Прејди на содржината

Разговор за Википедија:Избрана статија/2008

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Гласање за избрана статија

[уреди извор]

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Предлог за период од 29 декември 2008 до 4 јануари 2009

[уреди извор]

Ерусалим

[уреди извор]

Ерусалим (иврит:יְרוּשָׁלַיִם (audio); арапски:القُدس القُدس (audio) Ал Кудс, грчки: Ίερουσαλήμ или Ίεροσόλυμα; латински: Hierosolyma, Hierusalem, Aelia Capitolina) е антички блискоисточен град, главен и најголем град во Израел, и покрај тоа што овој факт е спорен за муслиманските земји, особено за Палестина. Градот брои 747.600 жители, и се протега на точно 125,1 km², вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Градот се наоѓа во близина на јудејската планина, помеѓу Средоземното Море и Мртвото Море. Модерниот Ерусалим е изграден надвор од ѕидините на стариот дел од градот. Градот бил основан во 4 век п.н.е., и како таков е дел од најстарите градови на светот.

Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот, и претставувал најголемиот духовен центар на Евреите во 10 век п.н.е.. Тој исто така претставува трет најсвет град во исламот, по Мека и Медина, а е свет град и за христијанството. На површина од само 0,9 km², во Стариот Град, на Храмовата Гора се наоѓаат најважните религиозни градби: Западниот Ѕид или Ѕидот на плачот за јудаизмот, Светиот Гроб за христијанството и Ал Акса со Златната купола за исламот. Стариот Град е поделен на четири населби: еврејска, исламска, христијанска и ерменска населба, кои биле поделени во текот 19 век. Стариот Град бил номиниран и вклучен во списокот на светско наследство за несигурни градови во 1982 година од Јордан. Во текот на својата историја, градот Ерусалим два пати бил целосно разрушен, 23 пати под опсада, 52 пати нападнат и 44 пати освоен.

Денес, статусот на Ерусалим е определен со израелско-палестинскиот конфликт. Анексијата на Источен Ерусалим е многупати дискутирана и осудувана од страна на ООН, а и самите Палестинци го сметаат Источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, Палестина. По 1980 година, многу амбасади и светски организации своите канцеларии ги преместиле од Ерусалим во Тел Авив, но има и такви чии амбасади сѐ уште се во Ерусалим, како на пример амбасадата на САД.


За --Астрион (разговор) 21:11, 23 декември 2008 (UTC)
За -- MacedonianBoy  Oui? 21:15, 23 декември 2008 (UTC)
За  Сепак на статијата и е потребно средување, поправка на правописни грешки, преведување на референци и употреба на македонски зоборови (на пр. наместо популација население). Статијата е голема и детална, а и доста информативна, но тоа секогаш не мора да биде голема предност при изборот на статија на главната страница. На статијата и е потребна рецензија, како и на сите други статии кои досега биле избрани по отпочнувањето со работа на рецензијата, а јас мислам дека уште веднаш треба да се фатиме за работа. Еве еден глас за и од мене. Навистина, Википедија на македонски јазик доби нова одлична статија која заслужува да биде избрана. Сакам да им се заблагодарам на сите кои дадоа придонес во напредувањето на оваа статија. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 22:05, 23 декември 2008 (UTC)
Воздржан  --brest (разговор) 22:22, 23 декември 2008 (UTC) Коментар  Сеуште може и треба да се подобрува содржината на статијата, има уште за преведување.--brest (разговор) 22:22, 23 декември 2008 (UTC)
Молам за помош околу превод на речениците кои останаа непреведени
За  Статијава се истакнува со својата опширност, информативност и е поврзана со многу други статии за Ерусалим на кои Тиверополник работеше со недели. Затоа предлагам да помогнеме да се досреди (како што некои веќе и почнале да работат), бидејќи заслужува да биде избрана. Поздрав, --Црноризец (разговор) 11:36, 27 декември 2008 (UTC)
За  Лекторирана е статијата. Ве молам на насловна не го ставајте овој извадок од тука - бидејќи има грешки - извадете го истиот директно од статијата. Поздрав --Виолетова (разговор) 16:03, 28 декември 2008 (UTC)

Избрана (5/0/1)-- MacedonianBoy  Oui? 22:44, 28 декември 2008 (UTC)


Може едно прашање да ми одговори некој? Што се случи со насловната? Ја спремаме статијава, а на насловна - Канада стои? :? --Виолетова (разговор) 23:44, 28 декември 2008 (UTC)
Не знам, јас го спремив шаблонот, направив сѐ што треба да се направи но сепак го нема. Канада е ставена под дифолт да стои. Поз-- MacedonianBoy  Oui? 23:58, 28 декември 2008 (UTC)
52 седмици во годината. Има проблеми со начинот на броењето на седмиците, т.е. која се зема како прва седмица во годината, а која како последна. Дали седмицата во која што паѓа 1 јануари се зема како прва седмица во годината? Или пак прва е седмицата во која што паѓа првиот понеделник, доколку се зема понеделник за прв ден во седмицата? Сега е премостен проблемот но треба да се види како е правилно. Интересна ситуација за која што не сум размислувал до сега!--brest (разговор) 00:59, 29 декември 2008 (UTC)
За некој ден повторно ќе имаме сличен проблем. Имено во четврток е 1 јануари 2009 година и повторно ќе се појави Канада како избрана статија. Решението би било или да избереме нова статија за 1-та седмица од 2009 година до четврток, или пак повторно да го премостиме проблемот велејќи дека Ерусалим е исто така избрана статија за 1-та седмица за 2009 година, па наредниот пат да избираме статија за 2-та седмица од 2009 година? Што велите? --brest (разговор) 01:06, 29 декември 2008 (UTC)
Јас веќе ја "средив" да остане и во 2009 истава избрана статија (Ерусалим), пошто од утре сме по прослави или по продавници :). Ги почнав новите страници за 2009 со избрана статија и разговорот за неа со истава статија.

Предлог за период од 22 до 28 декември

[уреди извор]

Македонскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенски јазици, и е службен јазик во Република Македонија. Македонскиот јазик е исто така службен во реонот на Корча во Албанија каде што живее бројно македонско население. Македонски се зборува и во Австралија, Албанија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Србија, Црна Гора, Турција и во некои земји−членки на Европската Унија. Вкупниот број на македонски говорници е околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според респектираниот лингвистички извор Etnologue, македонски се зборува и во југоисточниот дел на Бугарија, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Britannica и UNESCO.

Кога се зборува за Македонците како етничка група и македонскиот јазик, треба да се има предвид дека јазикот (т.е. потекло или класификација на јазикот) не соодветствува секогаш со етничкото потекло на еден народ. Македонскиот јазик спаѓа во групата на словенските јазици, а потеклото на Македонците како народ не е целосно словенско. (Повеќе)


За  -- MacedonianBoy  Oui? 12:35, 20 декември 2008 (UTC)
За  --Виолетова разговор 12:39, 20 декември 2008 (UTC)
За  --Kiril Simeonovski (разговор) 13:09, 20 декември 2008 (UTC)
За --Астрион (разговор) 14:24, 20 декември 2008 (UTC)

Избрана (4/0/0) -- MacedonianBoy  Oui? 21:22, 27 декември 2008 (UTC)

Фудбалски Клуб Реал Мадрид (шп.:Real Madrid Club de Fútbol), попознат и како Реал Мадрид и Los Blanco(Белите) е професионален фудбалски шпански тим стациониран во Мадрид. Основан е во 1902 и игра во Шпанската Премиера и беше најуспешниот клуб во 20-тиот век, освојувајќи рекордни 31 пат Премиера, седумнаесет пати Копа дел Реј рекордни 9 пати Лигата на шампиони. Реал Мадрид е еден од основачите на Г-14, која претставува група од 14 водечки екипи во Европа.

Клубот своите домашни натпревари ги игра на Сантјаго Бернабеу Стадион во Мадрид. На 23 декември 2000 година ФИФА го награди кралскиот тим со наградата “Најдобар клуб во 20-тиот век“Реал Мадрид е најуспешниот тим во сите натпреварувања пот капата на УЕФА со освоени 9 титули во Лига или Купот на Шампиони и 2 во УЕФА Купот; повеќе од било кој друг клуб

Реал Мадрид е најголем и најуспешен фудбалски тим во светот спорет истражувањето на Универзитетот Харвард спроведено во 2007. Исто така е еден од најбогатите во светот. (повеќе...)


За  --Stefan40-3e3e WTF here !!! 12:43, 20 декември 2008 (UTC)

Предлог за периодот од 15 до 21 декември

[уреди извор]

Жак де Молеј (се проценува околу 1244–5/1249–50 – 18 март 1314) бил 23. и официјално последниот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1292, па сѐ до укинувањето на редот од страна на папата во 1312. Тој е најпознатиот темплар по основачот на редот Иг де Пајен (1070-1136). Неговата цел како Голем мајстор била да изврши реформи во редот и да ги усогласи со состојбата во Светата земја за време на намалувањето на влијанието по Крстоносни војни. Без преостанати крстоносни држави на кои им била потребна заштита, и со голем број на други проблеми, прашање било дали витешкиот ред на темпларите ќе опстои. Францускиот крал Филип IV убавиот, во очај го напаѓал редот, и со лажна признавање, по донесувањето на папската була Pastoralis Praeeminentiae на 22 ноември 1307, со која се наложувало темпларите насекаде да се апсат, де Молеј и уште многу други темплари биле уапсени и подоцна измачувани. Кога Молеј, подоцна го негирал признавањето, на 18 март 1314, кралот Филип наредил Жак де Молеј, заедно со Жофроа де Шарне да биде запален на островот Ил де Жавио, на реката Сена во Париз. (повеќе...)


За -- MacedonianBoy  Oui? 23:43, 9 декември 2008 (UTC) Коментар  Ме претрка, сакав да ја кандидирам статијата Македонски јазик. Поз

За  - Vekip8 (разговор) 02:43, 10 декември 2008 (UTC)

За  - Со задоволство следев како напредуваше статијата :) Виолетова (разговор) 15:50, 10 декември 2008 (UTC)

За --Астрион (разговор) 22:36, 11 декември 2008 (UTC) Коментар Апсолутно, без коментар

За --Стефан WTF here!!! --11:16, 12 декември 2008 (UTC)


Избрана (5/0/0)



Предлог за периодот од 8 до 14 декември

[уреди извор]
Нилски коњ

Нилскиот коњ (Hippopotamus amphibius) од грчкиот збор ἱπποπόταμος (хипопотамос, ιππος хипос што значи „коњ“ и πόταμος потамус што значи „река“), е голем, претежно хербиворен африкански цицач. Тој е еден од двата преживеани видови од фамилијата Hippopotamidae (другиот преживеан вид е пигмејскиот нилски коњ). Тој е најтешкиот претставник од парнокопитните животни.

Нилскиот коњ е полу-водно животно, кое живее во реките и езерата на субсахарска Африка во групи од 5 до 30 нилски коњи. Преку денот ја одржува температурата седејќи во вода или во кал. Парењето и породувањето се одвиваат во вода. Во квечерината излегуваат од вода за да се хранат. Додека се во вода, нилските коњи седат во групи (и до 40 индивидуи), а пасењето е самотна активност.

И покрај нивната физичка сличност со свињите, нивните најблиски роднини сепак се животните од фамилијата cetaceans (китови, делфини...). Заедничкиот предок на нилскиот коњ и китот се одвоил од останатите копитари пред околу 60 милиони години. Најстарите пронајдени фосили кои спаѓаат во родот Kenyapotamus датираат од пред 16 милиони години.

Нилскиот коњ е лесно препознатлив по телото со облик на буре, огромната уста и заби, кратките набиени нозе и кожата без крзно. По големина е сличен на белиот носорог, само слонот е многу поголем од него. И покрај големината, нилските коњи се доста подвижни. На кратки растојанија можат да трчаат и 48 км/ч, што е побрзо од олимписки спринтер. Ова животно е едно од најагресивните животни во Африка. Денес се смета дека има помеѓу 125.000 и 150.000 нилски коњи во субсахарска Африка, од кои 40.000 во Замбија и Танзанија, со најголема популација од 20.000 до 30.000 индивидуи.[1] Овој вид сè уште е загрозен од ловокрадството поради нивното месо и забите, како и од уништувањето на нивното природно живеалиште.


Коментар  Ако ја рецензираме статијата до недела, мислам дека ќе добиеме една чесна, интересна и корисна избрана статија. --Brainmachinewtf? 00:24, 5 декември 2008 (UTC)
За - -- MacedonianBoy  Oui? 23:10, 7 декември 2008 (UTC)

Избрана 1/0/0 -- MacedonianBoy  Oui? 23:22, 7 декември 2008 (UTC)

Предлог

[уреди извор]

Што велите вака да направиме: најпрвин секој предлог за избрана статија најпрвин да отиде на рецензија, а потоа да се номинира овде, поправена, средена и дополнета? Ако номинираме повеќе статии, ќе немаме проблем да постигнеме со темпото. Што велите? (забелешка: не ја преместувајте оваа секција од оваа страница) --Brainmachinewtf? 23:13, 23 ноември 2008 (UTC)

Предлог за периодот од 1 до 7 декември 2008

[уреди извор]

Фенг шуи

[уреди извор]
Зграда во Хонгконг градена според принципите на фенг шуи

Фенг шуи е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи служи за разместување на предметите (како на пример мебелот) со што на луѓето им се помага да ги остварат своите цели. Но, традиционално, фенг шуи се користи првенствено за да се одбере местото на живеење, за работа и за гробни места.

Традиционалниот фенг шуи компас се нарекува луопан, и за разлика од конвенционалниот, овој компас го покажува југ. Во 1949 година, комунистите во Кина го прогласиле фенг шуи за „општествено зло“, а едно време бил потполно забранет. Посебно било строго за време на „културната револуција“, кога практикантите на фенг шуи биле тепани од страна на Црвената Гарда, а нивните книги биле спалувани. Западот не покажувал многу интерес за фенг шуи сè до 1972 година, после патувањето на Ричард Никсон во Кина. Оттогаш, фенг шуи се претвора во индустрија. (повеќе...)

