Прејди на содржината

Филип Коруновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филип Коруновски
Коруновски во 2024 година
Роден(а)1987 (воз. 36–37 г.)
Велес, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
ОбразованиеУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“
Стилликовен уметник

Филип Коруновски (роден 1987 година во Велес) ― македонски ликовен уметник и академски вајар. Негов брат е академскиот вајар и сликар Ангел Коруновски.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Коруновски своето уметничко образование го започнал  во 2002 година во Државното средно училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“[1] на отсекот за графика и графички техники, во Скопје. Филип во 2006 година, високото образование го продолжил на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот за графика со графички дизајн, под менторство на Мирко Вујисиќ. Коруновски магистрирал на одделот за скулптура во 2011 година на истиот факултет, под менторство на Беди Ибрахим.   

Творештво

[уреди | уреди извор]

Коруновски творел како самостоен уметник. Во неговото портфолио се набројуваат повеќе самостојни изложби.

Во 2012 година започнал да работи како сценограф и дизајнер на рекламен материјал на претставата „Ноќите во бел сатен[2] во Театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, со што ја започнал својата кариера во театарот. Во 2017 Коруновски бил добитник на наградата за рекламен материјал на претставата „Ана Комнена[3] на театарскиот фестивал во Македонија - МТФ „Војдан Чернодрински“.

Согласно 2019 година, Коруновски е сценограф на 40-тина театарски во Велес, Скопје, Штип и Охрид, сценограф е исто така на една балетската претстава „Пепелашка“ во Македонската опера и балет, и графички дизајнер за поголемиот дел од истите, во ноември 2023 ја поставува сценографијата за праизведбата на претставата „Натчовек“ во Драматичниот театар во Варна. Во 2016 година го формирал „edit points“ тимот за визуелизации и видео мапинг, каде што работеле во рамки на визуелната уметност и видео инсталации. Во изминативе години покрај честите визуелизации на клубските настани, свој визуелен придонес имаат и на настани како што се Музеј „Дебар Маало“, како и техно стејџот на прилепскиот Пивофест во 2019[4]. Со проектот „Hexagon“, визуелно и концепциски дизајниран и фокусиран на интригантноста на новите медиуми и нивните можности, учествувале на последниот од серијата настани „Neuland“ во организација на Reborn.mk. Во 2021 имале свој настап на фестивалот на Џез, world и современа музика во организација на здружението Арт Генератор во Велес, како и на отворањето на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Во Ликовниот салон во Велес во 2011 година, Коруновски ја поставил својата прва самостојна изложба на цртежи, колажи и слики насловена како „Урбана Синтеза”.[5] Самостојни изложбиː

  • 2011 година, изложба со асемблажи и скулптурални објекти “Р.Р.Р.” во Ликовниот салон во Велес.
  • 2019 година, изложба „Nicht zu wissen” во Берлин, Германија.   
  • 2020 година, изложба „Несознајно” која што беше поставена во Ликовниот Салон во Велес во текот на октомври, оваа изложба претставувала современо естетско истражување на човечките емоции во ликовното изразување, истражување во рамките на класичното портретно сликарство но истовремено и современ портретен мурален реализам. Оваа изложба исто така била поставена и во Неготино и Кавадарци.
  • 2021 година, Филип Коруновски ја поставува изложбата „Носталгија на изолацијата“ во домот за култура во Демир капија а подоцна и во Ликовниот салон во Велес и МКЦ.[6]
  • 2021 Филип со Ангел Коруновски ја поставиле изложбата “Symbiotics” во МКЦ, Кавадарци и Велес. Филип Коруновски асистирал при работата на триесетина јавни скулптури во Скопје и државата. Во 2009 година Коруновски станал соработник на краткиот анимиран филм „Хансел и Гретел - Вистинската приказна“ во режија на Гоце Цветановски. Во 2020 година работел на web проектот „Тој и таа“ – web перформанс во време на пандемијата, проект со 12 епизоди.
  1. „Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски": Изложба на најдобри дела од изминативе 10 години“. Радио Лидер. Посетено на 2024-10-18.
  2. „Ноќите во бел сатен, премиерно во велешки театар петок“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-10-18.
  3. „АНА КОМНЕНА - Македонски театарски фестивал“. Посетено на 2024-10-18.
  4. markukule (2019-06-27). „EKСКЛУЗИВНО: Ова е програмата за "Пивофест 2019". Маркукуле. Посетено на 2024-10-18.
  5. „Најава: „Урбана синтеза" во ликовниот салон“. arhiva.veles.gov.mk. Посетено на 2024-10-18.
  6. „Изложба „Носталгија на изолацијата" на Филип Коруновски во МКЦ“. Радио МОФ (англиски). 2022-03-14. Посетено на 2024-10-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

https://umno.mk/izlozhba-na-filip-korunovski-vo-mkc/

https://duma.mk/kultura/prva-zaednichka-izlozhba-na-sliki-na-filip-i-angel-korunovski-vo-veles/

https://www.radiomof.mk/izlozhba-nostalgija-na-izolacijata-na-filip-korunovski-vo-mkc/

Изложба на портрети насловена како „Несознајно“ на ликовниот уметни Филип Коруновски

Креативна дружба си Филип Коруновски