Променлива ѕвезда од типот на W Голема Мечка
Променлива ѕвезда од типот на W Голема Мечка, наречена и нискомасена допирна двојка — вид на затемнувачка двојна променлива ѕвезда. Овие ѕвезди се блиски двојки од спектрален тип F, G или K кои делат една иста обвивка од материјал и затоа се во меѓусебен допир. Наречени се допирни двојни ѕвезди двете ѕвезди се сопираат и пренесуваат маса и енергија низ врзивното грло или „прекуконтакт“.[1]
Класата опфаќа две поткласи: A и W.[2] W UMa-двојките од типот A се сочинети од две ѕвезди, обете поврели од Сонцето, со спектрални типови A или F, и периоди од 0,4 до 0,8 ден. Оние од типот W се од постудените спектрални типови G или K и пократки периоди од 0,22 до 0,4 ден. Разликата во површинската температура на составниците е помала од неколку стотини келвини. Во 1978 г. е воведена и поткласата B, која се одликува со поголема разлика во површинската температура. Во 2004 г. се откриени H-системите (висок масен сооднос) од Силард Чизмадија и Петер Клаѓивик. [3] Оние од типот H имаат поголем масен сооднос отколку ( = (маса на главната)/(маса на споредната)) и имаат дополнителен момент на импулсот.
Олин Еген открил дека овие ѕвезди следат однос период-боја, при што оние со покуси периоди се поцрвени.[4] Во 2012 г. Терел, Грос и Куни објавиле боен преглед на 606 W UMa-двојки во Џонсон-Казенсовиот фотометриски систем.[5]
Светлинските криви им се разликуваат од оние на класичните затемнувачки двојки, претрпувајќи постојани елипсоидни промени наместо одделни затемнувања. Ова се должи на тоа што ѕвездите меѓусебно гравитациски се изобличуваат, а со тоа и проектираната површина. Длабичните на сјајносните минимуми обично се истоветни бидејќи обете ѕвезди имаат речиси еднакви површински температури.
Прототип на оваа класа е ѕвездата W Голема Мечка (W UMa).
Примери
[уреди | уреди извор]Име | Соѕведие | Откривање | Привидна величина (најголема)[6] | Привидна величина (најмала)[6] | Величински опсег | Период | Спектрални типови (затемнувачки составници) |
Забелешка | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
AB And | Андромеда | 10,40 | 11,27 | 0,87 | 0,3319 д | G5 | G5V | ||
S Ant | Пумпа | Х.М. Пол, 1891 | 6,27 | 6,83 | 0,56 | 0,6483489 д | |||
44 (или i) Boo B | Воловар | 5,8 | 6,4 | 0,6 | 0,2678159 д | G2V | G2V | троен систем A е непроменлив | |
TU Boo | Воловар | 11,8 | 12,5 | 0,7 | 0,324 д | ||||
VW Cep | Кефеј | 7,23 | 7,68 | 0,45 | 0,278 д | G5 | K0Ve | ||
WZ Cep | Кефеј | 11,4 | 12,0 | 0,6 | 0,41744 д | F5 | можен троен систем | ||
ε CrA | Јужна Круна | 4,74 | 5,0 | 0,26 | 0,5914264 д | ||||
SX Crv | Гавран | 8,99 | 9,25 | 0,26 | 0,32 д | F7V | ? | ||
V1191 Cyg | Лебед | 10,82 | 11,15 | 0,33 | 0,31 д | F6V | G5V | ||
V571 Dra | Змеј | Баркин, 2018 | 14,43 | 14,77 | 0,34 | 0,428988 д | |||
XY Leo | Лав | 9,45 | 9,93 | 0,48 | 0,284 д | K0V | K0 | ||
CE Leo | Лав | 11,8 | 12,6 | 0,8 | 0,303 д | ||||
TV Pic | Сликар | Ферсхурен, 1987 | 7,37 | 7,53 | 0,16 | 0,85 д | |||
Y Sex | Секстант | 9,81 | 10,23 | 0,42 | 0,42 д | можеби два подѕвездени придружника | |||
W UMa | Голема Мечка | 7,75 | 8,48 | 0,73 | 0,3336 д | F8Vp | F8Vp | прототип, можен троен систем |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Wilson, R. E. (2001). „Binary Star Morphology and the Name Overcontact“. Information Bulletin on Variable Stars. 5076: 1. Bibcode:2001IBVS.5076....1W.
- ↑ Leendert Binnendijk, Veröffentlichungen der Remeis-Sternwarte zu Bamberg, Nr. 40., p. 36, 1965
- ↑ Sz. Csizmadia and P. Klagyivik (18 October 2004). „On the properties of contact binary stars“. Astronomy and Astrophysics. 426: 1001–1005. doi:10.1051/0004-6361:20040430. Посетено на 16 August 2019.
- ↑ „Contact Binaries II“. 4 јули 2013. Bibcode:1967MmRAS..70..111E. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Terrell, Dirk; Gross, John; Cooney, Walter (2012). „A BVRCIC Survey of W Ursae Majoris Binaries“. Astronomical Journal. 143: 99. arXiv:1202.3111. Bibcode:2012AJ....143...99T. doi:10.1088/0004-6256/143/4/99.
- ↑ 6,0 6,1 (видлива величина, освен ако не е означена со (С) (= сина) или (ф) (= фотографска))
|