За  --Корисник:Виолетова (разговор) 21:25, 22 ноември 2008 (CET)[одговори]
За --Raso mk (разговор) 20:29, 22 ноември 2008 (UTC)
За  --Дарвел (разговор) 01:05, 23 ноември 2008 (UTC)--
Против --√ гитардэмонговори со мной √ 01:17, 23 ноември 2008 (UTC)
Коментар:Изворите, научните трудови надворешните врски, ништо не е на македонски (на англиски се и авторите и сѐ останато), нешто што за избрана статија не може да се дозволи. Треба да се додадат уште шаблони (видете ја англиската верзија) за да заличи за избрана статија, бидејќи изгледа некако штуро. Исто така, има многу малку интервики врски во статијата. Иако темата е многу интересна, статијата не ги задоволува критериумите за да биде избрана. Се надевам дека сите што сте го дале гласот ќе ги разгледате овие детали, некако многу механичко сите предложени статии се гласаат! Инаку ништо лично против авторот, баш ги ценам нејзините уредувања, но со оглед на тоа што е нова на Википедија (а скоро целата статија е уредена од неа) мислам дека овие пропусти не се нешто сериозно, едноставно треба да станат стандард овие работи што ги зборувам, особено за изворите да се преведат на македонски... Еве јас сум доброволец да помогнам се уреди статијата за да заличи на избрана, сепак во ваква форма гласам ПРОТИВ! Имам неколку статии други во предвид да предложам, ќе видиме. Оваа би можела да оди по 7 декември, додека да се уреди.
Па добро, Гитардемон, ајде да ја средиме - има време цела недела до 7 декември... во некои статии ги оставам на англиски, затоа што се од англиски книги, и џабе му е на Македонецот и да знае за која книга станува збор, кога не може да ја прочита (ако не знае англиски)... а ко што гледам - имало предложени и избрани статии само од еден или двајца „за“ - муабетот ми е - мал број на википедијанци се занимаваат со овој дел од работата, а кога ќе се гласа - тогаш следи обвинување: не сте ја разгледале внимателно статијата, хехе. ОК, вие постарите овде си знаете како треба. Поздрав. --Корисник:Виолетова (разговор) 11:27, 23 ноември 2008 (CET)[одговори]
За -- MacedonianBoy  Oui? 13:55, 23 ноември 2008 (UTC)
За --Kiril Simeonovski (разговор) 23:41, 23 ноември 2008 (UTC)Коментар Се согласувам со Корисник:Виолетова. Имаме уште 7 дена да ја поправиме статијата. Исто така, гледам дека за прв пат една статија која е предложена за избрана е и предмет на рецензија, што очекувам да помогне во нејзиното средување. Што се однесува со надворешните врски точно е дека мора да има ндаворешни врски и на македонски, но сепак доколку не можеме податоците посочени во статијата да ги поткрепиме со соодветни надворешни врски на македонски, тогаш добро е да има и на англиски јазик, па дури и на други често зборувани јазици. Подобро нешто, отколку ништо. Не е наш проблемот што нема веб-страници за фенг шуи на македонски јазик. Што се однесува до литературата, мислам дека таму може нешто да се стори. Запознает сум, а и со свои очи имам видено дека во книжарниците на издавачките куќи кај нас има литература на македонски јазик којашто е со предмет на интерес за фенг шуи. Но, сепак не смее да се заборави дека, тоа може да се и некои од веќе посочените книги, само напишани во оригинална форма. Па, затоа и тоа мислам дека е в ред. Единствено нешто што може да се поправи е да се преведат рефернците и некои други делови кои навистина без потреба стојат на англиски. Според мене другите стандарди се запазени. И ќе Ве замолам во иднина кога ќе сакате да предложите статија за избрана на главната страница, најпрвин статијата да ја номинирате за рецензија. Најдобро би било наместо да коментираме нешто што не е в ред, истото да го поправиме. Исто така сакам да покренам и иницјатива, и се надевам дека ова може ад се оствари, а тоа е да се предложат повеќе статии за избрани во една седмица. СО тоа мислам дека самата конкуренција ќе предизвика подобрување на квалитетот на статиите, а и гласовите против ќе имаат поголем ефект, со тоа што корисниците кои ги дале, можеби ќе гласаат за некоја друга предложена статија.

Избрана 5/1/0--Kiril Simeonovski (разговор) 22:23, 30 ноември 2008 (UTC)

Предлог за периодот од 24 до 30 ноември 2008

[уреди извор]
Американски тенкисти во Ирак

Тенк е гасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судир со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и поддршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини.

Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква поддршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони.

За  --Корисник:Виолетова (разговор) 23:58, 16 ноември 2008 (CET)[одговори]
За --Raso mk (разговор) 23:09, 16 ноември 2008 (UTC)
За --Kiril Simeonovski (разговор) 00:12, 17 ноември 2008 (UTC)
За  -- Vekip8 (разговор) 00:17, 17 ноември 2008 (UTC)
За  -- MacedonianBoy  Oui? 13:30, 17 ноември 2008 (UTC)
За  --Boyan (разговор) 13:34, 17 ноември 2008 (UTC)
За --Астрион (разговор) 13:42, 17 ноември 2008 (UTC)
За --Дарвел (разговор) 11:08, 18 ноември 2008 (UTC)
За --√ гитардэмонговори со мной √ 15:05, 21 ноември 2008 (UTC)
Коментар: Мислам дека поприфатен е поимот антитенковски отколку противтенковски иако не звучи многу македонски. Од друга страна, викаме противавионски а не антиавионски. Сепак, мислам да се провери во лексикон. Статијата е добра инаку, ама овај пат мора да се провери темелно за печатни грешки, пошто досега ниеднаш не сме имале статија без печатни грешки.



Избрана 9/0/0 -- MacedonianBoy  Oui? 22:40, 23 ноември 2008 (UTC)

Предлог за период од 17 ноември до 23 ноември

[уреди извор]

Џамијата е муслимански храм, во кој муслиманите се собираат и извршуваат општа молитва. Првите џамии биле изградени на арапскиот полуостров. Според исламските убедувања, првата џамија која била изградена била Каба во Мека, Саудиска Арабија, која била изградена од самиот Алах, кој наредил на Ибрахим и неговиот син Исмаил да ја исполнат Неговата заповед, како и Ал Куба во Медина, Саудиска Арабија. Нејзиниот прв камен-темелник бил поставен од пророкот Мухамед, кога се преселил од Мека во Медина. Подоцна, во почетокот на средниот век и проширувањето на Османлиското Царство, многу цркви и христијански објекти биле претворени во џамии. Во џамијата се појавува арапската калиграфија, како уметност на убавиот ракопис, како и предавање за Куранот и тоа исклучиво на арапски јазик.(повеќе...)

За  --Астрион (разговор) 15:27, 10 ноември 2008 (UTC)
За  --Boyan (разговор) 15:29, 10 ноември 2008 (UTC)
За -- MacedonianBoy  Oui? 15:42, 10 ноември 2008 (UTC)
За --Kiril Simeonovski (разговор) 21:58, 10 ноември 2008 (UTC)
Против  Против --Brainmachinewtf? 22:06, 10 ноември 2008 (UTC) Коментар  Зошто против:
  • Постои секција „Етимологија“, а во неа се објаснува ентериерот на џамиите — насловот на секцијата не е соодветен на содржината. Друг пропуст: секција „Политичка улога“, единствена потсекција „Изградба на џамии“ со 5 реченици. Нема логика тоа;
  • Некои детали не се доволно објаснети. На пример, што е тоа „молитвена ниша“? Кога нема викиврска до некоја статија што го објаснува тоа, обидете се кратко да ги опишете овие поими во статијата (направете ја статијата независна и јасна);
  • Очигледни грешки - печатни и граматички: на пример „две минарета“ (избројана множина, правилно две минариња), „Со ширешето на исламот“, „Една од најпознатите е Света Свофија.[8] Muslim rulers in India built mosques seeing their actions as fulfillment of a religious duty.“ (??) и др. примери;
  • Грешки во цитирањето на референците - се јавуваат големи црвени букви;
  • Несредени надворешни врски — [1] → ваква надворешна врска (без никаков наслов) не смее да се појави во една избрана статија. Постои еден куп надворешни врски, голем број се непреведени: „(врска) provides information on Ottoman mosques and architecture“ — ова за македонскиот читател кој не знае англиски не значи ништо;
  • Полиња каде статијата мора да се прошири: религиозните функции на џамијата и политичката улога на џамиите во одредени земји. Овде е целата работа, да се покријат овие секции — другите технички грешки лесно може да се поправат.
На оваа статија ѝ е потребен труд за да стане избрана. Оние што гласавте „за“, да ве прашам, ја прочитавте ли барем статијата? Ве молам не номинирајте статии кои имаат барем очигледни печатни грешки. Од 4 гласа „за“ тие (грешките) лесно поминале. Ова значи дека не сте ја прочитале статијата. Затоа ве молам: оставете го гласањето, не ја избирајте, туку помогнете да ја средиме и проширеме сѐ додека со консензус не сме сложни дека навистина ова е пример на нашата најдобра работа, а не со вакви {{За}} шаблончиња. Благодарам за разбирањето. --Brainmachinewtf? 22:06, 10 ноември 2008 (UTC)
Коментар  Задоволсто би ми било доколку ти се потрудиш малку да ја средиш статијата, бидејќи во технички план не ме бидува многу.--Астрион (разговор) 15:21, 11 ноември 2008 (UTC)
Коментар  Ќе ми биде задоволство да помогнам (нема само да критикувам (ВП:БОЛД) :)). Всушност, вака некако би функционирала рецензијата, сѐ со цел да добиеме повеќе на квалитет. Поздрав, Brainmachinewtf? 19:45, 11 ноември 2008 (UTC)

Ја лекторирав статијата, сепак останаа неколку реченици кои не се многу јасни, а во кои не можам да интервенирам, бидејќи не ја знам темата... Поздрав Корисник:Виолетова 13:25 16 ноември 2008 (CET)

Коментар  Како создавач на статијата, однапред благодарам за дооформувањето, и напиши што не е јасно.--77.28.211.26 (разговор) 12:43, 16 ноември 2008 (UTC)

ОК, вака:
-во секцијата `Минибар` има дел од реченица која гласи:
„Во првите години по хиџра, не постоел минибар во џамиите, но со зголемување на џемата се наложило да се изгради ...“ -
1. не знам што е тоа хиџра, па немам појма како неупатен читател кои се тие први години...
2. не знам што е џемата, и како и зошто се зголемува... не е дообјаснето за читател (како мене, а сигурно ќе има и други неупатени што ќе читаат). Ако може, дообјасни некако за што станува збор во таа реченица. Тука е најнејасно. Поздрав --- Корисник:Виолетова 22:42 16 ноември 2008 (CET)


Избрана 4/1/0 -- MacedonianBoy  Oui? 23:15, 16 ноември 2008 (UTC)

Предлог за период од 10 ноември до 16 ноември

[уреди извор]

Крсте Петков Мисирков (18 ноември 187426 јули 1926) бил македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Тој врз научна база, ја објаснил самобитноста на македонскиот јазик, објаснувајќи низ анализа дека македонскиот народ, македонската нација го има своето право на самостојно егзистирање. Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско во Егејска Македонија. Селото се наоѓа недалеку од древната македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик и на таков начин го совладал туѓиот, наметнат јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија.(повеќе...)


За -- MacedonianBoy  Oui? 23:41, 9 ноември 2008 (UTC) Бидејќи нема предложена, еве една добра.
За --Raso mk (разговор) 23:42, 9 ноември 2008 (UTC) Коментар  Подобро нешто отколку ништо
За --Kiril Simeonovski (разговор) 23:43, 9 ноември 2008 (UTC)

Избрана 3/0/0-- MacedonianBoy  Oui? 23:48, 9 ноември 2008 (UTC)

Предлог за период од 3 ноември до 9 ноември

[уреди извор]

Монголија (монголски:Монгол улс, или ) е парламентарна република во Источна Азија и со мал дел во Средна Азија. Монголија граничи со Русија на север и со Народна Република Кина на југ, исток и на југозапад. На запад монголија има допирна точка со Казахстан. Најголем а воедно и главен град на Монголија е Улан Батор. Во градот живее 38% од вкупното население на Монголија.

Низ текот на историјата, денешната територија на Монголија била владеена од различно номадски империи, меѓу кои се и Сионгу, Руран, Сјенбеј, Ѓоктурк и останати. Монголската Империја била основата од Џингис Кан во 1206 година. По распаѓањето на Јуанската династија, монголците се вратиле на старите обичаи. Во 16 и 17 век, Монголија подпаднала под влијание на тибетскиот будизам наследен од владеењето на Кинг династијата кон крајот на 17 век. За време на распаѓањето на Кинг династијата во 1911, Монголија прогласила независност но со поголеми потешкотии. Официјално во 1921 година Монголија целосно била независна и суверена република и до 1945 година го стекна меѓународното признавање. Како последина на сето тоа, а со блискоста на Советскиот Сојуз, Монголија подпаднала под големо влијание на Советскиот Сојуз, особено под руско влијание. Според тогашната моментална состојба, Монголија ја призна независноста како Монголска Народна Република или Народна Република Монголија. Државното уредување беше комунистичко, налик на Советското општествено уредување. Со распаѓањето на Комунизмот во Источна Европа и Советскиот Сојуз, во 1989 година се случила Демократската Револуција во Монголија и резултирала со повеќепартиски систем во државата и со одржување на регуларни избори. Монголија се здобила со нов устав, државно уредување и економски пазар. (повеќе...)


За -- MacedonianBoy  Oui? 12:55, 23 октомври 2008 (UTC)

За --Kiril Simeonovski (разговор) 16:00, 23 октомври 2008 (UTC)

Воздржан --Raso mk (разговор) 16:07, 23 октомври 2008 (UTC) Коментар  Пред некое време беше монголскиот јазик, статијата пред оваа е поврзана со монголската религија, па по се изгледа ни самата монголска вики нема толку статии за монголизмот
Коментар  Јазик за јазик, а за религијата тоа е за Тибет не за Монголија. Јас ја предложив статијата зошто стварно мислам е добро напишана средена и доста интересна. Мислам заслужува да се избере. Нема никаква врска со твојата забелешка-- MacedonianBoy  Oui? 16:14, 23 октомври 2008 (UTC)

Избрана 2/0/1 -- MacedonianBoy  Oui? 22:41, 2 ноември 2008 (UTC)

Предлог за период од 27 октомври до 2 ноември

[уреди извор]

Тенцин Ѓацо

[уреди извор]
Податотека:Tenzin Gyatzo foto 1.jpg

Тенцин Ѓацо (роден на 6 јули, 1935 во Ќингхај) — XIV и тековен далај-лама. Неговото вистинско име е Ламо Дондруб,а подоцна го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо. Тој е религиозен поглавар со големо влијание врз религијата во Тибет. Тој го проповеда учењето Гелуг, а е и претседател на владата во прогонство (во Дарамсала, Индија). Тенцин Ѓацо е и добитник на Нобеловата награда за мир во 1989 година. Тој е и најголемиот будистички свештеник во светот.

Тој бил петто од шеснаесетте деца родени во земјоделско семејство во селото Такцер, Кингаи, каде што го научил дијалектот Амдо како негов прв јазик. Тој бил прокламиран како тулку (реинкарнација) на тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо 2 години по неговото раѓање. Тој бил поставен на тронот како далај-лама на 17 ноември 1950, само еден месец по извршената инвазија на кинеската војска врз Тибет.

Тој бил под воен притисок при ратификација на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951, а тогаш тој го напуштил Тибет и отишол во Индија каде што ја формирал тибетската влада во прогонство во 1959 година. Таму тој е придружен од илјадници соработници и тој се грижи за заштита на тибетската култура и тибетското образование. (повеќе...)


За -- MacedonianBoy  Oui? 18:25, 16 октомври 2008 (UTC)

Избрана 1/0/0 -- MacedonianBoy  Oui? 22:41, 26 октомври 2008 (UTC)

Предлог за период од 20 до 26 октомври

[уреди извор]

Сицилијанска одбрана

[уреди извор]
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
d7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
c5 црн пешак
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Сицилијанската одбрана е шаховско отворање кое настанува со потезите: е4 с5.

Сицилијанската одбрана е најпопуларен и најсигурен одговор на потегот 1.е4. Всушност, многу статистички истражувања покажуваат дека најголеми шанси за победа белиот има доколку се отвори со 1.d4, укажувајќи на тоа дека 1...с5 е силен потег против 1.е4. Всушност New in Chess, во едно од своите издданија од 2000, тврдеше дека во базата на податоци на одиграните партии, белиот победува со 56.1% сигурност (296.200 партии) отворајќи се со 1.d4, но цели 2 одсто помалку (54.1%) од 349.855 партии отворајќи се со 1.е4. „Главен виновник одговорен за потврдувањето на оваа работа“ беше Сицилијанската Одбрана којашто го намали степенот на успешност на белиот на 52.4% од 145.996 партии. Една шестина (околу 17%) од сите партии помеѓу велемајсторите, и една четвртина (25%) од базата на податоци на Шаховски информатор започнуваат со Сицилијанска одбрана.

