Владимир Бороевиќ
Изглед
Владимир Бороевиќ | ||
Роден | Владимир Бороевиќ 4 декември 1947 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | дизајнер, каракатурист, сликар |
Владимир Бороевиќ (4 декември 1947 во Скопје) — македонски дизајнер, карикатурист и сликар.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Дипломирал на Вишата педагошка академија во Скопје во 1972 година.[1]
Во текот на кариерата, Бороевиќ бил графички уредник во списанието „Остен“, сценограф во Вардар филм во Скопје и раководител на Студиото за дизајн и пропаганда во Јака 80 во Радовиш.[1]
Самостојно излагал слики во Скопје, Валево, Нови Сад и Битола.[1]
Учествувал на меѓународни фестивали за карикатура на кои добил повеќе значајни награди: Гран при во Скопје во 1973 година и Гран при во Истанбул во 1977 и во 1990 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Борис“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 196. Text "series " ignored (help)