Прејди на содржината

Портал:Астрономија

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди   

АСТРОНОМИЈА

Астрономија — наука која се занимава со проучување на природата и движењата на небесните тела: планети, сателити, комети, астероиди ѕвезди и галаксии. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Јупитер — петтата планета од Сонцето и убедливо најголема во Сончевиот Систем. Покрај Јупитер има уште три гасовити џинови во Сончевиот Систем — Сатурн, Уран и Нептун.

Јупитер е најчесто четвртиот најсветол објект на небото (после Сонцето, Месечината и Венера); со тоа што понекогаш Марс може да биде посветол.

Јупитер е 2,5 пати помасивен од сите други планети заедно, дотолку што неговото тежиште всушност лежи над Сончевата рамнина (1.068 сончеви полупречници од средиштето на Сонцето). Тој е 318 пати помасивен од Земјата, со пречник 11 пати поголем од Земјиниот, и со волумен 1.300 пати поголем од Земјиниот. Природно, Јупитеровото гравитациско влијание доминирало во развојот на Сончевиот Систем: мнозинството од планетарните орбити лежат поблизу до Јупитеровата орбитална рамнина отколку до сончевата екваторска рамнина. Мнозинството краткотрајни комети припаѓаат на Јупитеровото семејство (како последица од Јупитеровата маса и релативна брзина). Керквудовите празнини во астероидниот појас во најголема мера се предизвикани од Јупитеровата гравитација, па дури се смета дека е можно да е одговорен за подоцнежното големо бомбардирање на внатрешноста на Сончевиот Систем. Прочитајте повеќе

уреди   

Дали сте знаеле...

уреди   

Избрана биографија

Никола Коперник (1473-1543) е астроном кој прв ја изнесе современата варијанта на теоријата за хелиоцентричниот (со сонцето како негов центар) сончев Систем, во неговата епохална книга «De revolutionibus orbium coelestium» («За движењето на небесните кругови»). Коперник е роден во градот Торуњ, Царска Прусија, автономна покраина во Кралството Полска. Се школувал во Полска и Италија, животот претежно го поминал работејќи во Фромборк, Царска Прусија, каде што и починал.

Коперник бил еден од најголемите полихистори на своето време. Бил математичар, астроном, правник, физичар, учител, управник, функционер, дипломат, економист и војник.

Прочитајте повеќе

уреди   

Клучни статии

уреди   

Мултимедијална содржина

Анимација на Земјиното вртење
уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Астрономијата на останатите википроекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Ризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)