Велемајсторот Џон Нан забележува дека причина за популарноста на Сицилијанската одбрана е „борбената природа; во многу линии, црниот не игра само за еднаквост, туку и за предност. Слабата е страна е тоа што белиот чето рано ја презема иницијативата, па црниот мора да внимава да не прифати жртва за брз напад.“ Најраните регистрирани белешки на Сицилијансјката Одбрана датираат од доцниот 16. век од италијанските шахисти Џулио Полерио и Џоакино Греко.(повеќе...)


За -- MacedonianBoy  Oui? 18:09, 10 октомври 2008 (UTC)
За --Астрион (разговор) 18:26, 10 октомври 2008 (UTC)
За --brest (разговор) 19:39, 10 октомври 2008 (UTC)

Избрана 3/0/0 -- MacedonianBoy  Oui? 22:13, 19 октомври 2008 (UTC)

Предлог за период од 13 до 19 октомври

[уреди извор]

Кралски грб на Обединетото Кралство

[уреди извор]
Кралскиот грб на Обединетото Кралство
Кралскиот грб на Обединетото Кралство

Кралскиот грб на Обединетото Кралство (англ. Royal Coat of Arms of the United Kingdom) е официјален грб на британскиот монарх, моментално кралицата Елизабета II. Овој грб се користи од кралицата во својство на монарх, и како такви официјално се нарекува нејзин „Грб на власта“ (Arms of Dominion). Варијанти на кралскиот грб користат други членови на кралското семејство; како и британската влада во врска со администрација и управување со земјата. Во Шкотска кралицата користи посебна верзија на кралскиот грб, варијанта која се користи во Министерството за Шкотска (Scotland Office).

Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина прикажани се по три лава на Англија; во втората, лав обрабен со кринови за Шкотска; а во третиот пак, харфа за Ирска.

Челенката е лав кој ја носи империјалната круна, која самата е друг приказ на таа круна.

Левиот држач е исто така крунисан лав, кој ја симболизира Англија; левиот држач е еднорог, кој ја симболизира Шкотска. Според една легенда еднорогот се смета за многу опасна ѕверка; затоа хералдичкиот еднорог е опкован со ланец, како што се двата еднорози-држачи на кралскиот грб на Шкотска.

На долниот дел од грбот стои мотото на англиските монарси, Dieu et mon droit („Бог и моето право“), како и мотото на Редот на Подвеската, Honi soit qui mal y pense („Срам да му е на тој што го смета за зол“) на приказ на подвеската зад штитот. (повеќе...)

За -- MacedonianBoy  Oui? 22:10, 1 октомври 2008 (UTC)
За --Kiril Simeonovski (разговор) 13:57, 2 октомври 2008 (UTC)
За --Астрион (разговор) 18:26, 10 октомври 2008 (UTC)
За --Brainmachinewtf? 18:46, 10 октомври 2008 (UTC)

Избрана 4/0/0 --Brainmachinewtf? 22:58, 12 октомври 2008 (UTC)

Предлог за период од 6 до 12 октомври

[уреди извор]

Ден на востанието на Република Македонија

[уреди извор]

Ден на востанието на Република Македонија или Ден на народното востание на Македонскиот народ познат и само како 11 Октомври е државен празник[2] кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбатата за национално ослободување на македонскиот народ. Тоа е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствена државност. Со овој историски чин, македонскиот народ покажал дека на никој нема да му дозволи да го турне на страната на фашистичките окупатори. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квинслингска територија, туку напротив, жешко подрачје за окупаторот на кого му ги расипала сите планови и одиграла значајна улога во целокупниот расплет на Втората светска војна. (повеќе...)


За --Raso mk (разговор) 22:17, 2 октомври 2008 (UTC) Во чест на празникот. Коментар  Статијата не е довршена. Ги молам корисниците да се вклучат активно и до недела статијата да ги добие критериумите за предлог и избрана. Сепак 11 Октомври е еднаш во годината.

За  Имаш право оваа недела е 11 октомври и би требало оваа да биде избрана.-- MacedonianBoy  Oui? 22:29, 5 октомври 2008 (UTC)

Тенцин Ѓацо

[уреди извор]
Податотека:Tenzin Gyatzo foto 1.jpg

Тенцин Ѓацо (роден на 6 јули, 1935 во Ќингхај) — XIV и тековен далај-лама. Неговото вистинско име е Ламо Дондруб,а подоцна го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо. Тој е религиозен поглавар со големо влијание врз религијата во Тибет. Тој го проповеда учењето Гелуг, а е и претседател на владата во прогонство (во Дарамсала, Индија). Тенцин Ѓацо е и добитник на Нобеловата награда за мир во 1989 година. Тој е и најголемиот будистички свештеник во светот.

Тој бил петто од шеснаесетте деца родени во земјоделско семејство во селото Такцер, Кингаи, каде што го научил дијалектот Амдо како негов прв јазик. Тој бил прокламиран како тулку (реинкарнација) на тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо 2 години по неговото раѓање. Тој бил поставен на тронот како далај-лама на 17 ноември 1950, само еден месец по извршената инвазија на кинеската војска врз Тибет.

Тој бил под воен притисок при ратификација на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951, а тогаш тој го напуштил Тибет и отишол во Индија каде што ја формирал тибетската влада во прогонство во 1959 година. Таму тој е придружен од илјадници соработници и тој се грижи за заштита на тибетската култура и тибетското образование. (повеќе...)

Американски тенкисти во Ирак

Тенк е гасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судир со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и подршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини.

Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата Светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква подршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони. (повеќе...)


Предлог за период од 29 септември до 5 октомври

[уреди извор]

Син сомот

[уреди извор]

Син сомот (англиски: Blue Velvet) е американски нео-ноар, детективски трилер филм напишан и режиран од Дејвид Линч. Кајл Меклахлан, Изабела Роселини, Денис Хопер и Лора Дерн ги играат главните улоги во филмот. Насловот Син сомот е земен од насловот на истоимената песна на Боби Винтон.

Дејството во филмот се одвива во малото место Ламбертон, Северна Каролина и ја раскажува приказната за студентот Џефри Бомонт, кој открива оштетено и исечено човечко уво во еден тревник во соседството. Џефри одлучува сам да го истражи злосторството, но притоа добива помош и од Сенди Вилијамс - невина средношколка, ќерка на поручникот Џон Вилијамс, градскиот шериф. Како напредува неговата истрага, така Џефри се повеќе навлегува во мрачниот свет на малоградското подземје, дом на Френк Бут, аморален злосторник и водач на група криминалци вмешана во убиствa, силувања и склона кон уживање на халуциногени средства.

Син сомот наидува на големо одобрение од критичарите и, имајќи го предвид емитирањето во ограничен број кина, се смета и за успешен на боксофисот. Дејвид Линч се здобива со втората номинација за оскар за најдобар режисер токму за Син сомот. Денес, филмот, заедно со Кјубриковите Пеколен портокал и 2001: Вселенска одисеја, и Евтини приказни на Квентин Тарантино се смета за еден од најзначајните и најуспешни култни класици на сите времиња. (повеќе...)


За  --Brainmachinewtf? 10:48, 24 септември 2008 (UTC)
За  -- MacedonianBoy  Oui? 11:38, 24 септември 2008 (UTC) Коментар  Конечно да дочека и оваа статија.
За  --Игор (разговор) 12:26, 24 септември 2008 (UTC)
За  --Kiril Simeonovski (разговор) 13:27, 24 септември 2008 (UTC)
За  --Tomsaso (разговор) 15:26, 24 септември 2008 (UTC)

Предлог за период од 22 до 28 септември

[уреди извор]

Син сомот

[уреди извор]

Син сомот (англиски: Blue Velvet) е американски нео-ноар, детективски трилер филм напишан и режиран од Дејвид Линч. Кајл Меклахлан, Изабела Роселини, Денис Хопер и Лора Дерн ги играат главните улоги во филмот. Насловот Син сомот е земен од насловот на истоимената песна на Боби Винтон.

Дејството во филмот се одвива во малото место Ламбертон, Северна Каролина и ја раскажува приказната за студентот Џефри Бомонт, кој открива оштетено и исечено човечко уво во еден тревник во соседството. Џефри одлучува сам да го истражи злосторството, но притоа добива помош и од Сенди Вилијамс - невина средношколка, ќерка на поручникот Џон Вилијамс, градскиот шериф. Како напредува неговата истрага, така Џефри се повеќе навлегува во мрачниот свет на малоградското подземје, дом на Френк Бут, аморален злосторник и водач на група криминалци вмешана во убиствa, силувања и склона кон уживање на халуциногени средства.

Син сомот наидува на големо одобрение од критичарите и, имајќи го предвид емитирањето во ограничен број кина, се смета и за успешен на боксофисот. Дејвид Линч се здобива со втората номинација за оскар за најдобар режисер токму за Син сомот. Денес, филмот, заедно со Кјубриковите Пеколен портокал и 2001: Вселенска одисеја, и Евтини приказни на Квентин Тарантино се смета за еден од најзначајните и најуспешни култни класици на сите времиња. (повеќе...)


За  Коментар  Уште еднаш ја поддржувам статијава. Одлична е. --Игор (разговор) 19:26, 19 септември 2008 (UTC)
За  --Brainmachinewtf? 17:23, 20 септември 2008 (UTC)

Понуда и побарувачка

[уреди извор]
Моделот на понудата и побарувчката

Во економијата, понуда и побарувачка ги опишуват пазарните врски помеѓу продавачите и купувачите на добро или услуга. Моделот на понудата и побарувачката ја одредува количината и цената продадена на пазарот. Моделот на понуда и побарувачка е фундаментален микроекономски модел, и служи како основа за други економски модели и теории. Моделот предвидува, дека во конкурентен пазар цената ќе работи на изедначување на побаруваната количина од страна на купувачите со понудената од страна на производителите, резултираќи во пазарен еквириблиум на количина и цена. Моделот покрај цената ги вклучува и другите фактори кои влијаат на еквриблиумот, опишуваќи го нивното влијание како поместувања на понудата и побарувачката.


За  Tomsaso (разговор) 13:33, 19 септември 2008 (UTC)

Гимнастика

[уреди извор]

Гимнастика е спорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во модерната гимнастика се изведуваат вежби на разбој, греда, партер, коњ со разчки и без рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнувањње од коњ и циркуски вештини.

Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική(гимнастике) што значи „фонд на физички вежби“, од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“ и γυμνός (гиннос) што значи „гол", бидејќи физичките вежби се изведувале со голо тело.

Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од миноската култура многу мажи и жени започнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух.

Во римската држава гимнастиката исто така била популарна како и во стара Грција, а таа главно се практикувала во подготвувањето на војската. Со укинувањето на Античките олимписки игри во 393 година од страна на римскиот император Теодосиј Велики, гимнастиката како и останатите спортови останала заборавена со векови.


За  НБРМ23:22, 5 септември 2008 (UTC) Коментар  Гласај Кирил и ти, инаку статијата е џам
За  --brest 23:55, 14 септември 2008 (UTC)
За --Raso mk (разговор) 21:54, 21 септември 2008 (UTC)

Предлог за период од 15 до 21 септември

[уреди извор]

Турција

[уреди извор]
Грб на Република Турција

Република Турција (Türkiye Cumhuriyeti) е земја сместена во југозападна Азија и со мал дел од својата територија (3%) во југоисточна Европа. До 1922 година земјата беше центар на Отоманската Империја. Анатолискиот полуостров, меѓу Црно Море и Средоземно Море, го формира јадрото на земјата. Денешната Турција е возобновена во 1923 година. Турција се граничи на исток со Грузија, Ерменија, Азербејџан и Иран; на југ со Ирак и Сирија; и на запад со Грција и Бугарија. Главен град на Турција е Анкара. Вкупниот број на население на Турција изнесува 71,158,647 (2007). Турција е член на ОН од 1945 и на НАТО од 1952 година и е земја кандидат за членство во ЕУ.


За  НБРМ12:26, 5 септември 2008 (UTC)
За  Кирил Симеоновски 18:19, 5 септември 2008 (UTC) Коментар  Браво за статијата. Одличен распоред на елементите и одлични слики и шаблони.
За  --Црноризец 19:07, 14 септември 2008 (UTC)

Предлог за период од 8 до 14 септември

[уреди извор]

Ден на независноста на Република Македонија

[уреди извор]

Денот на независноста во Македонија е државен празник кој се празнува во Република Македонија на 8 септември. Празникот популарно е наречен и како 8 семптември. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Република Македонија и македонскиот народ.

...Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија...
Киро Глигоров, тогашниот претседател на Република Македонија.

За --Raso mk 17:35, 7 септември 2008 (UTC) Коментар  Извинете што вака го вметнувам предлогот, но овој голем македонски празник заслужува енда ваква статија на википедија. Ги молам сите корисници кои имаат какви биле идеи и познавања да ги напишат во статијата.
За  НБРМ18:10, 7 септември 2008 (UTC) Коментар  Мислам дека оваа треба да се избере бидејќи сепак и празник ние, поврзана е статијата со празникот.
За --Kiril Simeonovski 21:57, 7 септември 2008 (UTC)
Американски тенкисти во Ирак

Тенк е гасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судир со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и подршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини.

Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква подршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони.


За  --Raso mk 21:05, 17 август 2008 (UTC) Коментар  Во секој случај. Дури и порано се мислев да ја предложам, но сум изумил. Детално и квалитетно напишана
За  Boyan 21:07, 17 август 2008 (UTC) Коментар  Добра статија.

Син сомот (англиски: Blue Velvet) е американски нео-ноар, детективски трилер филм напишан и режиран од Дејвид Линч. Кајл Меклахлан, Изабела Роселини, Денис Хопер и Лора Дерн ги играат главните улоги во филмот. Насловот Син сомот е земен од насловот на истоимената песна на Боби Винтон.

Дејството во филмот се одвива во малото место Ламбертон, Северна Каролина и ја раскажува приказната за студентот Џефри Бомонт, кој открива оштетено и исечено човечко уво во еден тревник во соседството. Џефри одлучува сам да го истражи злосторството, но притоа добива помош и од Сенди Вилијамс - невина средношколка, ќерка на поручникот Џон Вилијамс, градскиот шериф. Како напредува неговата истрага, така Џефри се повеќе навлегува во мрачниот свет на малоградското подземје, дом на Френк Бут, аморален злосторник и водач на група криминалци вмешана во убиствa, силувања и склона кон уживање на халуциногени средства.

Син сомот наидува на големо одобрение од критичарите и, имајќи го предвид емитирањето во ограничен број кина, се смета и за успешен на боксофисот. Дејвид Линч се здобива со втората номинација за оскар за најдобар режисер токму за Син сомот. Денес, филмот, заедно со Кјубриковите Пеколен портокал и 2001: Вселенска одисеја, и Евтини приказни на Квентин Тарантино се смета за еден од најзначајните и најуспешни култни класици на сите времиња.


За  --Виктор Јованоски 16:56, 2 септември 2008 (UTC) Коментар  Статијата е опширна, детална, прецизна и исполнета со белешки што ги поддржуваат речиси сите реченици чија неутралност може да биде запрашана. Истовремено - а треба ли да речам и многу поважно - се работи за мојот омилен филм (не се смеам, сериозен сум... дека не пишувам две точки пред заградава). А, да - на 12 септември 1986 година се оддржува премиерата на Син сомот во Канада, па оттука и причината што статијата ја предложив оваа недела, а не следната.
За  --Игор 23:41, 5 септември 2008 (UTC) Коментар  Оваа статија ми изгледа како подобра и попривлечна.
За  --Brainmachinewtf? 06:02, 8 септември 2008 (UTC) — Браво, еј. Денес одам да го земам дивидито за Син сомот :D

Предлог за период од 1 до 7 септември

[уреди извор]

Мачгелис (Макс) Еве (20 мај 1901- 26 ноември 1981) бил холандски велемајстор, математичар и автор. Тој бил петтиот светски првак во шах (1935-19370) и третиот претседател на ФИДЕ, од 1970 до 1978. Еве бил и високо почитуван шаховски автор.

