Илчо Стојановски
Илчо Стојановски | |
---|---|
во Ликовен салон Велес 22 септември 2022 | |
Роден(а) | 9 март 1973 Велес, Република Македонија |
Националност | Македонец |
Занимање | ликовен уметник- вајар |
Партнер | Костадинка |
Деца | Марија и Никола |
Илчо Стојановски е роден во Велес на 9 март 1973 тој е македонски ликовен уметник и академски вајар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Стојановски е роден е на 9 март 1973 во Велес , од татко Никола и мајка Невена. Основно образование завршил во ООУ „Васил Главинов“ во Велес. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје се запишал на Академијата за ликовни уметности во Скопје. Дипломирал на ФЛУ Скопје- дипломиран вајар, отсек керамика во класата на професор Драган Поповски -Дада. Работи како професор по ликовно образование во ООУ„Св.Кирил и Методиј“ Велес.
Творештво
[уреди | уреди извор]Во целокупното творештво на вајарот Илчо Стојановски преовладува неговата креативна преокупација кон животот и опкружувањето. Како и секој уметник и тој поминал низ неколку фази на уметничко изразување, но секогаш со успех ја сочувувал својата оригиналност. Скулптурата е константа во ликовното творештво на Илко Стојановски , но истовремено се надополнува и работи и во други ликовни правци. Сепак најчесто Стојановски останува доследен во својата целосна посветеност и творење на скулптурата. Во голем дел неговото склупторство е посветено на фигурацијата и реализмот.Во неговите први години од творењето тој работел претежно во дрво, медиум кој е природен и отпорен, вткаен во традиционалната македонска уметност уште од копаничарите. Дрвото како негов омилен материјал, чија топлина го инспирира од природниот праоблик, тој му вдахнува нов живот, дрвото му останува доминантно во склуптура иако подоцна тој работи и со ќерамика, стиропор, гипс, мермер и други материјали.
Самостојни излагања имал во:
- 2001год. - Самостојна изложба на скулптури во дрво „Амбиентална скулптура во простор“- поливалентен простор во О.О.У.Блаже Конески Велес
- Самостојна изложба на скулптури изработени од дрво во Ликовниот салон во Велес во 2020 година[1].[2]
Заеднички излагања имал во:
- 2001год. Учесник на изложба од колонијата -Ѓуриште во Св.Николе.
- 2002год. - Организатор на изложба на цртеж од членовите на ДЛУВ .
- 2003год. - Учесник на групна изложба со ДЛУВ во Струмица.
- 2003год. - Учесник на групна изложба со ДЛУВ во галерија КИЦ Скопје.
- 2006год. - Учесник на изложба од колонијата Папрадишки мајстори.
- 2008год. – Учесник на изложба од колонијата Папрадишки мајстори.
- 2010год. - Учесник како гостин на годишната изложба на ДЛУШ во Штип.
- 2019год. - Учесник на изложба на македонски скулптори поддржана од центарот за култура во Куманово.
- 2020год. – Гостин на групна изложба на млади турски уметници во Истанбул, Турција.
- Континуирано учество во сите групни изложби на Друштвото на ликовни уметници на град Велес од 1997 год. до денес.
- Во периодот од 2004-2007 – работи и како инструктор на млади стрип автори на стрип работилници во Стрип центар на Македонија.
- Во 2006 година е автор на насловна страна на стрип по повод „ Декада на ромите“.
Стојановски е добитник наградата бронзен медал за неговиот прв авторски стрип „Болен Дојчин" на меѓународен салон од Стрип центар на Македонија во 2022 година.
Илчо Стојановски учествал и на колониите:
- 2001год. - Ликовна колонија- Ѓуриште
- 2005год. - Скулпторска колонија Плав- Црна Гора
- 2006год. - Сликарско копаничарска колонија- Папрадишки мајстори-Велес
- 2006 год. - Вајарска колонија – Штулов Унивезитет-Тетово
- 2008 год. - Сликарско копаничарска колонија- Папрадишки мајстори- Велес
- 2019,2020,2021 год. - Технички раководител и учесник на меѓународната скулпторска колонија во Велес[3]
Спомен обележја кои ги красат просторите од Илчо Стојановски се поставени и во неговиот роден град Велес:
- 2002 год. Спомен биста на Ѓоре Органџиев- изработена за Општина Велес
- 2008 год. Спомен бисти на Св. Кирил и Методиј- изработена за О.О.У.Св.Кирил и Методиј
- 2009 год. Спомен биста на Крсте Петков Мисирков – изработена за Општина Градско
- 2019 год. Автор на скулптура, ”Блажена” изработена на првата меѓународна скулпторска колонија во Велес.
- 2020 год. Автор на скулптура, ”Нераскинливо” изработена на втората меѓународна скулпторска колонија во Велес.
Реализирал многу ликовни и вајарски работилници во соработка со колегите во општинските основни училишта во Велес. Во периодот од 48. до 55-те. „Детски Рацинови средби“ во Велес, тој бил претседател на жири комисијата на ликовните конкурси.
Во 2018 година Стојановски е добитник на највисокото општинско признание - Најдобар предметен наставник во основно образование во Општина Велес. Во својата професионална работа како наставник ментор добитник е на голем број награди и признанија.
Галерија
[уреди | уреди извор]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://tirekovmirece.com/Novost/%D0%98%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%BF%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%98%D0%BB%D1%87%D0%BE-%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-(%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE)
- ↑ https://duma.mk/kultura/kultura/31026-2020-12-06-08-25-41/
- ↑ https://m.makpress.mk/home/PostDetails?PostId=297141
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]https://duma.mk/kultura/kultura/31026-2020-12-06-08-25-41/ http://tirekovmirece.com/Novost/%D0%98%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%BF%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%98%D0%BB%D1%87%D0%BE-%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-(%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE) https://m.makpress.mk/home/PostDetails?PostId=297141 https://m.makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=433175
https://m.makpress.mk/home/PostDetails?PostId=297141
https://www.youtube.com/watch?v=HTMCZl7pR1Y