Михаил Корубин
Михаил Корубин | |
---|---|
Роден(а) | 11 април 1986 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Познат(а) по | Сликарство |
Правец | Современа уметност |
Мреж. место | https://mihailkorubin.com/ |
Михаил Корубин ― македонски уметник (сликар) (роден 11 април 1986 во Скопје, Македонија).[1]
Корубин е трета генерација на македонски сликари, неговиот дедо уметникот Миле Корубин и неговиот татко уметникот Рубенс Корубин.
Има излагано на повеќе групни и самостојни изложби во Скопје, Њујорк, Торонто, Сен Пол де Ванс, Софија итн.
Образование
[уреди | уреди извор]Михаил завршил на Академијата за ликовна уметност - Скопје, како и постдипломски студии отсек сликарство во класата на Проф. Благоја Маневски.[2]
Творештво
[уреди | уреди извор]Според списанието „Style.No.Chaser“, за Михаил е напишано „Комбинира стилови и техники за да развие примамливи текстури кои се речиси кинематографски по изглед. Михаил го негува фактот дека пораснал во дом каде што уметноста беснеела, а неговите рани уметнички спомени од детството, вградени некаде во главата, понекогаш мистериозно се појавуваат во неговата работа денес.[3]
Тој има создавано колоритни и експресивни портрети во масло и акрилик на платно кои доловувале суптилни гестови кои лесно може да се земат здраво за готово во секојдневните интеракции. Сепак, во неговите дела, овие кратки погледи и движења зборуваат за рамката на умот на една личност. Суштината на неговите дела била да го спои реализмот со апстракцијат, чинејќи се дека лебдечките форми и размачканите бои го формираат говорот на телото на субјектите исто колку и нивните физички одлики.[4]
Корубин е творец на правец на уметнички геометриски симболи кои ги има наречено „Артокенс“.
“Артокенс” кој е кованица од два збора “Арт” и “токен” кои што на кратко би значеле уметнички симболи. Артокените се артистичка репрезентација на одредени и одбрани зборови кои означуваат чувства, емоции, карактери, природни појави итн. Секогаш создадени и оформени од скоро совршени едноставни геометриски форми, како круг, триаголник, квадрат и слично.
Околу самите симболи, Михаил се има искажано во септември 2021:[5]
Преку тие форми целта ми е да обработам еден збор во еден минималистички запис објаснувајќи го неговото дејство со кое би му дал значење во форма на симбол. Сите „Артокени“ се цртани рачно од мене и се претворени во лимитирани едиции на цртежи“.
Проекти
[уреди | уреди извор]Михаил има работено на повеќе музички проекти и концерти како и арт едиции за вино со негов потпис.[6]
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Михаил Корубин е оженет со македонскиот музички уметник Каролина Гочева.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Mihail Korubin“. artgalaxie.com. Посетено на 7 октомври 2021.
- ↑ „Mihail Korubin - Miho“. artistaday.com. Посетено на 7 октомври 2021.
- ↑ „Expressed Synthesis of Collective Inspiration with Mihail Korubin“. stylenochaser.com. 29 април 2017. Посетено на 7 октомври 2021.
- ↑ Војновскаја, Настија (19 февруари 2013). „Mihail Korubin-Miho's Expressive Portraits“. hifructose.com. Посетено на 7 октомври 2021.
- ↑ Сабит, Лејла. „Михаил Корубин со графика која го симболизира „Алкалоид": Ги насликав минатото и сегашноста на нашето здравје“. nezavisen.mk.
- ↑ „Винарија Камник со нов производ – првото македонско 100% Carménère“. 17 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-10-07. Посетено на 7 октомври 2021.
- ↑ „Pronašla ljubav svog života: Udaje se Karolina Gočeva“. 19 септември 2017. Посетено на 7 октомври 2021.