Прејди на содржината

Опсада на Ерусалим (1187)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Крстоносни војни
Портал:Крстоносни војни

Опсадата на Ерусалим траела од 20 септември до 2 октомври 1187 година. Крајот на оваа војна довело до рекапитулација на крстоносците и предавање на градот на Саладин, кое послужи за започнување на третата крстоносна војна.

Пред војната!

[уреди | уреди извор]

Ерусалимското Кралство било ослабнато од внатрешни проблематики, особено по поразот којшто го доживеало на 4 јули 1187 година во Битката кај Хатин. Повеќе од кралскиот народ биле заробени, вклучително и кралот, и во текот на летот на Саладин не му оставало ништо друго освен да тргне кон Светиот Град. Во средината на септември, Саладин веќе ги беше освоил Акра, Јафа, Торон, Сидон, Беирут и Аскалон. Преживеаните во битката и оние кои успеале да побегнат имале можност да се скријат само во Тир, еден од градовите кои не биле под контрола на Саладин. Саладин, заедно со неговата армија претежно составена од војници по потекло од Сирија и Египет, на 20 септември веќе биле пред портите на Ерусалим.

Тек на војната

[уреди | уреди извор]

Веќе на 26 септември Саладин започнал да навлегува во околината на градот, поточно на Олиската планина и овде се стационирал. Ова место најмногу му одговарал со оглед на тоа што најлесно би можело да се одговори во случај на противнапад. На 29 септември ѕидот околу Ерусалимското Кралство се срушил. Крстоносците од една страна не можеле да го натерат Саладин да се повлече, а од друга страна Саладин пак никако не успевал да си создаде влез за во градот, бидејќи крстоносците добро ја познавале тактиката на муслиманите.

Преговарање помеѓу Саладин и Балиан

[уреди | уреди извор]

Предавање на градот

[уреди | уреди извор]

На крајот од септември, Балиан успеал да дојде до преговори со Саладин (во кои преговори тој лично учествувал), по повеќекратното откажување од тие преговори. Од друга страна пак и муслиманските водачи не се сложувале многу крајот на битката да биде одлучена со преговори. Но како и да е, Саладин прифатил градот да биде предаден по мирен пат.

Последици

[уреди | уреди извор]

Многу од бежанците најпрвин се упатиле кон Триполи, каде не им било дозволено да влезат во градот а и биле ограбени и малтретирани. Затоа повеќе од нив се упатиле кон Антиохија или Византија, други кон Европа. Саладин пак, по преземањето на градот дозволил Светиот Гроб да остане во рацете на христијаните, но многу од христијанските храмови ги претворил во џамии. Така најпозната меѓу овие е џамијата Ал Акса. Пренесувањето на вестите во Европа дека Ерусалим паднал во рацете на муслиманите довело до подготовка на уште една војна. Плановите за новата војна биле направени уште на 29 октомври 1187 година од страна на папата Грегориј VIII. Со тоа подоцна започнала и третата крстоносна војна.