Струшки вечери на поезијата
Струшки вечери на поезијата | |
---|---|
Мрежно место | http://www.svp.org.mk/ |
Струшки вечери на поезијата (СВП) — најголемата светска поетска манифестација што се одржува секоја година во градот Струга. Манифестацијата е основно одбележје на градот како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски поети. На поетскиот фестивал меѓу другото, се доделуваат и најголемото признание за целокупна поетска дејност, „Златен венец“, и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик. Сегашен претседател на управниот одбор на организацијата е Елизабета Шелева.[1]
Историјат на манифестацијата
[уреди | уреди извор]Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, за продолжување на вековната културна традиција на овој град, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот, одржан во Струга на 15 јули 1961 година, по повод излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Се дојде до идеја дека постојат сите услови да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер, која ќе се одржува во овој град, како смотра на поетските остварувања во Република Македонија во текот на една година.
Ваквата идеја и иницијатива наиде на позитивен одѕив и со задоволство беше прифатена од Друштвото на писателите на Македонија, Советот за култура на тогашна Народна Република Македонија и Народниот одбор на Општина Струга.
На една од своите седници, Народниот одбор на Општината во 1962 година формира прв фестивалски одбор од 7 членови, составен од претставници на Друштвото на писателитe на Македонија, културни и општествено-политички работници од Републиката и од Струга, чијшто претседател бил истакнатиот поет Ацо Шопов. Фестивалскиот одбор изготви програма распределена во четири вечери на кои настапија писатели од Македонија.
Од година на година бројот на учесници на Струшките вечери на поезијата се зголемувал. Во 1964, тие прераснаа во општојугословенски фестивал на кој зедоа учество поети од сите републики на поранешна Југославија. А веќе наредната, 1965 година, фестивалот ги премина југословенските граници и поприми карактер на меѓународна поетска манифестација на која настапија еминентни поети од неколку земји: Бугарија, Италија, Полска, Романија, поранешниот Советски Сојуз и поранешна Чехословачка. Бројот на земјите учеснички се зголемуваше. По четири години, во 1968 година, на средбите настапија поети и есеисти од 17 земји.
Во 1966 година Струшките вечери на поезијата прераснаа во институција што постојано ја дообликува својата физиономија, изградувајќи поцврсти критериуми врз кои ја конципира програмата и поканува учесници на приредбите. Советот на Струшките вечери на поезијата со своите посебно стручни комисии: програмска, селекциона, комисија за симпозиум, организационо-техничка, жири комисии за доделување награди и други, програмирано ја одвива својата дејност, настојувајќи што подобро и посодржајно да ја осмисли манифестацијата. Бројот на членови на Советот на Струшките вечери сега се движи околу 25, со претседател и двајца потпретседатели.
Струшките вечери на поезијата доживеаја брз растеж и за кусо време станаа единствена меѓународна манифестација од ваков вид, еден вид на мост меѓу литературните меридијани на светот. Тие претставуваат една значајна трибина од која што секоја година одекнува полифоничноста на поетскиот збор, неговите хумани пораки и моќта да облагородува и зближува.
Струшките вечери секоја година се вистински празник како за градот, така и за сите вљубеници на поезијата. Тие станаа значаен културен настан во светот на литературата, манифестација низ која, како низ отворен прозорец, може да се види и чуе што се случува во поезијата, во таа "земја без граници". Пропагирајќи ја поезијата и нејзините вредности, Струшките вечери имаат непроценливо значајна мисија во овој миг, во овој свет што ни се приближува, што го приближуваме.
Името на Струшките вечери на поезијата е внесено во сите поетски карти на светот. Струга е во сите оние што ја посетиле и виделе. Таа е на патот да биде и во оние што допрва ќе ја видат. "Ако постои некаде библиски небесен рај, со идеална убавина, тогаш едно негово овоземно катче е овој град" - запиша еден од многубројните странски учесници, заминувајќи од Струга.
