Прејди на содржината

Википедија:Начела и напатствија

Од Википедија — слободната енциклопедија


Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:НН
ВП:НИН

Википедија претставува континуриан, бескраен процес — ако напишете нешто добро, можно е тоа да постои со векови! Додека уредувате, Ве молиме имајте ги на ум следниве работи и наскоро ќе забележите дека правите корисни придонеси на проектот.

Примарната цел на Википедија е да создава висококвалитетна енциклопедија, па повеќето страници се енциклопедиски статии. Сепак, бидејќи не постои официјална структура која го дефинира квалитетот на статиите, заедницата на Википедија создаде сопствени правила, процедури и вредности кои продолжуваат да еволуираат. Некои од овие вредности се неформални и наскоро ќе ги научите преку набљудување, прашување или преку известување од други корисници. Останатите се формални (и се опишани преку страници чии наслови ја имаат претставката „Википедија:“, како оваа страница). Овие страници го отсликуваат здравиот разум во врска со тоа како Википедија функционира и што се обидува да направи, но го отсликуваат и насобраното искуство на стотици уредувачи кои постојано учат и ги рафинираат основните вредности, нешто што ни помага да избегнуваме или разрешуваме конфликти околу содржината и што нè води во нашиот постојан труд да подобруваме енциклопедиски статии.

Не постои строг комплет од правила. Наместо тоа, постојат начела и напатствија:

  • Начелата се општоприфатени стандарди што сите уредувачи треба да ги следат. Тие ги отсликуваат основните идеи врз кои е заснован проектот. Некои од нив се специфично создадени и имплементирани од Фондацијата Викимедија како правен сопственик на Википедија;
  • Напатствијата се советодавни страници кои илустрираат кои се најдобрите начини за да се направи нешто, но не мора строго да се почитуваат како начелата (иако нивната примена е пожелна). Кога начело и напатствие се во контрадикторност, преседан зема начелото. Напатствијата кажуваат како да се спречат или решат проблеми и како да се применат и извршат начелата во специфични околности.

Овде можете да видите луѓе кои прават работи кои не се во согласност со овие напатствија, но кои можат да бидат во согласност со начелата на Википедија. Во многу случаи, добро-информирани и добронамерни уредувачи кои работат на некоја статија треба само да се согласат меѓусебно за најсоодветниот начин на подобрување на статијата.

Запомнете: Држете се до општоприфатените стандарди и прифаќајте ги формалните и неформалните совети. Ако некое правило Ви пречи во подобрувањето или одржувањето на Википедија, искористете здрав разум и игнорирајте го.