Обработка на отпадни води
Обработка на отпадните води — процес на отстранување на загадувачите од отпадната вода. Вклучува физички, хемиски и биолошки процеси за отстранување на физички, хемиски и биолошки загадувачи. Целта на процесот е добивање на обработен ефлуент (отпаден поток) и цврст отпад или тиња погодни за испуштање или повторна употреба назад во животната средина. Овој материјал често е ненамерно загадуван со многу отровни органски и неоргански соединенија.
Тек на процесот
[уреди | уреди извор]Отпадната вода може да се обработи блиску до местото каде се создава (во септички тенкови, биофилтри или системи за аеробна обработка) или собрана и пренесена преку мрежа од цевки и пумпи до општинската постројка за обработка. Собирањето и обработката на отпадната вода обично е предмет на локални, државни и федерални регулативи и стандарди. На индустриските извори на отпадна вода често им се потребни специјализирани процеси на обработка.
При конвенционалната обработка на отпадна вода постојат три чекори: примарен, секундарен и терциерен. Примарната обработка се состои од привремено држење на отпадната вода во мирен басен каде тешките цврсти материи можат да се исталожат на дното, додека маслото, маста и полесните цврсти материи испловуваат на површината(механички третман). Смирените и пловечките материи се отстрануваат, а преостанатата течност може да се испушти или да подлежи на секундарна обработка. Со секундарната обработка се отстрануваат растворените и суспендирани биолошки материи. Секундарната обработка најчесто се изведува од автохтони, водни микроорганизми(биолошки третман на отпанда вода). При секундарната обработка може да е потребен сепарациски процес за да се отстранат микроорганизмите од обработената вода пред нејзиното испуштање или терциерна обработка. Сепарацииониот процес може да е со таложење на микроорганизмите или со филтрирање на водата користејќи мембрански елементи (мембрански биореактори).Терциерната обработка понекогаш се дефинира како нешто повеќе од примарната и секундарната. Обработената вода понекогаш се дезинфицира хемиски или физички (на пример со лагуни и микрофилтрација) пред испуштањето во поток, река, езеро, брег, лагуна или мочуриште, или може да се користи за наводнување на голфски терени или паркови. Доколку е достатно чиста, таа може исто така што се употреби за обнова на подземните води или во земјоделски цели.
Биолошкиот третман се состои во намалување на одредените конституенти во отпадната вода до одредени посакувани вредности. Третманот на отпадната вода со микроорганизми според потребата на кислород се дели на аеробен и анаеробен. Во аеробниот третман на отпадната вода микроорганизмите во процесот на елиминација на органските материи активно го користат кислородот за оксидо-редуктивни процеси
Анаеробниот третман на отпадна вода со миркоорганизми е процес кој се одвива во услови без присуство на кислород. Разликата помеѓу аеробниот и анеробниот е во тоа што аеробниот третман обично се користи за третирање на фекална отпадна вода и бара пониски вредности на БПК5(100–2000 mg/l), додека анаеробниот третман најчесто се користи кај отпадни води каде што БПК5 концентрацијата е повисока.Во анаеробниот третман како призвод се добива јаглерод моноксид, метан, водород сулфат и други материи. Количината и процентот на производен метан кој може да се искористи како енергент е еден од одлучувачките фактори во дизајнирањето на процесот, односно дали да се дизајнира аеробен или анеробен систем за пречистување на отпадната вода.
Сепак мора да се напомени дека во светот за достигнување на регулаторните гранични вредности на ефлуентот после анаеробниот третман обично следи аеробен третман, процес кој се нарекувa полирање на излезната вода.