Прејди на содржината

Пецо Видимче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пецо Видимче
Роден 8 октомври 1921
Битола, Кралство на Србите, Хрватите и Словенците
Починал 12 октомври 2010
Скопје, Македонија Македонија
Занимање академски сликар, ликовен уметник, професор по ликовна уметност

Пецо Видимче (Битола, 8 октомври 1921 - Скопје, 12 октомври 2010) — македонски сликар.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Пецо Видимче е роден на 8 октомври 1921 година во Битола, тогаш во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.[2] Во 1952 година дипломирал ликовна уметност во Белград во класата на професорот Неделко Гвозденовиќ. Како стипендист на Фондот „Моша Пијаде“[2] бил на студиски престој во Италија (1954) и Франција (1960).[1] Во 1953 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и учествувал во сите негови изложби. Во 1955 година заедно со уметниците Јован Димовски, Методија Ивановски-Менде, Перо Спироски и Борислав Траиковски ја основале групата ВДИСТ.[2] Критиката високо ги оценува нивните дела.[1][2]

Видимче имал самостојни изложби во Битола, Скопје и Куманово и учествува на групните во Југославија, Велика Британија и Италија. Предавал ликовна уметност во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје.[2]

Починал на 12 ноември 2010 година во Скопје.[2]

  1. 1,0 1,1 1,2 Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 42. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Пецо Видимче“. Daily Macedonia. 2010-11-16. Посетено на 2019-01-26.