Прејди на содржината

Драгиша Димитријевски - Шипе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгиша Димитријевски - Шипе
Роден 6 април 1956
Куманово, НР Македонија СР Македонија
Починал 7 јануари 2013
Куманово, Македонија Македонија
Занимање глумец и сликар

Драгиша Димитријевски - Шипе (роден на 6 април 1956 во Куманово - починал на 7 јануари 2013 во Куманово) — македонски глумец и сликар.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Димитријевски е роден во Куманово на 6 април 1956 година. Својата глумечка кариера ја започнал со претставата „Мајка храброст и нејзините деца“ во 1974 година, а во 1979 година, дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Тодорка Кондова. Од 1980 година бил постојан член на Кумановскиот театар, каде што остварил над сто и педесет глумечки улоги. Освен по своите бројни глумечки улоги, Димитријевски бил познат и како ликовен уметник со плодно творештво. Добитник е на стручни и општествени награди, на МТФ „Војдан Чернодрински“, на „ноемвриска награда“ на градот Куманово и од Друштвото на ликовни уметници – Куманово. Своевремено ја добил и наградата за млад ликовен автор. Во последните неколку години Димитријевски бил и уметнички раководител на ликовната колонија „Карпино“. Починал по кратко боледување на 7 јануари 2013 во Куманово.[1]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Филмографија на глумецот Драгиша Димитријевски - Шипе
Год. Назив Улога
1980-ти
1981 Црвениот коњ ТВ филм /
1982 Илинден /
1984 Белото циганче /
1985 Трговецот од Солун /
1986 Климент Охридски /
1986-2002 Македонски народни приказни /
1987 Вук Караџиќ /
1989 Мугра /
1990-ти
1991 Еурека /
2000-ти
2007 Јас сум од Титов Велес ТВ филм Професор
2010-ти
2012 Македонски народни приказни ТВ серија
2014 До балчак Поп
  1. „IN MEMORIAM Драгиша Димитријевски – Шипе“. Радио Браво. 8 јануари 2013. Посетено на 2013-01-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]