Прејди на содржината

10 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< мај >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2024

10 мај — 130-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (131-и во престапна година). Остануваат 235 денови до крајот на годината.

Настани:

1497  Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргна на првото патување во Новиот Свет. Во текот на патувањето, вплови до бреговите на Хондурас и на Бразил и откри нов континент меѓу Европа и Азија, наречен по него Америка.
1503  Морепловецот Кристофер Колумбо прв ги забележува Кајманските Острови
1877  Романија прогласува независност од Отоманското Царство
1989  Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загина Димитар Илиевски.

Родени:

1731  Виктор Луј — француски архитект, добитник на Римската награда.
1748  Луј Жан Пјер Вјејо — француски орнитолог.
1876  Иван Цанкар — словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист.
1878  Густав Штрасеман — германски канцелар.
1879  Симон Петљура — украински политички деец.
1899  Фред Астер — американски глумец и танчер.
1924  Јулија Друнина — советска и руска поетеса.
1931  Еторе Скола — италијански режисер.
1937  Тамара Прес — советска атлетичарка.
1938  Мануел Сантана — шпански тенисер.
1949  Мјуча Прада — италијански моден творец.
1952  Слај Данбар — јамајски реге-музичар.
1957  Фил Мер — американски скијач.
1957  Стив Мер — американски скијач.
1957  Џавит Асани — македонски политичар и поранешен член на ОНА.
1958  Влада Дивљан — српски и југословенски рок музичар.
1960  Боно — ирски пејач, член на рок-групата „У2“ (U2).
1960  Мерлин Оти — јамајско-словенечка атлетичарка.
1966  Џонатан Едвардс — англиски атлетичар.
1969  Денис Беркамп — холандски фудбалер.
1980  Кирил Лазаров — македонски ракометар.
1988  Адам Лалана — англиски фудбалер.
1991  Џанмарко Ѕигони — италијански фудбалер.
1991  Тим Веленс — белгиски велосипедист.
1991  Кевин Менса — дански фудбалер.
1995  Миси Френклин — американска пливачка.
1997  Енес Унал — турски фудбалер.

Починале:

1509  Катерина Сфроца — грофица од Форли.
1774  Луј XVкрал на Франција.
1889  Михаил Салтиков-Шчедрин — руски писател и новинар.
1964  Михаил Ларионов — руски сликар.
1969  Томо Смилјаниќ - Брадина — македонски и српски етнограф.
1975  Атанас Великов Атанасов — македонски борец.
1977  Џоана Крафорд — американска артистка.
1979  Антун Аугустинчиќ — југословенски и хрватски вајар.
1979  Ита Рина — словенечка и српска глумица.
1980  Калман Конрад — унгарски фудбалер.
1989  Димитар Илиевски - Мурато — македонски алпинист.
1989  Доминик Татарка — словачки писател.
1994  Клинт Брукс — американски литературен критичар.
2006  Александар Зиновјев — руски филозоф, социолог, есеист и книжевен сатиричар.
2006  Џон Хикс — американски џез-музичар.
2008  Лејла Генчер — турска оперска пејачка.
2021  Лојд Прајс — американски рокенрол музичар.