Ристо Соколов
Ристо Соколов | ||
Роден | 16 април 1957 Дреново, Кавадаречко, СР Македонија | |
---|---|---|
Починал | 14 февруари 2015 Кавадарци, Македонија | |
Занимање | уметник |
Ристо Соколов - Сокол (Дреново, Кавадаречко, 16 април 1957 - Кавадарци, 14 февруари 2015) — истакнат македонски ликовен уметник.
Животопис
[уреди | уреди извор]Соколов е роден на 16 април 1957 година, во кавадаречкото село Дреново. Средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје, отсек графика во класата на проф. Димитар Малиданов и графички дизајн во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Живеел и работеше во Кавадарци, како слободен уметник. Починал во кавадарци на 14 февруари 2015 година. Излагал самостојно низ цела Македонија, во повеќе Европски земји, а преку групни изложби бил присутен низ целиот свет. Познат бил и како успешен организатор на Меѓународни ликовни колонии, а последните неколку години пред смртта имал успешни соработки со други уметности (музичка, театарска, литературна, фотографска и др.) преку неформалната уметничка група “Сокол Арт“ која настанала од неговиот двегодишен ангажман во кавадаречката и македонска уметност преку Уметничкото студио “Сокол Арт“, од каде што произлегле неколку ликовни изложби, театарски претстави, поетски дела, фотографски перфоманси, мултимедијални настани и концерти.[1] Последната негова изложба насловена како „Ретро Арт – Нови моменти“ (12 декември 2014 – 12 јануари 2015, Музеј Галерија Кавадарци) останала запаметена како една од најпосетуваните во историјата на ликовната уметност во Кавадарци.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „„Ретро-Арт" изложба на Ристо Соколов во Кавадарци“. Архивирано од изворникот на 2015-02-25. Посетено на 2015-02-14.
- ↑ „Почина ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол“. Архивирано од изворникот на 2015-02-16. Посетено на 2015-02-14.