Макс Еве се родил во Ватерграфсмеер, во близина на Амстердам. Тој студирал математика на универзитетот во Амстердам и го одбранил својот докторат во 1926 година.[2] и предавал математика, најпрвин во Ротердам, а потоа во женскиот лицеј во Амстердам. Тој издал многу книги со математичка анализа поврзана со шахот од аспект на интуицијата. Тој исто така ја покажал и употребата на Туе-морзеовата низа, со што докажал дека правилата на шаховската игра не ја исклучуваат можноста за бесконечни партии.

Еве ги освоил сите шаховски шампионати на Холандија на коишто учествувал од 1921 до 1952 година и титулата во 1955 година со што се уште го држи рекордот од 12 освоени титули. Покрај него, во тој временски период шампиони станале уште Сало Ландау, во 1936 година кога Макс Еве бил светски првак и не сенатпреварувал и Јан Хајн Донер во 1954 година.


Против  Dav 15:56, 18 август 2008 (UTC) Коментар Многу филозофски е напишано, пола статија не разбрав.
За --MacedonianBoy 18:48, 18 август 2008 (UTC)
За --brest 21:44, 22 август 2008 (UTC)

Предлог за период од 25 до 31 август

[уреди извор]
Мои на живо Господари (епитет за македонците на старомакедонски јазик)

Старомакедонската азбука (старомакедонско писмо или античкомакедонска азбука) е писмо што се користело од македонците за време на Кралство Македонија. Писмото до скоро време беше непознато и се тврдеше дека македонците го користеле само грчкото писмо. Со новите откривања, се увиде дека писмото е пишувано со симболи, тоа е слоговно писмо и видовите на симболите можат да се сретнат во три форми: коси симболи, симетрични симболи и асиметрични сумболи. Писмото го користел старомакедонскиот јазик што подоцна бил присилно заменет со старогрчкото писмо а со тоа и престанала употребата на старомакедонската азбука. Во седмиот век старомакедонското писмо и старогрчкото писмо се заменети со новата македонска азбука- глаголицата. Старомакедонската азбука е дешифрирана со помош на Каменот од Розета и нејзиниот среден текст. Средниот текст е испишан со старомакедонска азбука.


За  --MacedonianBoy 15:11, 4 август 2008 (UTC)
За  Brainmachinewtf? 15:50, 4 август 2008 (UTC) Коментар  Статијата е супер и ме заинтересира како читател. Само без промоции и цели: да не се ориентираме кон едно или кон друго - мора да ја задржиме неутралноста. Тоа е еден од основните принципи на овој проект. Единствено што можеме да направиме е да пишуваме квалитетни статии како оваа и ќе нема потреба од промоција. Читателите сами ќе ги откријат статиите и верувам дека ќе бидат задоволни. Помалку промоции - повеќе пишување (ама пишување по сите правила).
Коментар  Не гледам никаква промоција. Луѓето што го дешифрирале писмото се споменати само еднаш, факултетот ниту еднаш и процесот на дешифрирање ич. Само се претставени резултатите од истражувањето. Јазикот според мене е дешифриран со сигурност, бидејќи и Ориентал институт од Чикаго пробал да го дешифрира базирајќи се на грчки јазик но заглавил во озвучувањето на јазикот. Имено добиле јазик со никаква логика при зборење и пишување. Ова што е претставено и за нив е револуционерно. Исто така граматичките правила на ова дешифрирање и на она на Ориентал се поклопуваат. неутралноста не е во прашање. Инаку, ориентал Институт е најсериозната и најголемата институција надвор од Македонија што го истражува јазикот (досега безуспешно бидејќи успеале само имињата што се наведени на англиската статија за антички македонски јазик да ги преведат и тоа на грчки букви друго ништо и поради тоа во светската јавност се води јазикот како грчки иако нема благе везе со тоа)—Претходниот непотпишан коментар е додаден од MacedonianBoy (разговорпридонеси) 18:02, 4 август 2008
Не во таа смисла, не зборувам за статијата. Ти велам дека статијата е супер ;) не мислев на тоа. Зборот ми беше за овој твој коментар: „треба поголема промоција на старомакедонскиот јазик во пошироката македонска јавност, предлагам да ја избереме статијава со што ќе ги постигнеме целите.“ Без такви промоции и цели, да не преферираме еден материјал пред друг. Ако некој мисли дека треба да го промовираме ова, друг чувствува дека треба да го промовираме модерниот македонски јазик и писмо, трет ќе смета дека треба да ја промовираме книжевноста или нешто слично и ќе настане конфликт на интереси. Затоа да не промовираме статии од таа или од таа содржина, туку сите да ги третираме подеднакво, а сепак да водиме некаква сметка за нивната важност (како што прават на поголемите википедии, со рангирање на статиите). Ме сфаќаш ли? Brainmachinewtf? 16:14, 4 август 2008 (UTC)
Коментар Ох, ок сега те сфатив. Имаш право за тоа ама со тој натпис сакав да кажам промоција во смисла луѓето да се запознаат со јазикот одблизу, за неговиот систем на пишување лексика и слично. Ај ќе го тргнам тоа. Поздрав--MacedonianBoy 16:19, 4 август 2008 (UTC)
За --Raso mk 18:10, 4 август 2008 (UTC)
За --Кирил Симеоновски 09:14, 5 август 2008 (UTC)
За  Tomsaso 20:36, 19 август 2008 (UTC) Коментар  Статијата е одлична, единствено не е НГТ. Без разлика на националност, желби и патриотизам, треба да се наведе се во една статија. Статијата комплетно се базира на научната работа на академик Бошевски и проф. Тентов, која е некаде прифатена ама и некаде е критикувана. Предлагам статијата да се преформулира, односно да се претрстави како научна работа на Бошевски и тентов, и да се внесе параграф за критики на работата, каде ќе се внесат и руските позитивни критики ама и останатите негативни. Односно да се наведе кој и врз база на што ја оспорува научната работа, и кој и врз база на што ја прифаќа.Не ми е целта да ја оспорам работата на Тентов и Бошевски, целта ми е, кога едно детенце од 12 години ќе го чита ова, да знае дека оваа теорија и работа не е широко прифатена во светот, туку дека некаде е и некаде не е. Секој добар патриот верува во оваа статија, како што верувам и јас, ама треба да се наведе кој и зошто не верува... Нема да настрада Македонија со тоа што ќе се наведат критики, ќе настрада вистината ако не се наведат.Засега не постои консензус по однос на ова прашање во светската научна јавност.
Коментар  Како прво си го згрешил знакот, требало да бидеш неутрален бидејќи ти се допаѓа статијата а не и дел од текстот. Второ тоа е писмо а не јазик. Нема што да спомнувам за светските погледи бидејќи во светот сеуште се користи старогрчко писмо а за тоа си има посебна статија на Википедија па така да нема потреба да се повторуваме. Може само да се наведе една до две реченици за тој т.н. светски поглед.Ја спремам и статијата старомакедонски јазик и не се секирај таму си има убаво напишано за светските погледи, бидејќи светските погледи се свртени кон самиот јазик а не кон писмото. Затоа и не вметнав многу од светските погледи бидејќи статијата е за писмо, не за јазик.--MacedonianBoy 23:10, 19 август 2008 (UTC)
Коментар  Што се однесува до неутрален, сметам дека НГТ е голема работа преку која тешко може да се помине. Можеби главниот проблем е што се работи за нова работа, и полемиката за делото на Бошевски и Тентов само што почнува. Само наведете дека е работа на 2ца научници, прифатена на симпозиум во Русија, и одбиена од (стварно не знам кој ја негира, ама има некој сигурно)... Tomsaso 14:10, 20 август 2008 (UTC)
Коментар  Вметнав мала секција можеш да ја видиш па кажи коментар пак. поздрав--MacedonianBoy 14:18, 20 август 2008 (UTC)
Коментар  Добра поента, штом се работи чисто за писмото е ок. го променив гласот во за, .. Ама сепак како што те разбрав неутралноста(односно криткиката) ќе треба да се покаже на статијата за старомакедонски јазик...таман и внесе дел и во јазикот... Tomsaso 14:21, 20 август 2008 (UTC)
За  --brest 21:48, 22 август 2008 (UTC)

Коментар  Сум го прочитал целиот труд, и мислам дека е егзибиционистичка конструкција. Ќе треба некој друг Шамполион да се појави, оти овие не се многу убедливи. Единствено што за мене е интересно во статијата е тоа дека воопшто постоело писмо на античките македонци. Што се однесува до самата статија, таа е само препис на делови од тој труд... --Црноризец 13:57, 24 август 2008 (UTC)

Предлог за период од 18 до 24 август

[уреди извор]

Крстоносните војни претставуваат серија од компањи и воени походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од странана христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против евреите, руските и грчките ортодоксални христијани, монголците, катарството и политичките противници на папата.

Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале се со учество на рицари , монаси, кои ќе војуваат против Арапите, Маврите, Турците-Селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници –кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката публика идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Бог така сака“ Во крстоносните војни учествувале множество претставители на витешки редови како што биле Болничари, Витези-Темплари, Ред на Свети Лазар Ерусалимски, Тевтонски витези, Малтешки ред и.т.н.

Точниот број на крстоносните походи сеуште е непознат. Освен официјалните девет крстоносни походи, исто така биле проведени и множество други крстоносни походи во Палестина, но и во Средна Европа и Шпанија. Може да се каже дека крстоносните походи продолжиле до Ренесансата и Реформацијата, кога политичката и религиозната клима во Европа станала многу поразлична за разлика од онаа во текот на Средниот век.


За --Астрион 12:20, 26 јули 2008 (UTC)
За  --MacedonianBoy 19:50, 27 јули 2008 (UTC)
За  --Игор 15:26, 29 јули 2008 (UTC)
За --Кирил Симеоновски 10:06, 2 август 2008 (UTC)
Неутрален  Brainmachinewtf? 15:42, 4 август 2008 (UTC) Коментар  Статијата има одлична структура, со подстатии кои го градат `рбетот, па затоа е и доста информативна. Но има еден недостаток: нема наведувано извори, а тоа е сериозен недостаток. Да се среди тоа и ќе биде добра. Затоа не гласам за, ниту против. Мора да има извори ако ја имаме во предвид за избрана. Всушност, сите статии мора да имаат извори, во спротивно секој може да ја отстрани нивната содржина без да одговара на некој!
Коментар  Оваа недела требаше да биде оваа статија за избрана но направена е голема грешка. По грешка сме ја ставиле Александар македонски наместо оваа статија. Наредната недела оваа статија ќе биде избрана и голеееееееееееееееееемо извинување до Астрион. Се најдобро!--MacedonianBoy 18:36, 15 август 2008 (UTC)
За --Црноризец 19:05, 16 август 2008 (UTC)

Предлог за период од 11 до 17 август

[уреди извор]
Мозаик на Александар Македонски за време на битката на Ис

Александар Македонски Александар III Велики, р. Пела Македонија, 20 јули 356 п.н.е.Вавилон, 10 јуни 323 п.н.е., е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-македонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава.

Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да Филип Македонски освои се што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности.


За  --MacedonianBoy 09:30, 1 август 2008 (UTC)
За --Астрион 10:14, 1 август 2008 (UTC)
За --Raso mk 16:47, 1 август 2008 (UTC)
За --Кирил Симеоновски 10:06, 2 август 2008 (UTC)
За --Игор 10:43, 4 август 2008 (UTC)

Предлог за период од 4 до 10 август

[уреди извор]

Летните олимписки игри 2008, официјално познати како Игри на XXIX Олимпијада, ќе бидат прославени од 8 август, 2008, до 24 август, 2008, со церомонијата на свечено отварање која ќе започне точно во 08:08:08 попладне (кинеско централно време) (12:08:08 UTC) на Националниот стадион во Пекинг, Народна Република Кина. Некои настани ќе се одржат надвор од Пекинг, меѓу кои се фудбалското натпреварување (во Квинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тјаижин), јавачкато натпреварување (во Хонгконг) и натпреварувањето во едрење (во Квингдао). Ова ќе биде третиот пат Олимпијадата да се одржува под јурисдикцијата на два различни олимписки комитета (Хонгконг и Кина се натпреваруваат одделно).

Организацијата на Олимписките игри беше доделена на градот Пекинг, Народна Република Кина по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет на 13 јули 2001. Официјалното лого на игрите, со наслов „Разиграниот Пекинг“, прикажува стилизиран кинески калиграфски симбол, „жинг“(, со значење главен град), што претставува референца на градот домаќин. Маскотите на Пекинг 2008 се пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), секоја обоена во една од боите на Олимписките прстени. Олимпискиот слоган, Еден свет, еден сон, го повикува светот да се обедини во олимпискиот дух. Атлетите ќе се натпреваруваат во 302 натпреварувања во 28 спортови, само еден натпревар повеќе од распоредот на игрите од Атина 2004. Неколку нови национални олимписки комитети се препознаени од МОК.


Неутрален Коментар  Оваа статија ќе ни се погоди за олимписките игри, само потребна ѝ е добра ревизија за грешки, преводи на фуснотите други средувања. Може да посветиме малце внимание на неа, па за идната недела ќе биде супер. --Brainmachinewtf? 11:55, 20 јули 2008 (UTC)
За  Brainmachinewtf? 15:21, 4 август 2008 (UTC) Коментар  Е сега е подобрена статијата, вака супер изгледа. Браво Кирил, одлична работа! Едно за и од мене.
За --Виктор Јованоски 17:51, 20 јули 2008 (UTC)Коментар Се сложувам со Brainmachine, но, искрено, од почит кон Олимписките игри - како што вели и предложувачот на оваа статија на својата корисничка страница совршенство на човечката цивилизација - дури и да не се чепне статијава (во што се сомневам, зашто јас самиот ќе се обидам да потсредам нешто) јас сепак гласам за. It's the Olympics, after all (одвај чекам да почнат)!
За  --Игор 15:26, 29 јули 2008 (UTC)
За  --MacedonianBoy 22:51, 31 јули 2008 (UTC)

Предлог за период од 28 јули до 3 август

[уреди извор]
Поглед во внатрешноста на Сантјаго Бернабеу

Сантјаго Бернабеу Стадион е фудбалски стадион во Мадрид, Шпанија и е домашен терен на ФК Реал Мадрид. Изградбата на овој стадион започна на 27 октомври 1944. Првион стадионот се викаше Чамартин, а изградбата заврши во декември 1947 година. Реал Мадрид официјано го призна сегашното име Сантјаго Бернабеу Стадион на 4 јануари 1955, во чест на претседателот на Реал Мадрид Сантјаго Бернабеу Јесте. Овој стадион беше официјано награден од УЕФА за стадион со 5 ѕвезди уште во 60-тите години на минатиот век

Со проширувањето во 1953 година капацитетот на стадионот се зголеми на 120.000 . Во 1998 година УЕФА донесе одлука да се модернизираат стадионите, а во тоа спаѓаше и ставање на столчиња на трибините ( Реал Мадрид ја заврши оваа работа во сезоната 1998/99). Сантјаго Бернабеу се прошири уште со неколку проширувања, а последното се случи во 2003 година кога стадионот се прошири за 5.000 места и го доби денешниот капацитет од 80.400 гледачи.

Сантјаго Бернабеу е еден од најпознатите светски фудбалски стадиони. Тој бил домаќин на 3 финалиња од Купот на шампиони(1957,1969 и 1980), а треба да биде домаќин на финалето во Лига на Шампиони 2010[3] Финалињата на ЕУРО 1964 и Светско првенство 1982 Шпанија исто така се одиграа на Сантјаго Бернабеу.



