Димитар Кочевски-Мичо
Димитар Кочевски-Мичо | ||
Роден | 1943 Света Петка, Леринско | |
---|---|---|
Занимање | сликар |
Димитар Кочевски-Мичо (Света Петка, Леринско, 1943 - ) — македонски сликар [1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден e во селото Света Петка, Леринско, Егејска Македонија.[1] Средно уметничко училиште завршил во Скопје, а во 1968 година завршил Академија за применета уметност во Белград во класата на Александар Томашевиќ. По завршувањето покажал интерес за повеќе ликовни и применети дисциплини: графика и графички дизајн, сликарство, цртеж, илустрација и плакат. Работел како графички дизајнер во битолските фирми: Фабрика за фрижидери „Ѓорѓи Наумов“, Печатницата „Киро Дандаро“ и во „Фустеларко-борец“. Член на ДЛУМ е од 1970 година, а во 1974 година учествувал во формирањето на Друштвото на ликовните уметници на Битола (ДЛУБ). Во 1977 година со Илија Кочовски и Свето Манев ја формирале групата „77“. Групата се афирмирала и имала бројни изложби во Македонија и во Белград.
Награди
[уреди | уреди извор]- Награда „4 Ноември“ за ликовна уметност (2000)
- Најдобар театарски плакат во Нови Сад
- Најдобар театарски плакат во Прилеп
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 84–85. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)