Прејди на содржината

Површински сјај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Површински сјај — мерка за изразување на светлинската јачина на еден астрономски објект со стандардна големина. Општата сјајност на еден објект со голем просторен зафат како што е галаксијата, ѕвезденото јато или маглината се изразува со ваква мерка, како вкупна ѕвездена величина.

Општ опис

[уреди | уреди извор]

Вкупната ѕвездена величина е мерка за изразување на сјајот на просторно раширен објект како маглина, ѕвездено јато или галаксија. Се допбива со собирање на сјајноста по сета негова површина. Истото може да се добие и со употреба на светломер, мерејќи при отвори од различен пречник.[1] Позадинската светлина потоа се одзема од измереното за да се добие вкупниот сјај.[2] Добиената вредност е иста со онаа на точкестиот извор што оддава иста количина енергија.[3]

Привидната величина на еден астрономски објект е дадена како вкупна вредност — ако една галаксија има величина од 12,5, тоа значи дека го гледаме истото севкупно количество светлина како кога гледаме ѕвезда со величина 12,5. Меѓутоа, ѕвездата е толку мала што може да се земе за точкест извор (најголемиот аголем пречник — оној на R Златна Рипка — изнесува 0,057 ± 0,005 лс), додека пак галаксијата е неспоредливо поголема, зафаќајќи неколку лачни секунди или лачни минути. Затоа, галаксијата се гледа потешко од единечна ѕвезда наспроти позадинската небесната светлина навечер. Површинскиот сјај на даден објект ни кажува колку е лесно или тешко видлив.

Пресметување на површинската сјајност

[уреди | уреди извор]

Површинската сјајност се изразува во ѕвездени величини на квадратна лачна секунда (m/лс2 или m/arcsec2). Бидејќи ѕвездената величина е логаритамска, пресметката не може да се направи со просто делење на величината со површината. За извор со вкупна величина m која постои на видливо подрачје A квадратни лачни секунди, површинскиот сјај S ќе биде

Кај астрономските објекти, површинскиот сјај е аналоген на фотометаричка блескавост и затоа е постојано ист на сите растојанија — што е поодалечен, дотколку помало е видливото подрачје. Претставено на геометриски начин, за близок објект што оддава дадено количествбо светлина, зрачниот тек се намалува со квадратот на неговата оддалеченост, но физичкото подрачје согласно даден просторен агол или видливо подрачје (e. g. 1 квадратна лачна секунда) се зголемува правопропорционално, давајќи иста површинска сјајност.[4] Ова овозможува проценка на просторното растојание на објекти со голема просторна зафатнина како маглини и галаксии, која се добива од површинската сјајност преку модул на растојанието или сјајносното растојание.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Daintith, John; Gould, William (2006). The Facts on File dictionary of astronomy. Facts on File science library (5. изд.). Infobase Publishing. стр. 489. ISBN 0-8160-5998-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Palei, A. B. (August 1968). „Integrating Photometers“. Soviet Astronomy. 12: 164. Bibcode:1968SvA....12..164P.
  3. Sherrod, P. Clay; Koed, Thomas L. (2003). A Complete Manual of Amateur Astronomy: Tools and Techniques for Astronomical Observations. Astronomy Series. Courier Dover Publications. стр. 266. ISBN 0-486-42820-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Sparke & Gallagher (2000, § 5.1.2)

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Binney, James; Merrifield, Michael (1998). Galactic Astronomy. Princeton University Press. ISBN 978-0-691-02565-0.
  • Sparke, L.; Gallagher, J. (2000). Galaxies in the Universe: An Introduction (1. изд.). Cambridge University Press. ISBN 0-521-59241-0.