Еже во маглата на советска марка од 1988 година.
Еже во маглата на советска марка од 1988 година.

Еже во маглата (руски: Ёжик в тума́не) е советски анимиран филм од 1975 во режија на Јуриј Норштејн и продукција на Сојузмултфилм. Сценариото е напишано од страна на Сергеј Козлов, кој подоцна објавува и книга со истото име. Сепак, во 2006 година, книгата е реиздадена а како потписници на истата се јавуваат и Козлов и Норштејн; овде Норштејн појаснува дека и самиот тој има одреден удел во пишувањето на сценариото.

Еже во маглата се смета за еден од најдобрите цртани филмови во историјата. Во 1976 година, добива награда за најдобар филм на Кинофестивалот на републиките одржан во Фројнц како и на Техеранскиот филмски фестивал на децата и младината. Во 2003 година, пак, цртаниот е прогласен за најдобар на сите времиња откако е спроведена анкета меѓу 140 кинокритичари и аниматори од сите страни на светот (претходно, на два пати оваа титула му е доделена на еден друг цртан филм на Норштејн - Приказна на приказните; овде тој завршува на второто место.


За --Виктор Јованоски 09:58, 27 јули 2008 (UTC) Коментар  Можеби статијата не е долга како повеќето што досега ни биле избрани, но мене ми се допаѓа токму поради тоа - должината ѝ е токму колку што треба за да не биде ниту предолга ниту прекратка, поддржана е од извори, пропратена со слики, добар дел од внатрешните викиврски функционираат, а содржи и врска до самиот цртан (патем, во случај да го немате гледано - гледајте го: најубав цртан на сите времиња - лично, само Приказна на приказните може да му се доближи).
За  --MacedonianBoy 11:54, 28 јули 2008 (UTC)

Предлог за период од 21 јули до 27 јули 2008

[уреди извор]
Натписи на монголски јазик со различни писма

Монголскиот јазик ( , Mongɣul kele, кирилица: Монгол хэл, Mongol khel) е најпознатиот јазик на подгрупата на монголски јазици од алтајската јазична фамилија. Монголскиот јазик е официјален јазик на Монголија и се пишува со кирилица. Во текот на својот развој, јазикот се пишувал и со традиционалното монголско писмо што се вовело во монголскиот јазик прегу ујгрурскиот јазик со одредени модификации. Исто така, јазикот се зборува во НР Кина, поточно во Внатрешна Монголија, во Русија и во Киргистан. Во Автономниот Регион Внатрешна Монголија, монголскиот јазик е официјален јазик заедно со кинескиот јазик, иако бројот на монголците што живеат во тој регион не е повеќе од 30 проценти. Во Монголија се зборува Халх дијалектот па поради тоа јазикот се нарекува и како Халх монголски јазик. Во НР Кина, монголскиот се нарекува и како чахарски, ојирадски или бургу-бурјатски. Јазикот го зборуваат околу 5,7 милиони луѓе, од кои повеќето се надвор од границите на денешна Монголија.


За  --MacedonianBoy 16:01, 17 јули 2008 (UTC)
За  --Raso mk 21:21, 17 јули 2008 (UTC)
За  --Виктор Јованоски 13:43, 18 јули 2008 (UTC) Коментар  Како што рече Рашо - време беше и ти да си предложиш некоја. Одлична статија.
За  --Игор 13:19, 19 јули 2008 (UTC) -Интересно. Тежок јазик. :)
За  --Crnorizec 00:20, 20 јули 2008 (UTC) Коментар  статијата е ок, само овој апстракт за на главната страница треба да се прошири.
За  --Brainmachinewtf? 11:50, 20 јули 2008 (UTC) Коментар  Навистина тежок јазик - видете го првиот линк од надворешните врски - learn how to speak funky(?!) mongolian. Јас се изгубив на „добар ден“. --Brainmachinewtf? 11:50, 20 јули 2008 (UTC)

Предлог за период од 14 јули до 20 јули 2008

[уреди извор]
Кинески чај во листови

Чај (од кин. 茶, chá) е пијалак кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на вистински чај се (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузии од овошки или билки (како шипинка, камилица, или џиоагулан) кои не содржат Camellia sinensis . Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis.

Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот, и полифенолски антиоксидансски катехини. Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или пеотеини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус.


За  --Brainmachinewtf? 06:57, 7 јули 2008 (UTC) Коментар  Убава и добро средена статија.
За  --Игор 16:09, 7 јули 2008 (UTC)
За  --Crnorizec 16:00, 9 јули 2008 (UTC) Коментар  многу добра статија, само ѝ фали поглавје "Чајна култура во Македонија"

Предлог за период од 6 јули до 12 јули 2008

[уреди извор]
Фотографија од 1952 година која прикажува НЛО над Пазаик, Њу Џерзи. Од архивите на ФБИ.
Фотографија од 1952 година која прикажува НЛО над Пазаик, Њу Џерзи. Од архивите на ФБИ.

Неидентификуван летечки објект или НЛО, е било каков летечки објект кој не може да биде идентификуван. Најголемиот дел од дискусиите за НЛО целат кон тоа дека некои од нив би можеле да бидат вонземјански направи, но нема научни докази кои би го поддржале ова објаснување.

Извештаи за необични воздушни феномени датираат уште од антички времиња, но актуелни извештии и првите официјални истраги започнуваат за време на Втората светска војна, со забележувања на т.н. фу-фајтери во 1946 и широко-познатите видувања на европски „ракети-духови“. Овие НЛО видувања и пријавувања пристигнуваат во сé поголем број по првиот публициран натпис во САД за НЛО, кога приватниот пилот Кенет Арнолд, во летото 1947, тврди дека видел НЛО. Оттогаш се пријавени десетици илјади видувања на НЛО на светско ниво.


За  --Igorpp
За  --Brainmachinewtf? 23:35, 5 јули 2008 (UTC) Коментар  Интересна статија, јас сум за. Поправив некои грешки и ставив една дефиниција па седнав и се зачитав малце :D
За  --Raso mk 00:40, 6 јули 2008 (UTC) Коментар  5 гласа од мене (ако може) :-)
За  --Виктор Јованоски 10:21, 7 јули 2008 (UTC) Гласам и ја поставувам за избрана.

Предлог за период од 30 јуни до 6 јули 2008

[уреди извор]

Европското првенство во фудбал 2008, често нарекувано само Евро 2008 е тринаесеттото Европско првенство во фудбал, најголем фудбалски турнир на кој учествуваат најдобрите фудбалски репрезентации од европскиот континент. Турнирот, чии домаќини се Австрија и Швајцарија, започна на 7 јуни 2008 година и по распоред треба да заврши со финалето на Ернст Хапел стадионот во Виена на 29 јуни 2008. На ова првенство, по втор пат улогата на домаќин ја имаат две земји. Репрезентацијата на Грција беше бранител на титулата.

Австрија и Швајцарија заеднички се понудија да го организираат првенството и се соочија силна конкуренција во Грција/Турција, Шкотска/Ирска, Русија, Унгарија, Хрватска/Босна и Херцеговина, како и четирикратната скандинавска комбинација Норвешка/Шведска/Данска/Финска. Победата на Австрија и Швајцарија го означи второто здружно организирано Европско првенство по Евро 2000 чии домаќини беа Белгија и Холандија. Првенството во 2012 што ќе се оддржува во Полска и Украина ќе биде третиот европски шампионат со повеќе од еден домаќин.

Турнирот се игра на 8 стадиони сместени во двете земји - четири во Австрија и четири во Швајцарија. Секој стадион има капацитет од барем 30.000; најголем меѓу нив е Ернст Хапел стадионот во Виена со вкупно 53.295 места.[2] Токму поради оваа причин, на овој стадион ќе се игра финалето. Швајцарија сите свои натпревари во групата ќе ги игра на Сент Јаков Парк стадионот во Базел, каде исто така се играше и мечот на отварањето како компензација за финалето. Австриската репрезентација сите натпревари ги играше на Ернст Хапел стадионот.

Адидас во соработка со Бајер-материјали ја произведе топката со која се играат натпреварите на првенството. Нејзиното име е „Европас“ (EUROPASS). Основната бела боја прошарана со црни полиња асоцира на изгледот на традиционалната фудбалска топка, а меѓу прикажаните детали се и логото на турнирот како и знамињата на домаќините. Секоја топка што ќе се користи на поединечните натпревари врз себе има испишано дата, име на градот, име на стадионот како и на спротивставените репрезентации.

УЕФА објави дека вкупно 184 милиони евра е наградниот фонд за 16-те репрезентации што учествуваат на овој турнир, на тој начин јасно зголемувајќи го наградниот фонд од 129 милиони евра од претходниот шампионат.


За  --Crnorizec 23:44, 26 јуни 2008 (UTC) Коментар  Статијата е сеопфатна и акутно актуелна. Се надевам дека Виктор Јованоски или другите ќе ја дополнат со конечниот резултат до 30.06. (Германија-Шпанија 2:1 ?), а можеби и со уште некоја корисна информација.
За  --Brainmachinewtf? 00:16, 27 јуни 2008 (UTC) Коментар  Баш навреме дојде оваа статија. Хаха, Crnorizec, мислиш Германија-Шпанија 0:3? :D
За  --Виктор Јованоски 00:37, 27 јуни 2008 (UTC) Коментар  Да не бев разочаран од полуфиналињата веројатно ќе имаше уште неколку секции плус и уште поверојатно уште неколку статии за неколку репрезентации и играчи (ми стана традиција моите репрезентации да ми испаѓаат во полуфинале, а толку бев сигурен дека Русите овој пат ќе сменат нешто); патем, мислам дека ќе може подобро за главна страница (всушност, секако дека ќе треба да се додаде и шампионот); а за финалето - Германија-Шпанија 1:0.
За  --iNkubusse A? 01:44, 27 јуни 2008 (UTC) Коментар  Убаини. И мене ми испаѓаат во полуфинале, и двете ми испаднаа. :( Ако тепа Германија, ќе гласам за црна позадина наместо избрана статија! Патем, категориите треба да се средат.
За  --Raso mk 07:27, 27 јуни 2008 (UTC) Коментар  Ај да се надоврзам. Deutschland über alles. De-Es 2:0
Податотека:Uruguay 1930 Worl Cup.jpg
Официјалното лого на СП 1930 Уругвај

Светското првенство во фудбал во 1930 година е првото издание на ова фудбалско натпреварување, Светскиот шампионат. Ова Светско првенство се одржа во Уругвај од 13 Јули до 30 Јули. ФИФА го одбра Уругвај за домаќин на изборот во Барселона, затоа што Уругвај славеше стогодишнина од независноста, а Уругвајската репрезентација го освои турнирот на Олимписките игри 1928 година.

Тринаесет тимови се натпреваруваа во завршниот турнир, од кои четири од Европа, а девет од Северна и Јужна Америка.Повеќето тимови од Европа одбиа да настапуваат поради оддалеченоста и големите цени за патувањето. Првите два натпревари на Светското првенство се одигаа во исто време, а победниците беа Франција која го победи Мексико со 4-1 и САД кој ја совлада Белгија со 3-0. Првиот гол во историјата на Светските првенства доа даде Французинот Лусин Лоран. Во финалето домаќинот и фаворит за освојувањето на овој светски куп, Уругвај ја победи Аргентина во финалето пред 93.000 постануваќи прва екипа која освоила Светско првенство

1914 година ФИФА го признала фудбалот на Олимписките Игри како Светско првенство во фудбал за аматери преземајќи така одговорност за организирање на истиот турнир на следните три Олимпијаде 1920, 1924 и 1928 година. ( На Олимиските игри 1908 и 1912 организатори на натпреварувањето беле Шведкиот и Англискиот Фудбалски сојуз.)

На Олимпијадата во Лос Анџелес 1932 фудбалот воопшто не бил уклучен во програмата на натпреварувања поради непопуларноста во САД. ФИФА и Меѓународниот Олимписки Одбор не се слагале околу статусот на играчите аматери, а за последица имало неуклучувањето на фудбалот во програмата на Олимпијадата во 1932.

На 26 Мај 1928 на состанокот во Амстердам, одржан на ден пред почетокот на Олимпијадата во 1928, тогашниот ФИФА-ин председател Жил Риме најавил натпреварување независно од Олимписките Игри, отворено за сите членови на ФИФА.Италија, Шведска, Холандија, Шпанија и Уругвај поднесле пријава за домаќинство, избран Уругвај.


За  --Stefan40-3e3e 15:58, 21 јуни 2008 (UTC) Статијата е добро уредена и не личи на пренатрупана листа со статистика која за просечниот гледач не значи ништо, а и лесно се разбира, содржи се основно со што треба за да се опиши едно светско првенство. А и е доста многу подобрена од минатиот пат
Коментар  Премногу обемен текст кој е предложен да оди на главната страница. Треба значително да се скрати. Иначе статијата е подобрена во однос на претходниот предлог.--brest 09:44, 22 јуни 2008 (UTC)
Коментар  Од минатиот пат е многу подобрена. Сепак, не доволно за да биде избрана како една од најквалитетните статии на Википедија, и воопшто како многу квалитетна статија според стандардите.
  • Насловот не е во ред
  • Почетните четири збора нема потреба да бидат со викиврска
  • Инфокутијата не е добро форматирана
  • Интервикијата не се средени
  • Категориите не се средени
  • Видео материјалот не е препорачлив
  • Галеријата е апсолутно непотребна; обично во галериите се ставаат слободни слики
  • Има премногу лапсузи
  • Има премногу правописни и граматички грешки (особено во месеците!), ама премногу
  • Општо, форматирањето не е на ниво
На оваа статија ѝ недостасува уште мноогу за да стане квалитетна, но има време до 30 јуни. Сега само давам коментар и не гласам, бидејќи за сегашната верзија би гласал само „против“, но ако ја подобриме статијата до тогаш, веројатно ќе дадам глас „за“. Оф-топик, го молам корисникот што најмногу ја уредувал оваа статија внимателно да го прочита следниов текст: en:Wikipedia:Ownership of articles. --iNkubusse A? 13:24, 22 јуни 2008 (UTC)
Коментар  Почитувани колеги, ве упатувам кон оваа страница - Википедија:Критериуми за избрана статија. Мој предлог е да формираме комисија која ги прегледува статиите кои се кандидати за избрана статија. --Brainmachinewtf? 14:17, 22 јуни 2008 (UTC)
Коментар  „Комисија за избор“, според правилата од Википедија:Критериуми за избрана статија, се сите регистрирани корисници на мк.вики. Цензура на содржините преку некаква комисија не е во духот на Википедија. Што се однесува до предложената статија, немам засега мислење. --Crnorizec 19:51, 22 јуни 2008 (UTC)
Коментар  Не, не, погрешно ме сфативте. Предлогот не ми беше за цензура, далеку од тоа. Јас зборувам само за некои корисници кои имаат посолидно познавање од правопис и граматика да ги прегледуваат потенцијалните статии за да ги истребат од сите евентуални грешки. Тоа да биде нешто како финален процес во „производната лента“. Или евентуално нешто како англиското „peer review“ кое оценува каков е напредокот на статијата и кои елементи фалат за да се подобри, за корисниците уште повеќе да го подобрат нејзиниот квалитет пред да биде избрана. Мислам дека вакво нешто би ни било во полза. Инаку сите мора да учествуваме во изборот, не можеме да ја менуваме демократијата врз која е базирана оваа заедница. Патем, доколку не го сфативте значењето на en:Wikipedia:Ownership of articles, да ви кажам: не велете „мојата статија“. Статиите никому не припаѓаат. Можете да кажете „статијата која ја започнав“ или „статијата на која работев“. --Brainmachinewtf? 20:53, 22 јуни 2008 (UTC)

Фотографија од 1952 година која прикажува НЛО над Пазаик, Њу Џерзи. Од архивите на ФБИ.
Фотографија од 1952 година која прикажува НЛО над Пазаик, Њу Џерзи. Од архивите на ФБИ.

