Прејди на содржината

Eazy-E

Од Википедија — слободната енциклопедија
Eazy-E
Животописни податоци
Родено имеЕрик Лин Рајт
Роден(а)7 септември 1964(1964-09-07)
ПотеклоКомптон, Калифорнија
Починал(а)март 26, 1995(1995-03-26) (возр. 30)
ЖанровиGangsta rap, West Coast hip hop, G-funk
ЗанимањаРапер, продуцер
Период на активност1985–1995
ИздавачиRuthless, Priority, Relativity, Epic, MCA
СоработнициN.W.A, Above The Law, B.G. Knocc Out, Dresta, Kokane, Bone Thugs-n-Harmony
Мреж. местоEazy-E.com

Ерик Лин Рајт (7 септември 1964 - 26 март 1995) познат под неговиот прекар Изи-И (Eazy-E), беше американски рапер и продуцер од Комптон, Калифорнија.[1] Тој се смета дека го пронашол поджанрот на рапот, gangsta rap (гангстерски рап). Изи стана познат со групата N.W.A, а подоцна и како соло-артист.

Изи-И е познат по неговиот низок глас како на момче и неговите текстови фокусирани на уличниот живот и бандите, вклучувајќи оружје, дрога, секс и омраза кон полицијата. Изи бил домаќин на радио емисија на радиото ККБТ, во Лос Анџелес.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Рани години

[уреди | уреди извор]

Ерик Рајт е син на Ричард и Кејти и се родил на 7 септември 1964 година, во Комптон, Калифорнија, предградие на Лос Анџелес. Татко му работел како поштар, а мајка му како директорка во училиште. Ерик бил избркан од средно училиште бидејќи продавал дрога. Тој бил член на бандата „Крипс“ кај Кели Парк кога бил тинејџер, а подоцна ширум градот.

Ruthless Records, N.W.A и Eazy-Duz-It (1987-1991)

[уреди | уреди извор]

Во 1987 г., искористувајки ги парите кои ги собрал од продавање дрога, Изи заедно со Џери Хелер ја основале издавачката куќа „Рутлес Рекордс“ (Ruthless Records). Кога ќе се придружат Д-р Дре и Ајс Кјуб на Рутлес, Изи заедно со нив ја формира групата N.W.A. Подоцна дошле Ди-Џеј Јела и Арабски Принц. Во овј период, Рутлес го издава албумот N.W.A and the Posse во 1987, а подоцна најуспешниот албум Straight Outta Compton во 1988. Еден месец подоцна, Изи го издава својот прв соло албум „Eazy-Duz-It“. Албумот се продал во 2 милиони копии, кој ја добил титулата „double platinum album“. Во овој албум биле сингловите We Want Eazy и Eazy-Er Said Than Dunn. Приота му помагале и останатите членови на N.W.A, пример текстовите му ги пишувал Ајс Кјуб.

Крај на N.W.A. и конфликт со Д-р Дре (1991-1994)

[уреди | уреди извор]

Недоразбирања околу парите предивикале да N.W.A се распадне во 1991 година. Другите членови мислеле дека Изи и и Џери Хелер крадат пари од групата. Ајс Кјуб прв ја напуштил групата како последица од тоа, и ја напишал песната No Vaseline, во која ги навредува N.W.A. Подоцна, поради истата причина, Д-р Дре ја напуштил групата и ќе ја основа издавачката куќа Death Row Records. Оттогаш Изи-И и Д-р Дре почнале да пишуваат песни во кои се навредуваат еден кон друг. Најпознати такви се Real Mothafucking G's на Изи-И и Fuck Wit Dre Day на Д-р Дре.

Болест и смрт (1995)

[уреди | уреди извор]

На 16 март 1995, Изи отишол во болницата „Седарс Синаи Медикал Центар“ во Лос Анџелес. Тој мислел дек аима астма, а всушност бил болен од ХИВ вирус. Тој наскоро им кажал на обожавателите дека е болен. На 26 март 1995, во околу 6:35 часот по тихоокеанско време, Изи починал. Тој имал 31 година. Истата недела пред да умре, тој се смирил со Д-р Дре и Ајс Кјуб и за последен пат се упатил кон своите обожаватели.[2]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • 1988: Eazy-Duz-It
  • 1992: 5150: Home 4 tha Sick
  • 1993: It's On (Dr. Dre) 187um Killa
  • 1995: Str8 off tha Streetz of Muthaphukkin Compton (посмртно)
  • 2002: Impact of a Legend (посмртно)
  1. Miller, Michael (2008). The Complete Idiot's Guide to Music History. Alpha. стр. 219. ISBN 1-59257-751-2.
  2. Gale, Alex. „Eazy-E Associate Claims He Was Murdered | News“. BET. Посетено на 2013-02-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]