Палена (месечина)
Палена — мала Сатурнова месечина. Една од трите мали месечини во групата Алкониди која што лежи помеѓу орбитите на Мимнат и Енкелад. Позната е и по ознаката Сатурн XXXIII.
Двете мали месечини коишто кружат меѓу главните месечини на Мимант и Енкелад биле откриени во 2004 година, додека во 2007 година била откриена третата месечина од оваа група - Анте (S/2007 S 4) со помош на податоците добиени од „Касини“. Како и сите други слични пронајдоци, месечините првично биле означени со броеви (S/2004 S 1 за Метона и S/2004 S 2 за Палена).
Откривање
[уреди | уреди извор]Алконидите не пронајдени случајно, туку биле откриени на снимките направени во текот на откривањето нови месечини во оваа област околу Сатурн. Контрастот на снимките бил зголемен за да се подобри видливоста. Дваесет и осум снимки биле направени во текот на 9,25 часа. Тие заедно претставуваат филм на кој е претставено движењето на Палена по кружната патека околу Сатурн.
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил на Палена Архивирано на 1 август 2007 г. на официјалниот портал за истражување на Сончевиот Систем на НАСА
|