Прејди на содржината

Танас Луловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Танас Луловски - Тане
Роден(а)20 февруари 1940
Желево, Преспа, Егејска Македонија
Починал(а)2 август 2006
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањесликар

Танас Луловски - Тане (20 февруари 1940, Желево, Преспа, Егејска Македонија - 2 август 2006, Скопје) — македонски сликар, еден од доајените на македонското современо сликарство.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Луловски е роден на 20 февруари 1940 година во леринското село Желево, Егејска Македонија. Танас бил дел од децата бегалци за време на Граѓанската војна во Грција. Тој со голем број други деца заминал за Бела Црква, Војводина каде го завршил основното и средното образование. Подоцна заминал за Романија, каде во 1967 година завршил Институт за ликовни уметности „Николае Глигореску“, и каде ја направил првата самостојна изложба. Во 1968 година учествувал во изложбата „Наше минато“ во Скопје. Бил член на Друштвото на уметниците на Македонија. До 1985 година работел како уметник на слободна практика. Со италијанска државна стипендија специјализирал во Академијата за ликовна уметност во Рим. Од 1985 година предавал живопис на факултетот за ликовна уметност на Скопскиот универзитет. Бил носител на многу македонски и меѓународни награди. Во јули 2006 година професото д-р Владимир Величковски издал монографија за Луловски.[1] Починал во Скопје на 2 август 2006 година.