Неидентификуван летечки објект или НЛО, е било каков летечки објект кој не може да биде идентификуван. Најголемиот дел од дискусиите за НЛО целат кон тоа дека некои од нив би можеле да бидат вонземјански направи, но нема научни докази кои би го поддржале ова објаснување.

Извештаи за необични воздушни феномени датираат уште од антички времиња, но актуелни извештии и првите официјални истраги започнуваат за време на Втората светска војна, со забележувања на т.н. фу-фајтери во 1946 и широко-познатите видувања на европски „ракети-духови“. Овие НЛО видувања и пријавувања пристигнуваат во сé поголем број по првиот публициран натпис во САД за НЛО, кога приватниот пилот Кенет Арнолд, во летото 1947, тврди дека видел НЛО. Оттогаш се пријавени десетици илјади видувања на НЛО на светско ниво.


За  --Игор 16:32, 20 јуни 2008 (UTC) Коментар Мислам дека статијава е доволно опширна за да биде избрана за статија на неделата?
Коментар  Опширноста на статијата нема никаква врска со нејзиниот квалитет. Не давам никаков глас, што значи дека ако нема подобри предлози, нека биде оваа. --iNkubusse A? 18:57, 20 јуни 2008 (UTC)
Коментар  Па добро, важно е и статијата да содржи што повеќе материјал на таа тема, т.е. да биде опширна; посебно на оваа тема има што да се пишува. А во врска со квалитетот, мислам дека статијата на која работев е квалитетна, содржи правилни внатрешни врски, белешки, извори, слики итн. Преведувана е во поголем дел од српската википедија, каде еднаш и била избрана за статија на неделата.--Игор 09:08, 22 јуни 2008 (UTC)
Коментар  >> en:Wikipedia:Ownership of articles <<. Инаку, да, прилично квалитетна е. --iNkubusse A? 13:09, 22 јуни 2008 (UTC)
За  --brest 09:38, 22 јуни 2008 (UTC) Коментар  Одлична тема, опширно и информативно.--brest 09:38, 22 јуни 2008 (UTC)
За --Raso mk 21:32, 22 јуни 2008 (UTC)
Коментар  Дали смеам да ја предложам повторно за следнава недела, или доволно е овде, да не отворам нов поднаслов? --Игор 16:26, 5 јули 2008 (UTC)
Коментар  Мислам дека треба да оди како нов предлог за следната седмица.--brest 16:38, 5 јули 2008 (UTC)

Предлог за период од 23. до 29. јуни 2008

[уреди извор]

Битола е град во југозападниот дел на Република Македонија, административен, културен, економски, индустриски, образовен, научен како и дипломатски центар, и поради тоа е познат и под името град на конзулите. Битола е втор по големина град во Република Македонија според бројот на жители, и трет според површината. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во битолскиот Народен музеј.

Традиционално силниот трговски центар, е познат и како град на конзулите поради тоа што за време на Отоманското Царство, Битола имала дури дваесет конзулати од разни европски земји. Во истиот период, градот имал многу школи, меѓу другите и воена академија, којашто ја посетувал и славниот турски реформатор Кемал Ататурк. На крајот на деветнаесеттиот век бил толку просперитетен град, што неговото население непрестано растело и го надминало бројот на населението на Белград. Градот бил преполн со фабрики, а интересно е и тоа што покрај фабриката на Сингер, во Битола уште во тоа време постоела фабрика за слатки. Во Битола се снимени првите фотографии и филмови на Балканот, благодарејќи на браќата Манаки. Тоа било златното доба на градот. За жал, за време на Балканските војни, многу битки биле водени во околината на градот и самиот град, па многу материјални докази, како и фотографски документи, изгореле или биле потполно уништени. Архитектурата можела да се обнови, посебно последните петнаесетина години, а докази за сѐ што се случувало се и прераскажувањата на старите кои добро се сеќаваат. Меѓутоа, денес останале многу организации и фестивали, коишто по долг период, повторно се оддржуваат. Еден од нив се оддржува секој година од 29 јули до 2 август во Битола, во знак на спомен на Илинденското востание, под името „Културен фестивал Илинденски денови“.


  1. За  --Корисник:битољчанин 14:59, 16 јуни 2008 (UTC)
  2. За  --brest 09:42, 22 јуни 2008 (UTC) Коментар  Mоже и подобро. Јас би ја сменил сликата која е предложена да оди на главната страница, бидејќи не кореспондира со актуелната Битола. --brest 09:42, 22 јуни 2008 (UTC)
  3. За  --Crnorizec 19:47, 22 јуни 2008 (UTC)

Предлог за период од 16. до 22. јуни 2008

[уреди извор]

Евтини приказни (англиски: Pulp Fiction) е американски филм од 1994 на режисерот Квентин Тарантино кој го напиша заедно со Роџер Ејвери. Познат е по нелинеарната приказна, еклектичкиот дијалог, ироничната мешавина на хумор и насилство и референци од филмови и од популарната култура. Номиниран е за седум Оскари, вклучувајќи за најдобар филм; Тарантино и Ејвери ја освоија наградата Оскар за најдобро оригинално сценарио. На Канскиот филмски фестивал е награден со Златна палма. Големиот комерцијален успех ја ревитализираше кариерата на главниот глумец, Џон Траволта, кој беше номиниран за Оскар, како и Семјуел Л. Џексон и Ума Турман.

Насловот на филмот се однесува на шунд списанијата и „тврдо варените“ криминалистички романи од средината на 20 век, познати по сликовитите прикази на насилство и испразнети дијалози. Приказната е, како и во другите дела на Тарантино, нелинеарна. Критичарите го нарекуваат филмот прв пример за постмодерен филм заради неговата саморефлективност и неконвенционална структура. Евтини приказни послужи како инспирација за многу подоцнежни филмови кои примија многу елементи од неговиот стил. Природата на неговата продукција, маркетингот и дистрибуцијата и дополнителната профитабилност имаа силно влијание на подрачјето на независната кинематографија.


  1. За  --Brainmachinewtf? 15:56, 13 јуни 2008 (UTC) Коментар  Статијата е детална и прецизна, секој факт е покриен со соодветен извор, за неутралност - поголемиот дел од критиката е препуштен на ценетите филмските критичари (и секоја нивна изјава е покриена со референца за извор) - поголема неутралност од тоа - здравје. Сите искористени слики се со покриена лиценца, извор и инфо за праведна употреба. Правилно категоризирана и форматирана. Актуелност и значење на темата? Нека зборуваат фактите - 5. место на IMDb порталот, Оскар за најдобро сценарио, БАФТИ, Златни глобуси и еден куп номинации, еден од највлијателните филмови на 90-тите години, филм што засекогаш ќе ја промени судбината на независната кинематографија, филм актуелен и до денес на листите на најдобрите филмови на сите времиња. Ах, да. И мој омилен филм :) Моментално избрана статија за месец јуни на филмскиот портал. Мислам дека заслужува да ја краси главната страница една недела.
  2. За  --iNkubusse A? 17:40, 13 јуни 2008 (UTC) Коментар  Има сѐ што треба да има една статија, а не ѝ недостасува ништо (за разлика од најновата мода кај нас да се бираат статии коишто немаат дури ни извори!).
Коментар  Оваа статија била на главната страница како избрана во текот на ноември 2005 година (тогаш била именувана како Ефтини приказни). Дали може да бираме повеќе од еднаш една статија за избрана?--brest 18:18, 13 јуни 2008 (UTC)
Коментар  Во принцип, ако статијата значајно се разубавила/променила од минатиот пат, може и два пати да се избере (претпоставувам)... Што се однесува до "бирањето на статии без извори", ги поканувам сите поажурно да учествуваат во предлагањето и изборот, за да не останува главната страница со стари содржини. Или да ги дополнуваат статиите ако имаат забелешки... --Crnorizec 23:14, 13 јуни 2008 (UTC)
Коментар  Јас не знаев дека веќе еднаш била избрана на главната страница, мислев дека била за некој портал или слично. Сепак, може повторно да биде избрана, и мислам дека треба, бидејќи е навистина речиси совршена, баш како што треба да изгледа една статија на Википедија (со сите технички работи средени, не само опширна). Crnorizec, имаш право дека треба повеќемина да учествуваат во изборот, но малкумина знаат дека не смеат да се бираат статии без извори. :( Како и да е, сметам дека статијава треба да биде избрана за идната недела. --iNkubusse A? 03:43, 14 јуни 2008 (UTC)
  1. За  --Crnorizec 22:11, 15 јуни 2008 (UTC)

1930 ФИФА Светско Првенство

[уреди извор]
Официалното лого на СП 1930
Официалното лого на СП 1930

Првото Светско првенство во фудбал се одржало во 1930 година во Уругвај, чија репрезентација е и првиот победник. Поради лошата економска ситуација во Европа, ФИФА реши првиот планетарен собир на најдобрите репрезентации на планетата да се одржи во Јужна Америка. Уругвај во тоа време беше актуелен Олимписки шампион и најдобар состав на светот.

Одржувањето на првиот Светски Куп беше доведен во прашање бидејќи ниту една репрезентација од Европа не сакаше да настапи во Уругвај. Сепак благодарејќи на претседателот на ФИФА, Жил Римеи неговиот притисок кон одделни националниасоцијации на два месеца пред стартот на Првенството, Југославиа, Фpанција, Белгија и Романија го потврдија настапот во Уругвај. Романците настапот на првиот Мундиал го сватија толку сериозно што изборот на фудбалери го направи кралот Керол.

Патот до Монтевидео траеше петнаесетина дена. Четирите репезентации од Европа на долгиот пат тргнаа заедно од Мaрсеј патем во Рио де Жанеиро во истиот брод се качија репрезентативците од Бразил, а за време на долгата пловидба фудбалерите на овие национални тимови ги одржуваа завршните подготовки пред настап на првенството.

За настап на првиот мундијал не беа организирани квалификации туку учество се обезбеди по претходна покана од ФИФА. Настапија 13 репрезентации, а поради фактот дека до последен момент не се знаеше точниот број на учесници ждрепката за првата фаза од натпреварите по групи се изврши непосредно пред стартот на првенството.

Првиот мундијал го отворија селекциите на Франција и Мексико, победија „триколорите“ со 4-1, а прв стрелец во историјата на Светските првенства беше французинот Лорен. Прва ѕвезда на турнирот беше аргентинецот, Гуљелмо Стабиле, кој турнирот го започна како резерва, но до крајот на првенството успеа да постигне 8 гола со што стана најдобар стрелец на турнирот.

Првенството го одбележаа и неколку спорни ситуации во кои делителите на правдата ги фаворизираа селекциите на Уругвај и Аргентина. На средбата Аргентина - Франција судијата при водство на Гаучосите од 1-0 означи крај во 84 минута. По протестите на француските фудбалери натпреварот продолжи, а и покрај фактот што мечот се доигруваше дел од фудбалерите во преостанатите 6 минути на теренот се враќаа од соблекувалната кедешто веќе почнаа да се преслекуваат. На полуфиналниот меч Уругвај - Југославија еден гол беше постигнат откако еден навивач излезената топка надвор од теренот ја врати назад во игра.


Коментар  предлогот на содржината која треба да оди на главната страница не е добро обработен. На статијата и треба уште брусење. Темата ми се допаѓа. И го поттикнувам Stefan40-3e3e да вложи уште напор за да ја дотера оваа статија за да ги постигне критериумите за избрана статија на главната страница.--brest 18:27, 13 јуни 2008 (UTC)

Предлог за период од 9. до 15. јуни 2008

[уреди извор]

Јустинијан I

[уреди извор]
Мозаик со ликот на Јустинијан I.
Мозаик со ликот на Јустинијан I.

Јустинијан I (латински: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus) (11 мај, 48313/14 ноември, 565) бил византиски цар, император на Источното Римско Царство (од 527565 год.), христијанин и православен теолог. Најстојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено со воените кампањи на Велизариј, како и по неговиот брак со контраверзната царица Теодора. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, се' до 9 век кога таа повторно ќе се издигне.

Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Верувал и живеел според верата. За време на Пост не јадел леб и не пиел вино, а се хранел со зелје и пиел вода секој втор ден. Завојувал со дунавските варвари само затоа што ги кастрирале заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Бил среќен и успешен во војните и во работата. Изградил голем број прекрасни храмови, од кои најубав е Света Софија во Цариград. Ги собрал и ги спроведувал римските закони. Самиот издавал многу строги закони против неморал и распусност. Ја составил црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почнала да се пее на литургија. Го свикал Петтиот Вселенски Собор во 553 година.

Поради неговите заслуги за развојот на црквата и ширењето на верата, Светиот Цар Јустинијан се смета за светец во православното христијанство.

За  --Crnorizec 22:14, 8 јуни 2008 (UTC) Коментар  -
За --Raso mk 22:29, 8 јуни 2008 (UTC)
За ----MacedonianBoy 22:32, 8 јуни 2008 (UTC)

Предлог за период од 2. до 8. јуни 2008

[уреди извор]

Црвен Крст и Црвена Полумесечина

[уреди извор]
Амблем на Федерацијата на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина
Амблем на Федерацијата на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина

Меѓународниот Црвен Крст и Црвена Полумесечина е меѓународно хуманитарно движење со околу 97 милиони доброволци ширум светот, чија мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без било каква дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење.

Често слушаниот израз „Меѓународен Црвен Крст“ всушност е погрешен, бидејќи не постои таква организација. Во стварност, Движењето се состои од неколку одделни организации кои се правно независни, но се обединети во Движењето преку заеднички основни принципи, цели, симболи, статути и органи на управување. Деловите на Движењето се:

  • Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст (МКЦК), приватна хуманитарна установа основана во 1863 во Женева, Швајцарија. 25-члениот Комитет, според меѓународните хуманитарни закони, има уникатно право да го штити животот и достоинството на жртвите од меѓународни и граѓански вооружени конфликти.
  • Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, основана во 1919 и која денес ги координира активностите меѓу 186 национални здруженија. Секретаријатот на Федерацијата е со седиште во Женева, Швајцарија. Федерацијата ги предводи и огранизира, во тесна соработка со националните здруженија, мисиите за помош во случаи на големи непогоди.

Национални здруженија на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина постојат во речиси сите земји во светот. Во моментов, 186 национални здруженија се признаени од МКЦК и се примени како полноправни членови на Федерацијата. Секоја членка работи во својата земја според принципите на меѓународното хуманитарно право и статутите на меѓународното движење. Зависно од нивните конкретни околности и можности, националните здруженија можат да преземат дополнителни хуманитарни активности кои не се директно дефинирани со меѓународното хуманитарно право или со одредбите на меѓународното движење.

За  --Crnorizec 19:20, 2 јуни 2008 (UTC) Коментар  бидејќи никој не доставил предлог досега, ова е доста средена статија па ја предлагам за оваа недела. Ќе го оставам предлогов до утре 10 часот по локално време, и ако нема никој против, ќе го ставиме на главната страница.
За  --Raso mk 19:35, 2 јуни 2008 (UTC) Коментар Кога нема никакви предлози ставај. Р.Ѕ. Статијата е ок
За  --Brainmachinewtf? 21:05, 2 јуни 2008 (UTC)
Воздржан  -- Stefan40-3e3eКоментар  Добра статија нема шо добро е уредена и сработена, но единствена причина за што ставив глас воздржан беше тоа што веќе им се здосадило на оние кои што гледаат, но ако нема предлог нака се стави

П.С За наредната недела ја предлагам 1930 ФИФА Светско Пвенство овој пат не поради тоа што не е доработена

Предлог за период од 26. мај до 1. јуни 2008

[уреди извор]

Манчестер Јунајтед

[уреди извор]

Манчестер Јунајтед (англ. Manchester United) е светски познат англиски фудбалски клуб, чиј стадион е Олд Трафорд кој се наоѓа во Трафорд, пошироката околина на Манчестер. Тој е еден од најпопуларните спортски клубови во светот со повеќе од 50 милиони обожаватели. Манчестер Јунајтед е исто така и еден од најуспешните клубови во светот, а во англиската лига се наоѓа на второто место по бројот на освоени титули, веднаш зад Ливерпул. Ја има освоено англиската лига 17 пати, ФА Купот - 11 пати (рекорд во Англија), два пати Лига Купот, Купот на Победниците на Куповите на УЕФА еднаш, Интерконтиненталниот Куп еднаш и Европскиот Супер Куп еднаш.

