Посејдон бил син на Хрон и Реја, а по симнувањето на татка си од престолот, тој и браќата Зевс иАд, фрлале коцка за поделбата на светот: т.е. кој ќе владее со небото, морето и подземниот свет, додека се договориле со земјата да владеат заедно. Така, Посејдон ја добил власта над морето. Според големината, Посејдон е еднаков на Зевс, но не и според власта. По поделбата на власта, заминал од Ајгеј, градејќи свој стан во подводниот свет. Во пространите штали чувал бели коњи со бронзени потковици и златни гриви и кочии со кои ги смирувал бурите, а морските чудовишта излегувале на површина покрај нив. Ја посакал Тетида, но кога дознал дека секое дете што ќе се роди со неа ќе биде поголемо од татка си, се откажал. Потоа, со помош на делфин ја освоил Амфитрида, која претходно се гадела од него. Со неа, Посејдон изродил три деца Тритин, Род и Бентеским. Посејдон бил голем љубовник, како и неговиот брат Зевс. Бил кавгаџија, се скарал со Атена, понекогаш се светел со поплави, бури бранови, а кога Зевс му забранил да создава поплави, тој предизвикал суша.[2]
Во чест на Посејдон, на Коринт биле одржувани игри, познати како Истамски игри.[3]