Награди
[уреди | уреди извор]На Струшките вечери на поезијата се доделуваат неколку награди:
- Златен венец - највисока награда на фестивалот;
- Награда „Браќа Миладиновци“ - за најдобра поетска книга на македонски автор, објавена меѓу два фестивали;
- „Мостови на Струга“ - најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс;
- Награда „Енхалон“ - востановена во 2012 година како награда за најдобра песна од млад автор од Македонија прочитана на фестивалот;
- Награда „Григор Прличев“ - за најдобар препев на поезија од странски автор на македонски јазик. Во 1978 година оваа награда му се отстапила на Друштвото на литературните преведувачи од Македонија;
- Награда на Радио-Телевизија Скопје - за најдобра книга за деца објавена меѓу два фестивали;
- Награда на Нова Македонија - за најдобра песна прочитана на Струшките вечери на поезијата;
- Награда за песна - се доделувала од 1963 до 1967 година за најдобра песна прочитана на фестивалот.;
- Специјални признанија;
Награда „Златен венец“
[уреди | уреди извор]Наградата „Златен венец“ е главна награда на Струшките вечери на поезијата. Таа е една од најценетите меѓународни награди за поезија во светот.
Наградата „Златен венец“ се доделува на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро.[2]
Досегашни лауреати
[уреди | уреди извор]Награда „Браќа Миладиновци“
[уреди | уреди извор]Наградата „Браќа Миладиновци“ е награда за најдобра поетска книга меѓу два фестивала на Струшките вечери на поезијата од македонски творци. Таа е најголемата национална награда за поетско творештво.
Награда „Мостови на Струга“
[уреди | уреди извор]Наградата „Мостови на Струга“ e награда на УНЕСКО, кој е покровител на Струшките вечери на поезијата, за најдобра поетска книга меѓу два фестивали, на поет-дебитант.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „За тимот на СВП“. Архивирано од изворникот на 2020-06-09. Посетено на 2020-08-15.
- ↑ „Награда „Златен венец"“. Струшки вечери на поезијата. Архивирано од изворникот на 2019-09-01. Посетено на 2019-08-25.
- ↑ Мохамед Бенис. Дарот на Светлината. Предговор од Паскал Гилевски, Струга, 2001
- ↑ Иванова, Тина (28 февруари 2013, 12:32). „Мексиканскиот поет Хосе Емилио Пачеко - добитник на „Златен венец" на СВП“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2013-03-02. Посетено на 2013-02-28. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Ко Ун е добитник на „Златниот венец" за 2014 година“. Струшки вечери на поезијата. 21 февруари 2014. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 21 февруари 2014.
- ↑ „Кинескиот поет Беи Дао е добитник на „Златен венец" за 2015 година“. Струшки вечери на поезијата. 20 март 2015. Архивирано од изворникот на 2020-09-02. Посетено на 24 март 2015.
- ↑ „Маргарет Етвуд од Канада добитник на Златниот венец за 2016“. Cooltura. Посетено на 2016-03-21.[мртва врска]
- ↑ „Чарлс Симиќ е добитник на „Златен венец" на СВП за 2017“. Струшки вечери на поезијата. 28 февруари 2013, 12:32. Архивирано од изворникот на 2017-08-27. Посетено на 2017-08-24. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Адам Загајевски добитник на „Златен венец" на СВП 2018“. Радио Слободна Европа. 21 март 2018, 12:32. Посетено на 2018-03-21. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Романската поетеса Ана Бландијана е добитникот на наградата „Златен венец" на СВП за 2019 година“. СВП. 21 март 2019. Архивирано од изворникот на 2019-03-23. Посетено на 2019-03-23.
- ↑ „Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец" на СВП за 2020 година“. СВП. Архивирано од изворникот на 2020-07-18. Посетено на 18 јули 2020.
- ↑ „Британската поетеса Керол Ен Дафи е добитник на наградата „Златен венец" на СВП за 2021 година“. Струшки вечери на поезијата. Архивирано од изворникот на 2021-09-03. Посетено на 2 септември 2021.
- ↑ jaпонскиот-поет-шунтаро-таникава-е-доби/#more-6615 „Jaпонскиот поет Шунтаро Таникава е добитник на наградата „Златен венец" на СВП за 2022 година“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). Струшки вечери на поезијата. Посетено на 24 јуни 2022. - ↑ „Влада Урошевиќ е добитник на „Златен венец" на СВП за 2023“. Либертас. 21.03.2023. Посетено на 22 март 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Францускиот поет Жан Пјер Симеон е добитник на „Златен венец" на „Струшките вечери на поезијата"“. Кафе и книги. 21.03.2024. Посетено на 25 јуни 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на Струшките вечери на поезијата Архивирано на 22 јули 2016 г.
|
|