На 21. мај 2008. со победата над Челзи Манчестер Јунајтед по трет пат победи во Лигата на шампионите.

Клубот има највисок просек на посетеност на натпреварите во англиската лига континуирано во последните 34 сезони, со исклучок на периодот од 1987-1989 за време на реновирањето на Олд Трафорд. Меѓу европските клубови, Манчестер е предводник во однос на годишните финансиски добивки во текот на деценијата меѓу 1990 и 2000, во наредниот период го губи приматот но во 2008 година повторно е најбогат клуб во светот со вредност од 1 милијарда и 330 милиони долари.

Од 1991 година клубот се водеше како Друштво со ограничена одговорност и требаше да биде преземено од Руперт Мердок во 1998 преку зделка што беше блокирана од британската влада. Кон крајот на 1990тите, вредноста на клубот достигна повеќе од £1 милијарда, правејќи го процесот на откупување безмалку невозможен. Сепак, во мај 2005, Малколм Глејзер го комплетираше превземањето на компанијата против волја на клубот и го повлече името Манчестер од лондонската берза.

Моментално, капитен на Манчестер Јунајтед е Гери Невил, кој капитенската улога ја презеде од Рој Кин на 16 ноември 2005 година.

За  --Crnorizec 18:22, 25 мај 2008 (UTC) Коментар  со оглед на победата во ЛШ, ...
Против  --Brainmachinewtf? 18:42, 25 мај 2008 (UTC) Коментар  На страната и фали македонска транскрипција на голем дел од имињата, на пример: стадионот Old Trafford, Ерата на Сер Matt Busby (1945–1969), ...португалска Бенфика со 4-1, предводена од Eusebio... , или пак во сезона 2007/08, во сликата играчите се напишани на македонска транскрипиција, а на листата си се во оригинал англиски. Плус, пред една недела статијата беше за ФК Арсенал.
За --Астрион 19:04, 25 мај 2008 (UTC)Коментар  Најмногу ми се допаѓаат статии кои се поврзани со она кое се случува во моментот. Дедо киро наполни 91 година на 3 мај, а Манчестер овој месец освои две важни титули--Астрион 19:04, 25 мај 2008 (UTC)
За --Bukefal80 19:12, 25 мај 2008 (UTC) Статии како Канада или Кинески јазик во минатите недели беа избрани, и покрај тоа што имаа многу црвени полиња. Тоа значи дека, како главен уредувач на статијата Манчестер Јунајтед, сум 100% за
За --Raso mk 19:17, 25 мај 2008 (UTC)Коментар Eдноставно момците си заслужија
Воздржан --MacedonianBoy 19:23, 25 мај 2008 (UTC) Коментар  Имаше статија за спорт сега бргу може за спорт пак некој друг месец. Ама како сакате.

Предлог за период од 19. до 25. мај 2008

[уреди извор]

Наполеон Бонапарт

[уреди извор]
Наполеон ги преминува Алпите од Жак-Луј Давид

Наполеон Бонапарт (1769-1821), француски император, основоположник на многу реформи на Француската Револуција. Тој е еден од најголемите воени гении во 19 век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народот и дека ќе го подобри начинот на живеење. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Неколку од Наполеоновите реформи се во употреба и денес.

Наполеон e роден на 15 август 1769 во Ајачио, на островот Корзика и e крстен како Наполеон (во Франција неговото име станало Наполеон Бонапарта). Тој е второто дете (од осумте деца) на Карло (Чарлс) Бонапарта и Летиција Рамолино Бонапарта, и двајцата од повисоката Корзиско-Италијанска класа. Но, Наполеон никогаш не бил професионален војник. Карло бил адвокат кој се борел за Корзијската независност, но откако Французите го освоиле островот во 1768, тој служел како обвинител и судија, и влегол во Француската аристократија како гроф. За време на влијанието на татко му, Наполеон се изучувал на трошок на кралот Луј XVI, во Брине и Военото Училиште, во Париз. Наполеон матурирал во 1785, на возраст од 16 години, и се приклучил на артилеријата како втор наредник...

За  --Brainmachinewtf? 19:38, 18 мај 2008 (UTC) Коментар  Бидејќи гледам нема други предлози, еве оваа. Мислам дека статијата е добра и опширна, иако многу е пропуштено (Наполеон е неисцрпна тема). Недостаток е што повеќе се концентрирав на битката на Ватерло, можеби тоа треба да се премести во посебна статија.
За  --brest 00:07, 19 мај 2008 (UTC)

Предлог за период од 5. до 11. мај 2008

[уреди извор]

Киро Глигоров

[уреди извор]

Киро Глигоров бил првиот претседател на самостојна Република Македонија од 1991 до 1999 година. Функцијата ја извршувал во два мандати: прв пат за претседател бил избран на 27 јануари 1991 година од страна на Собранието на Република Македонија, а втор пат на 19 ноември 1994 на општи претседателски избори. Функцијата претседател на Републиката ја вршел до 19 ноември 1999 година.

Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Завршил правен факултет во Белград во 1939 година. Соработувал со Кузман Јосифовски - Питу и активно се вклучил во комунистичкото и антифашистичкото движење. На Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 во манастирот Свети Прохор Пчињски, тој го водел записникот од заседанието, но исто така бил избран и за член на АВНОЈ.

Од 1945 до 1987 вршел бројни високи функции во федералната власт и во комунистичката партија на СФРЈ во Белград. Во 1987 се пензионирал, а потоа продолжил да соработува со Анте Марковиќ, а подоцна и со Петар Гошев на реформирањето на политичкиот и економскиот систем на СФРЈ. Во 1989 се вратил во Македонија.

На 3 октомври 1995 година врз Глигоров бил извршен неуспешен обид за атентат, кој го преживеал со тешки повреди на главата. Нарачателите и извршителите на атентатот до денес се непознати.

Кон крајот на својата кариера, Киро Глигоров бил најстариот македонски политичар, со околу 70 години активност во современата историја на Македонија. Во 1999 година, кога завршил неговиот втор претседателски мандат, тој имал 82 години, а во 2000 Гинисовата книга на рекорди го забележалa како најстар претседател на држава во светот.

За  Коментар  Киро Глигоров на 3 мај прави 91 година. Да даде Господ да доживее 100ка. --Астрион 18:27, 27 април 2008 (UTC)
Воздржан  --Raso mk 21:37, 27 април 2008 (UTC) Коментар  После овој клип овде [3] многу го засакав.
Воздржан  Нека доживее и 1000-ка ако му даде Господ... --Crnorizec 00:10, 28 април 2008 (UTC)
За  Može da se izbere! --MacedonianBoy 10:31, 28 април 2008 (UTC)
Воздржан  --brest 10:39, 1 мај 2008 (UTC) Коментар  [4]?????

Предлог за период од 28. април до 4. мај 2008

[уреди извор]

Гоце Делчев

[уреди извор]
Гоце Делчев.
Гоце Делчев.

Оваа недела се навршуваат 105 години од загинувањето на Гоце Делчев (18721903), еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во ВМРО.

Делчев станал учител во Бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново село), каде што се запознал со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев ѝ се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач. За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.

На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме Турција туку таа да не нè победи нас.“ По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот табор на ВМОРО. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.

На 2 мај Гоце Делчев пристига во с. Баница, близу до Сер. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа од страна на непознат(и). Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.

Гоцевата саможртва за делото на ослободување на Македонија и создавање на независна или автономна македонска држава му го донесе ореолот на признание и почит. Неговото име стана легенда, вткаена во свеста на македонскиот народ. Неговото име ги инспирира македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа и во Втората Светска војна борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

Неговите посмртни останки прво се чувале во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Скеча, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден“. Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.


За  Коментар  бидејќи е годишнина од смртта на Гоце Делчев, предлагам да одиме со оваа статија. (иако самата статија би можело уште да се дотера, ако некој стигне деновиве...) --Crnorizec 01:01, 26 април 2008 (UTC)

За  Коментар  Апсолутно се сложувам--Raso mk 01:11, 26 април 2008 (UTC)

За  Коментар  Гоцета секогаш во македонските срца--Астрион 18:27, 27 април 2008 (UTC)

Предлог за период од 21 до 27. април 2008

[уреди извор]

Канада

[уреди извор]

Канада зафаќа поголем дел од Северна Америка, на југ се граничи со САД, на северозапад со сојузната држава на САД - Алјаска. Се протега од Атлантскиот Океан на исток до Тихиот Океан на запад, на север се наоѓа Северноледениот Океан.

Првите Европски доселеници се Викинзите, кои околу 1000-та година се населуваат на брегот на Атлантикот. Следната посета на Европјаните е во 1497, кога истражувачката експедиција на Џон Кебот од Кралството Англија пловела покрај Атлантскиот брег на Канада и Жак Картие во 1534 од Франција. По нив, повремено до истиот брег допловувале рибари и китоловци од Баскија во текот на целиот 16-ти век.

Канада има околу 31,5 милиони жители. Прирастот на населението се должи главно на доселеништвото. Околу 3/4 од населението живее во појасот од 150 km од границата со САД, веројатно поради климатските прилики. Огромното мнозинство од населението живее во појасот Квебек сити - Виндзор, кој ги опфаќа и градовите Монтреал, Отава и Торонто, потоа во појасот Едмонтон - Калгари во Алберта и Ванкувер, Британска Колумбија. Според пописот од 2001, Канада има 34 етнички групи со по најмалку 100.000 припадници, a 83% од населението се сметаат за белци.

Официјални јазици во Канада се англискиот и франускиот. Англискиот е мајчин јазик на 59,7%, а францускиот на 23,2% од населението. 98,5% од канаѓаните зборуваат англиски или француски. 85% од франкофоните живеат во Квебек. Неколку индијански јазици исто така имаат официјален статус во Северозападните територии. Инуктитут е мнозински јазик во Нунавут и еден од трите официјални јазици во територијата.

Според многу показатели, како што се Степенот на човеков развој на ОН, Индексот на глобализација, Квалитетот на живот, Одржливоста на животната средина, Економските слободи и др., Канада е меѓу водечките земји во светот. Во Канада живеат голем број македонски иселеници и нивни потомци.


За  --brest 22:37, 17 април 2008 (UTC) Коментар  Ми се чини дека оваа статија некој ја има преведувано од српската верзија на википедија и нема направено сериозна проверка на синтаксата и граматиката. Бидејќи статијата обилува со податоци и ја има комплетната структура на стандардна вики статија, го давам мојот глас за.--brest 22:37, 17 април 2008 (UTC)

Предлог за период од 17 март 2008 до 23 март 2008

[уреди извор]
Косовка девојка, мотив од српската народна епика
Косовка девојка, мотив од српската народна епика

Косовска битка исто така и: Битка на Косово Поле или Косовски бој (срп. Косовска битка, Бој на Косову Пољу) е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 28 јуни 1389 година според грегоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија.Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912.


За  -- Ф и  л  и п   што бе? 11:33, 1 март, 2008 Коментар  Статијава тангира прилично актуелна и важна тема. Исто како и подолната :))))
За  --Виктор Јованоски 08:00, 3 март 2008 (UTC) Коментар  Само мало досредување (како на пример некои болдирани имиња во рамките на текстот - треба само почетните заглавни зборови - некои недосредени линкови - како Маричка битка - и да се додадат надворешни врски). Другото е одлично.

Предлог за период од 9 март 2008 до 16 март 2008

[уреди извор]
Белата кула во Солун
Белата кула во Солун

Солун (грчки Θεσσαλονίκη, латински Thessaloníki)) е вториот по големина град (веднаш по Атина) во Република Грција и главен град на Централна Македонија. Основач на Солун е кралот Касандар во 315 год. п.н.е., крал на Македонија (Μακεδών). Градот така бил наречен според неговата сопруга Тесалоника, сестра на Александар Македонски. За заштитник на градот се смета Свети Димитрија кој градот го добил во 306 година. Во Солун се родени и словенските браќа Свети Кирил и Методиј, кои земајќи го јужниот говор во Македонија го создале старословенскиот јазик. Нa 23 октомври 1893 година, во Солун била основана ВМРО, чија цел била добивање на автономија за Македонија преку револуционерна борба. Во Солун, од тој период се познати и големите напади од страна на ВМРО и нејзините членови наречени гемиџии. По Балканските војни, градот стапил во составот на Грција. Евреиската населба во Солун била една од најголемите населби во градот. Евреите во времето на Османлиското Царство го сочинувале половина од вкупното население на градот.


За  -- Ф и  л  и п   што бе? 11:33, 1 март, 2008 Коментар  Статијава тангира прилично актуелна и важна тема. Исто како и погорната :))))
За --Виктор Јованоски 08:00, 3 март 2008 (UTC) Коментар  Можеби треба само малку да се среди предлогот за главна страница.
За --Астрион 14:49, 3 март 2008 (UTC)
завршено гласање, статијата е избрана.--brest 07:02, 10 март 2008 (UTC)

Предлог за период од 2 март 2008 до 9 март 2008

[уреди извор]

Кинескиот јазик (汉语/漢語, Ханји; 中文, Чунгвен) може да се смета за јазик или за јазично семејство и првично се зборувал од Хан-Кинезите во Кина. Тој ја сочинува една од двете гранки на синотибетското јазично семејство.Околу една шестина од светското население, или над милијарда луѓе, зборуваат некаков кинески како мајчин јазик. Дали кинеските варијанти можат да се наречат „јазици“ или „дијалекти“ е прилично спорна тема. Како јазично семејство, кинескиот има околу 1.2 милијарди говорници; само мандаринскиот има околу 850 милиони говорници, бројно надминувајќи ги сите јазици на светот.

Говорниот кинески се одликува со голема внатрешна разнообразност, иако сите кинески варијанти се тонски и аналитички. Постојат помеѓу шест и дванаесет регионални групи на кинески (зависно од начинот на класификација), од кои (во огромна мера) предоминантен е мандаринскиот (~ 850 милиони), а по него следи Ву (~ 90 милиони), Мин (~ 70 милиони) и кантонскиот (~ 70 милиони). Највеќето од нив се меѓусебно разбирливи, иако некои, како Хсијанг и југозападните мандарински дијалекти се разбирливи во извесна помала мера. Кинескиот се класификува како макројазик со тринаесет подјазици ISO 639-3, иако прашањето дали овие се „јазици“ или „дијалекти“ е мошне спорно.


