Прејди на содржината

Физичко ниво

Од Википедија — слободната енциклопедија
OSI модел
7 Апликациско ниво
6 Презентациско ниво
5 Ниво на сесија
4 Транспортно ниво
3 Мрежно ниво
2 Ниво на податоци
1 Физичко ниво

Физичкото ниво (англиски: Physical layer) е прво ниво во компјутерски мрежи од OSI моделот со седум нивоа, односно прво ниво во TCP/IP моделот со пет нивоа. На ова ниво се извршуваат сервиси кои ги бараат протоколите од податочното ниво и се претвораат битовите од рамката во соодветен електричен, оптички или радио сигнал а потоа го предава сигналот, го контролира преносот и приемот. Физичкиот слој ги одредува електричните и физичките спецификации на уредите, односно, го дефинира односот помеѓу уредот и пренесувачкиот медиум како што е бакарен или оптички кабел. Ова вклучува и распоред на пиновите, напон, кабелските спецификации, репетитор, мрежни адаптери и др. За разлика од погорните слоеви, овој слој целосно се однесува на хардверот и е задолжен за 3 примарни функции:

  • Стандардизација на компонентите (адаптери, мрежен интерфејс, кабли и конектори);
  • Начин на претставување на податоците (модулација и кодирање) и контролни стандарди;
  • Сигнализација, синхронизација на сигналот, предавање, прием и пренос преку медиум.

Подслој за сигнализација

[уреди | уреди извор]

Кај локалните (LAN) и метрополитските (MAN) мрежи кои користат интерконекциска OSI архитектура, подслојот за сигнализација е дел од физичкиот слој којшто:

  • Комуницира со подслојот за контрола на пристап до медиуми (MAC)кој е дел од податочното ниво;
  • Врши кодирање на карактери, пренесување, примање и декодирање;
  • Врши задолжителни изолациски функции[1]

Список на сервиси

[уреди | уреди извор]

Главните функции кои ги извршува физичкото ниво се:

  • Пренос бит-по-бит или сигнал-по-сигнал
  • Обезбедува интерфејс за медиуми за физички пренос, вклучувајќи:
  • Механичка спецификација на електрични конектори и кабли, на пример максимална должина на кабел
  • Електрична спецификација на импеданца
  • Радио интерфејс, вклучувајќи електромагнетен спектар на распределба на честота и спецификација на јачина на сигналот, аналоген пропусен опсег итн.
  • Спецификација на инфрацрвени зраци преку оптички кабел или безжичен линк за комуникација со инфрацрвени зраци
  • Модулација
  • Линиско кодирање
  • Синхронизација на битови кај синхрона комуникација
  • Старт-стоп сигнализирање и контрола на проток кај асинхрона комуникација
  • Преклопување на кола
  • Мултиплексирање
  • Воспоставување и прекинување на врски со преклопување на кола
  • Откривање на колизија која настанува кај протоколите за пристап од второто ниво
  • Forward - поправка на грешки[2]

Физичкиот слој исто така е одговорен за:

  • Стапка на битови
  • Точка-со-точка, multipoint или point-to-multipoint поврзување
  • Физичка мрежна топологија, на пример: прстен, ѕвезда, магистрала и др.
  • Сериска или паралелна комуникација
  • Simplex, half duplex и duplex начини за пренос

Список на протоколи

[уреди | уреди извор]
  • телефонски модеми V.92
  • IRDA физички слој
  • USB физички слој
  • EIA RS-232, EIA-422, EIA-423, RS-449, RS-485
  • Етернет физички слој вклучувајќи ги 10BASE-T, 10BASE2, 10BASE5, 100BASE-TX, 100BASE-FX, 100BASE-T, 1000BASE-T, 1000BASE-SX и други верзии
  • Повеќе верзии на 802.11 Wi-Fi физички слоеви
  • ISDN
  • T1 и други T-carrier врски, и E1 и други E-carrier врски
  • SONET/SDH
  • Optical Transport Network (OTN)
  • GSM Um радио интерфејс физички слој
  • Блутут физички слој
  • ITU препораки: видете ITU-T
  • Огнена жица (Firewire)
  • TransferJet физички слој
  • Etherloop
  • ARINC 818 Avionics Digital Video Bus
  • G.hn/G.9960 физички слој
  • Controller Area Network (CAN) физички слој

Споредба со TCP/IP

[уреди | уреди извор]

TCP/IP моделот, дефиниран во RFC 1122 и RFC 1123, е напреден мрежен модел кој се користи за опис на Интернетот и слични мрежи. TCP/IP не дефинира еквивалентен слој кој се занимава исклучиво со хардверски спецификации и интерфејси бидејќи овој модел не се занимава директно со физичкиот интерфејс. Кај неколку RFC-и се споменува физички слој и слој на податочна врска, но тоа е во контекст на IEEE протоколи. Кај RFC 1122 и 1123 воопшто не се споменува физички слој и слој на податочна врска.

  1. Оваа статија вклучува материјали од јавна сопственост од документот Federal Standard 1037C Архивирано на 2 март 2009 г. при Администрацијата за општи услуги на САД (со поддршка на MIL-STD-188).
  2. Bersekas, Dimitri; Gallager, Robert (1992). Data Networks. Prentice Hall. p. 61. ISBN 0-13-200916-1

Поврзано

[уреди | уреди извор]