Прејди на содржината

Косовска Митровица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Косовска Митровица
Општина и град
Mitrovica
Косовска Митровица
Центар на градот
Центар на градот
Косовска Митровица is located in Косово
Косовска Митровица
Косовска Митровица
Локација во Косово
Координати: 42°53′N 20°52′E / 42.883° СГШ; 20.867° ИГД / 42.883; 20.867
ДржаваКосово
ОкругКосовска Митровица
Површина
 • Вкупна15,9 км2 (6,1 ми2)
Население
 • Вкупно83,235
 • Густина213/км2 (550/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Повик. бр.+383 28
Таблици02
Мреж. местоOfficial website
Згради во Митровица

Косовска Митровица (албански: Mitrovica/Mitrovicë; Титова Митровица, во периодот од 1981-1991, албански: Mitrovica e Titos) — град во северниот дел на Косово 42,89 ° северно, 20,87 ° источно, на 496 метри надморска височина (на вливот на Ситница во Ибар). Косовска Митровица e и општина чија површина е 350 км2. Заедно со градот, општината ја сочинуваат и 49 села. Во Косовска Митровица се наоѓа и округот Косовска Митровица, кој опфаќа уште пет општини: Вучитрн, Србица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Економско училиште
Река Ибар

Митровица е една од најстарите населби во Косово. Тоа беше првпат се споменува во средновековни пишани документи. Името Митровица потекнува одод 14 век, според црквата Св. Димитриј Солунски. Околу црквата имало српски гробишта, а од 19 век беа погребувани и Турците. Во близина има споменик на рударите бунтовници, кои во 1941 се приклучија на Народноослободителните бригади на Србија.

Историја

[уреди | уреди извор]
Библиотека

На просторот на градот најдени се траги од рударство од неолитско време, римски жртвеници и статуи од 2-3 век. Во 6 век, византискиот цар Јустинијан I ја гради Звечанската тврдина. Kaко рударски град Трепча се споменува во 1303 година. На стариот плоштад се наоѓаше музеј на кристали сè до бомбардирањето во 1999. Во близина има остатоци од тврдината Ќутет од 13 век. Во Брњак имаше град-дворец (втора половина на 13 век) кој припаѓаше на жената на српскиот крал Стефан Урош I, Јелена Анжујска, која умре во него во 1314 година.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот 2011, населението изнесува 71.606 од кои во градот живеат 33.904 жители. Етничката структура е следна:

Сите административни и културни објекти на Митровица се наоѓаат во јужниот албански дел, дури и православниот храм Свети Сава. Со поделбата на градот, српскиот дел остана без адекватни услови за работа - културен центар, градска библиотека, аматерски театар, галерија - сето тоа остана преку Ибар. Мораше да се почне од почеток. За работа се користеа просториите на некогашниот Техничко-металуршки факултет.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]