Споменик за Преспанското советување на ЦК на КПМ
Изглед
Споменик за Преспанското советување на ЦК на КПМ | |
---|---|
Поглед на споменикот и спомен-плочата | |
Општи податоци | |
Град | Отешево |
Земја | Македонија |
Координати | 40°58′53″N 20°54′52″E / 40.9812912° СГШ; 20.9145463° ИГД |
Споменик за Преспанското советување на ЦК на КПМ или само Споменик за Преспанското советување — споменик во близина на раселеното село Отешево, во непосредна близина на брегот на Преспанското Езеро, посветен на Преспанското советување на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, кое се одржало од 2 до 4 август 1943 година.[1]
На советувањето присуствувале највисоките воени и политички раководители, а на кое биле донесени одлуки судбоносни за понатамошниот тек на НОБ и ПОМ, сè до заседанието на АСНОМ.[1]
Споменикот е изграден од армиран бетон. Состојбата на споменикот е лоша, бидејќи никој не го одржува и посетува.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Скалите до споменикот
-
Спомен-плочата кај споменикот за одржаното советување
-
Поглед на самиот споменик
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Митаноски, Веле (8 август 2014). „Репортажа Преспанско Езеро - жални остатоци од некогашниот втор туристички центар“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 30 октомври 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Споменик за Преспанското советување на ЦК на КПМ на Ризницата ?