Симон Шемов
Симон Шемов | ||
Роден | 1 декември 1941 Кавадарци, Бугарска окупација на Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | сликар, графичар, универзитетски професор |
Симон Шемов (р. 1 декември 1941 во Кавадарци) — македонски сликар и графичар, како и универзитетски професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.[1]
Тој е ден од првите истражувачи на алтернативните насоки во ликовната уметност, со заложба за проширување и испреплетување на медиумите
Животопис
[уреди | уреди извор]Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1964 година. Станал редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Ја афирмирал македонската уметност и надвор од државата. Интересирањето за природните феномени е присутно во сликарството, графиката, инсталациите, објектите, интервенциите во природен и урбан простор и особено во делата од рачно изработена хартија (Пантеист, 1967; Детски игри, 1972; циклусот Ангели, 1990; Шума, 2003).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Швајцарско-македонски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1651. Text "series " ignored (help)