-Carducci Publishers, 2006, p. 9
  6. World and Its Peoples: Europe. World and Its Peoples Volume 7. Marshall Cavendish. 2009. стр. 886. ISBN 9780761478942.
  7. Bruce-Mitford, Rupert Leo Scott; Poulík, Josef & Holmqvist, Wilhelm (1975). Recent Archaeological Excavations in Europe. London: Routledge & Kegan Paul. ISBN 071007963X.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Rogers 2010, стр. 293.
  9. Константин Порфирогенит: За управувањето со царството (ch. 13., 38., 40.), pp. 64-65., 172-173., 176-177.
  10. Barford 2001, стр. 109.
  11. Štefan 2011, стр. 333.
  12. Bowlus 1995, стр. =10.
  13. Škvarna и др. 2002, стр. 237.
  14. Goldberg 2006, стр. 138.
  15. Havlík 2004, стр. 227.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]