Прејди на содржината

Ахил

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Гневот на Ахил“ од Франсоа-Леон Бенувиј, 1859 г.

Ахил, Ахилеј или Ахилес (старогрчки: Άχιλλεύς = „без усни“) — во старогрчката митологија, син на кралот Пелеј и на божицата Тетида, главен јунак во Илијадата[1] и најголемиот старогрчки јунак во Тројанската војна. Мирмидонците, племе од Тесалија, имале крал по име Пелеј, чиј двор се наоѓал во Фитија. Ахил растел и се воспитувал според македонските кралски обичаи, со кралски другари и придружба во учењето, игрите и борбите.[2] Негови воспитувачи биле прославениот калидонски ловец Феник и кентаурот Хирон: првиот го учел ораторство и воени вештини, а вториот — лекарски вештини.[3] Во митологијата, Ахил најчесто е претставен како совршен човек кој верува во честа, не лаже, и убива само кога е во опасност. Тој се одликува со неизмерна сила, а неговата слаба точка е петата: според легендата, неговата мајка, кога го родила, го потопила во реката Стикс за да го направи бесмртен, а единствено место каде водата не допрела била неговата пета, која воедно е единствениот ранлив дел од неговот тело. Принцот Парис случајно го открил слабото место на Ахил и така успеал да го убие.[4]

Ахил како мотив во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр.200.
  2. www.mn.mk
  3. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 163.
  4. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 568-579.
  5. YouTube, Bob Dylan - Temporary Like Achilles - Lyrics (пристапено на 23.12.2019)