Тунел
Тунел — подземен премин. За тунел се смета кој било премин чија должина е најмалку двапати поголема од неговата ширина.
Тунелот може да биде само за пешаци, за велосипедисти, за моторни возила, железнички тунел и сл. Постојат тунели за транспорт на вода за пиење, или тунели кај хидроелектричните централи за пренос на водата до турбините на генераторите за струја.
Во некои европски земји, постојат тунели конструирани под автопатиштата за заштита на дивите животни кои им овозможуваат непречен премин од едната на другата страна на сообраќајниците. Истовремено, овие тунели се од помош на возачите и за нивна безбедност. Современите градски сообраќајни системи - метроа, всушност се изградени врз принципот на поврзани тунели на повеќе нивоа.
Во декември 2016 година бил пуштен во употреба најдолгиот железнички тунел во светот „Готхард Бејз“, изграден во Швајцарија, а долг 57 километри. Тунелот се градел 17 години и за неговата изградба биле потрошени 11 милијарди евра. Тој ги поврзува Цирих и Лугано и поминува низ планината Свети Готхард на Алпите. Претходно, најдолг тунел во светот бил јапонскиот „Сеикан“, со должина од 53,9 километри.[1]
Видови тунели
[уреди | уреди извор]Подвозник
[уреди | уреди извор]Терминот подвозник се однесува на пат или пруга што поминува под друг пат или пруга, односно под надвозник.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пуштен во употреба најдолгиот тунел во светот“, Слободен печат, година IV, број 940, вторник, 13 декември 2016, стр. 19.
|