За  --brest 08:39, 20 февруари 2008 (UTC) Коментар  Нема предлог за тоа кој дел од статијата ќе оди на главната страница, статијата има доста црвени линкови, што значи дека ако некој сака пошироки информации најверојатно ќе биде лишен од тоа. Статијата пишувана е во главно од еден уредувач, што може да значи дека сеуште никој не направил никаква корекција на евентуалните грешки и пропусти. Иако статијата е започната релативно одамна (2005 година) само во последните ден два направени се 99% од промените, што значи и физички / временски мал број на други уредувачи можеле да дадат свои придонеси. Но со оглед на тоа кој ја уредувал статијата гласам за овој предлог доколку другите немаат ништо против. BTW и самиот автор не го дал својот глас / за / против / воздржан!
За  --Б. Јанкулоскиразговор 00:11, 21 февруари 2008 (UTC) Коментар  Да, сето тоа за статијата е така, но сепак ја сметам за достојна сама за себе. А јас не се изјаснив од проста причина што не знаев дека со самото тоа што ја предалагам не мора да значи дека сум „за“ :)
За  --Виктор Јованоски 21:32, 21 февруари 2008 (UTC) Коментар  Не верувам дека некој има нешто против: иако е уредувана од еден, изгледа како да е уредувана од пет-шест уредувачи. Патем, Бојан, си земав слобода да го поставам предлогот за главна страница - не мора да значи дека е добро, и онака може да биде и прелиминарна верзија. Иако мене ми се допаѓа.
Коментар  Да, нема проблем. За слика ја планирав картата со распределеност на кинеските јазици (во отсуство на друга илустрација), но ова е далеку подобро. --Б. Јанкулоскиразговор 11:48, 25 февруари 2008 (UTC)

Предлог за период од 25 февруари 2008 до 2 март 2008

[уреди извор]

Џозеф Кемпбел (26 март 190430 октомври 1987) е американски митолог, писател и оратор најпознат по неговата работа на полето на компаративната митологија и религија.

Кога како мал го посетува Американскиот музеј за национална историја, Кемпбел толку многу се восхитува од артефактите на американските староседелци што уште тогаш ја развива својата животна опсесија: митот и заедничките обележја на различните култури, особено на оние кои никогаш и не биле во контакт.

Со образование се здобива во САД (на Универзитетот Колумбија) и Европа (каде ги посетува Парискиот и Минхенскиот Универзитет). За неколку месеци научува и француски и германски, јазици кои течно ги зборува до крајот на својот живот. Поради несогласувања со раководството на својот матичен универзитет, Кемпбел се откажува од понатамошното школување и обидот да се здобие со докторат.

Големо влијание врз Кемпбеловата филозофија имаат Карл Јунг, Фридрих Ниче, Зигмунд Фројд, Џејмс Џојс, Томас Ман и Артур Шопенхауер. Улогата на херојот и структурата на мономитот се најпознати плодови на неговата работа, творби чие влијание ги надминува границите на компаративната митологија. Впрочем, по излегувањето на првиот филм од серијалот Војна на ѕвездите во 1977 година, режисерот Џорџ Лукас ќе рече дека приказната е обликувана преку идеите обработени во Херојот со илјада лица од страна на Кемпбел.


За  --Виктор Јованоски 23:44, 17 февруари 2008 (UTC) Коментар  Мислам дека статијата зборува сама за себе. А и многу го почитувам Кемпбел.
За --Астрион 14:16, 18 февруари 2008 (UTC)
За  --brest 08:42, 20 февруари 2008 (UTC) Коментар  Навреме предложена статија. Важи коментарот како за предлогот за статијата за Кинески јазик.
завршено гласање, статијата е избрана. --brest 23:27, 24 февруари 2008 (UTC)

Предлог за период од 18 февруари 2008 до 24 февруари 2008

[уреди извор]
Податотека:K vizantisko slovenski1.jpg

Во првата половина на 6 век, по долините на реките Струма и Струмица се населиле Струмјаните. Во „Житието на тивериополските мачаници“ стои дека „еден варварски народ... навлегол во Тивериополските земји, опустошил многу градови, па и самиот Тивериопол, а од неговите жители едни со меч ги истепал, друѓи заробил а убавите згради и храмови ги срамнил со земјата“ .

Со преселбата на Словените, која се одвивала во периодот од осумдесетите години на 6 век до триесетите години на 7 век, градот доживеал големи разурнувања. На овие простори се населило словенското племе Струмјани, кое го добило своето име по реката Стримон, која тие ја преименувале во Струма. Склавинијата на Струмјаните егзистирала како независно словенско кнежество извесен период, додека не биде завладеана од Византија. Во периодот од 845 година до 855 година како византиски воен управник во брегалничко-струмичкиот крај бил Методиј (825-885).

Струмичката област, потоа била завладеана од бугарскиот владетел Борис I (852-889). Во 893 година Климент според Диканжовиот список (XII век) бил поставен за "епископ на Тивериопол или Велика". Струмичкиот регион ќе остане во бугарската држава се до 969 година кога избило првото востание на комитопулите (Самуил, Арон, Мојсеј и Давид) и ќе влезе во Самуиловата држава (976-1018).

На 29 јули 1014 година, на овие простори се одиграла Беласичката битка, во која македонската војска предводена од цар Самуил (976-1014) била поразена од Византијците на чие чело бил Василиј II (976-1025). По битката биле ослепени 15 000 македонски војници, како одмазда на Василиј II за смртта на својот командант Теофилакт Вотанијат, кој бил убиен од синот на цар Самуил, Гавраил Радомир (1014-1015). Во 1018 година Македонија била завладеана од Византија. По 1018 година, Струмичкиот крај повторно паднал под византиска власт, под која ќе остане до пред крајот на 12 век. Византија својата власт ја зацврстила преку црквата која била претворена во орудие на византиската држава. Струмичката епархија во рамките на Охридската архиепископија била ставена во службата на Цариградската патријаршија. Карактеристично од тоа време е тоа што многу имоти од Струмичко меѓу кои и манастирот во Вељуса му биле подарени на светогорскиот манастир „Иверион“.


За  Астрион 18:06, 10 февруари 2008 (UTC)
За  LBakraceski 18:18, 10 февруари 2008 (UTC)
За  FlavrSavr 20:21, 10 февруари 2008 (UTC)
Воздржан  --Виктор Јованоски 23:23, 10 февруари 2008 (UTC) Коментар  Нема предложено предлог за главната страница. Инаку ја преместив статијата како предложена за следната недела, поради тоа што за оваа недела со четири гласа се изгласа Нобелова награда за литература; патем внимавајте следниот пат кога ќе предложувате - статијата треба да оди најгоре.
За --Bukefal80 11:51, 13 февруари 2008 (UTC)bukefal80
За --Филип 13:22, 13 февруари 2008 (UTC)
За  --Revizionist 10:59, 14 февруари 2008 (UTC) Коментар  Супер статија
Коментар  --brest 11:17, 14 февруари 2008 (UTC) Уште нема предлог за тоа кој дел од статијата ќе оди на главната страница.

Ја поставувам статијата за избрана. Сепак - од чисто естетски причини - ќе ставам различен текст на главна страница. --Виктор Јованоски 22:40, 17 февруари 2008 (UTC)

Предлог за период од 11 февруари 2008 до 17 февруари 2008

[уреди извор]

Нобеловата награда за литература (шведски: Nobelpriset i litteratur) е награда која се доделува секоја година, почнувајќи од 1901 на автор од некоја земја кој, според зборовите на Алфред Нобел од неговиот тестамент, го има напишано "најзначајното дело со идеалистички тенденции" (во оригинал на шведски: den som inom litteraturen har producerat det utmärktaste i idealisk riktning). "Делото" во овој случај се однесува на авторовиот опус, иако понекогаш се цитираат и поединечни дела. Шведската Академија одлучува кој, доколку и воопшто има некој, ќе ја прими наградата во соодветната година, а неговото име го објавува во почетокот на октомври.

Изборот на Нобел да го вметне зборот "идеалистичко" или "идеално" (во македонски превод) како основен критериум при одбирањето на лауреатите е причина за многу контроверзии и несогласувања (шведскиот збор idealisk може да се преведе и како "идеалистички" и како "идеален".) Во почетокот на дваесеттиот век, Одборот за доделување на наградата се осврнува кон првото значење на зборот, и ова е единствената причина што автори од типот на Лав Толстој и Хенрик Ибзен не ја добиле Нобеловата награда. Сепак, во последно време, зборот е сфатен во многу послободното значење, па Нобеловата награда за литература се доделува и на писатели чии дела се од големо значење, но и на такви кои се залагаат за почитување на човековите права; вторава причина, за некои луѓе, е причина да се додаде и политичка конотација на наградите.

"Крунскиот момент во текот на церемонијата по повод доделувањето на наградата во Стокхолм е кога лауреатот истапува за да ја прими наградата од Неговото Височество - Кралот на Шведска. ... Пред очите на целиот свет, Нобеловиот лауреат прима три нешта: диплома, медал и документ кој го потврдува износот на наградата".


За  --Виктор Јованоски 14:16, 4 февруари 2008 (UTC) Коментар  Добро уредена статија, со средени белешки и надворешни врски, со соодветни шаблони и табели; покрај тоа, една од ретките на Википедија, во која сите шаблони за државите се впишани со кирилица. И нормално: обработува доста важна и значајна тема.
За  --brest 14:56, 4 февруари 2008 (UTC) Коментар  Одлично уредена статија. Од оваа статија може да излезе едно проектче за креирање на поединечни статии за секој лауреат посебно. Уште повеќе статијата е предложена на време.
За  --Revizionist 16:59, 5 февруари 2008 (UTC) Коментар  Супер статија. Поздрав.
За  --Филип 09:59, 6 февруари 2008 (UTC) Коментар  Нема потреба од коментар...

Предлог за период од 4 февруари 2008 до 10 февруари 2008

[уреди извор]
mini
mini

Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) позната и како ВМРО (Автономистичка) е формирана во 1919 година на територијата на Пиринска Македонија, од страна на Тодор Александров и Александар Протогеров, под претекст дека се возобновува старото ВМОРО. Врвна точка во дејноста на организацијата е атентатот на српскиот престолонаследник Александар Караѓорѓевиќ.

Во навечерјето на Балканските војни, ВМОРО е скоро неактивна. Поголемиот дел од бившите членови дејствуваат со мирни средства преку работата на Федералистичката партија и Конституционите клубови. Но еден дел од кадрите на ВМОРО, прави обиди преку исценирање провокации да го реанимира Македонското Прашање.

На чело на оваа група е Тодор Александров, кој во 1912 ги организира “Магарешките атентати“. Опремените од него групи, товарат екслозив на магариња, и ги оставаат пред турски пазари. Бомбите го одземаат животот на десетици Турци, кои пак својот бес го исфрлаат врз недолжното христијанско население. На овој начин Александров ја постигнува својата цел.

За време на балканските војни, Александров мобилизира бивши кадри од ТМОРО (како Чаулев, Чакаларов и други), со кои формираат големи чети и ги праќаат во Македонија да вршат диверзантски акции во тилот на Турската Армија.


За  --Revizionist 20:29, 3 февруари 2008 (UTC) Коментар  Ја предлагам статијата за ВМРО водена од Тодор Александров, која после прераснува во фашистичка реакционерна организација. Треба да се знае исоријата, за таа да не се повтори. Поздрав.
За  --Филип 20:32, 3 февруари 2008 (UTC)
Против  --Виктор Јованоски 22:31, 3 февруари 2008 (UTC) Коментар  Не мислам дека статијата е добро изработена за да стои на главна страница, но, поради тоа што има повеќе гласови за, во секој случај, ќе ја поставам.

Предлог за период од 28 јануари 2008 до 03 февруари 2008

[уреди извор]

Јосиф Бродски (24 мај 194028 јануари 1996), роден како Јосиф Александрович Бродски (руски: Ио́сиф Александрович Бро́дский) е руски поет и есеист, добитник на Нобеловата награда за литература во 1987 година, венцоносец на Струшките вечери на поезијата четири години подоцна и Поет лауреат на САД во 1991 и 1992 година. Се смета за еден од најголемите поети на дваесеттиот век.

Бродски е роден во еврејско семејство во Ленинград, како син на професионален фотограф вработен во Советската морнарица. Уште додека е дете ја преживува опсадата на неговиот роден град. Кога полни петнаесет години, Бродски го напишта училиштето и се обидува да влезе во Школата на нуркачите (Школа Подводников), но безуспешно. Потоа оди да работи како машински оператор на една воденица (фрезеровщик) во фабрика. Откако одлучува да стане доктор, се префрла во затворот Крести, каде работи како помошник во мртовечницата. Никогаш не задоволен од работата, неколку пати ќе го менува своето работно место; се вработува во болница, на брод, а дел е и од една геолошка експедиција.


За  --brest 17:02, 21 јануари 2008 (UTC) Коментар  Нобеловец, лауреат на струшките вечери на поезијата, ... Добро уредена статија.
За  --Revizionist 02:43, 25 јануари 2008 (UTC) (UTC) Коментар  Бродски е еден навистина исклучителен човек. Поздрав
За  --Виктор Јованоски 07:18, 25 јануари 2008 (UTC) Коментар  Се согласувам со двајцата. И особено ми се допаѓа тоа што избраната статија ја поврзуваме со на денешен ден низ историјата; можеби сме единствена Википедија што го прави тоа.
За  --Филип 15:02, 25 јануари 2008 (UTC)

Предлог за период од 14 јануари 2008 до 27 јануари 2008

[уреди извор]

Главна страница / избрана статија / 2008 / седмица 04


За --Фрајтнер Разговор 01:50, 11 јануари 2008 (UTC)
За  --Revizionist 20:56, 19 јануари 2008 (UTC) Коментар  Многу убаво уредена статија. Добар избор Фрајтнер.
Воздржан  --brest 15:58, 21 јануари 2008 (UTC) Коментар  Сеуште нема предлог за тоа кој дел од статијата ќе оди на главната страница.
За  Апија
Против  --brest 15:58, 21 јануари 2008 (UTC) Коментар  Статијата не е доработена, нема референци кон релеванти врски, претежно е уредувана од само еден уредувач, скоро е започнато со уредување.
Избрана статија за оваа семица е статијата за Тоше Проески.--brest 16:48, 21 јануари 2008 (UTC)

Предлог за период од 7 јануари 2008 до 13 јануари 2008

[уреди извор]

Главна страница / избрана статија / 2008 / седмица 03


За  --Филип што бе? 10:16, 31 декември 2007 (СЕВ) Коментар  Статијата е добра, интересна, сликовита, цитирана и средена... А да не зборувам дека ни треба избрана статија :))))
Словениве остареа чекајќи гласење... Не бива избрана статија со еден глас ЗА!!! --Филип што бе? 22:37, 3 јануари 2008 (СЕВ)
За  --Revizionist 15:39, 5 јануари 2008 (UTC) Коментар  Се согласувам, статијата е обемна, информативна и илустрирана. Поздрав
За  --Фрајтнер Разговор 15:44, 5 јануари 2008 (UTC) Коментар  Еве ти го третиот глас :) статијата е многу добра.
Нека оди сега Словени, а следната недела ќе мислиме за Тоше. --Виктор Јованоски 22:47, 13 јануари 2008 (UTC)
Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
Месечина
Свети Јосиф  • Албанија  • Џорџ Орвел
Линебург  • Алехандро Валверде  • Тур де Франс 2019  • Брзина на светлината  • Свети Климент Охридски  • Одржлива енергија  • Договор за неширење на јадрено оружје  • Инвазивен вид  • Отпад од храна  • Последици од глобалното затоплување
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски тела  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики  • Обединета Ерменија  • Реброносци  • Казахстан  • Средновековна Романија
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермат  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC-транспортер  • Хосе де Сан Мартин
Оноре де Балзак  • Гравитациски бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи-сарај  • Јадрено цепење  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
Безјеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносна распределба  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаоски јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
Фердинанд I • Историја на христијанството • Старогрчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадејра • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска Државна Заедница • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хосе Раул Капабланка • Фердинанд I
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Цариград (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
Кочо Рацин • Светско првенство во фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
Евтини приказни
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Redlist.
  2. Законот за празниците на Република Македонија
  3. „Мадрид и Хамбург се натпреваруваат за домаќини на финалето во лига на шампиони 2010“. UEFA.