Прејди на содржината

Тоде Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тоде Ивановски
Роден 1924
(Неготино,  Кралство Југославија
Починал 2005
Битола, Македонија Македонија
Занимање сликар

Тоде Ивановски (Неготино, 1924 - Битола, 2005) — македонски сликар [1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ивановски е роден во Неготино во 1924 година, а од 1925 година живеел, се образувал и творел во Битола. Бил член на СКОЈ и како таков се вклучил во НОБ во октомври 1941. Бил припадник на Втората македонска бригада. Учествувал во Февруарскиот поход. За постигањата во текот на НОБ Ивановски бил одликуван со Орден за храброст[1]. Тоде Ивановски бил надарен цртач и сликар и по завршувањето на војната добил заслужено место во новото време, но за време на Информбирото, се замерил со тогашните власти и бил ставен на маргините[2].

Во младоста бил активен спортист, фудбалер на ФК Работник, а познат бил и како пејач-шансониер.

Во 2004 година, Завод и галерија од Битола, ја издала книгата „Тоде Ивановски: живот и дело“[3]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Творештвото на Тоде Ивановски е инспирирано од НОБ и од неговите соборци кои верувале во револуцијата и моќта на хуманоста.

Првпат излагал свои творби во с. Зборско во март 1944 година, цртежи од НОБ за ѕидниот весник на Втората македонска ударна бригада. Негови цртежи се објавувани во многу дневни листови како и на групни и самостојни изложби во сите градови низ Република Македонија. Во 1962 година била објавена неговата мапа цртежи од НОБ „Пламенот наш“ која се наоѓа во голем број светски културни метрополи: Ермитаж (Санкт Петербург, Третјаковска галерија (Москва), Национална галерија во Лондон,Художествена академија (Софија), Конгресна библиотека (Вашингтон), Варшава, Прага, Берлин и низ поглавните градови на поранешна СФРЈ.

Покрај сликите и цртежите, Тоде Ивановски исто така издал и една збирка раскази со наслов „Црвениот виор“, издадена од НИК Наша книга во 1970 година[4]

  1. 1,0 1,1 Значајни личности за Битола, 2007
  2. Последен збор...Тоде Ивановски Архивирано на 6 декември 2018 г. на семрежното место на Утрински весник
  3. Тоде Ивановски: живот и дело на семрежното место на Гугл букс
  4. Црвениот виор, Тоде Ивановски на семрежното место на Гугл букс

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]