Настани во јуни
Изглед
1880 | Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на. банката „Јејл“ во Њу Хевен. |
1941 | Втора светска војна: Германците го освоија Крит и заробија 13.000 британски војници со што обезбедија важна база за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка. |
1953 | Во Женева е основана Европската организација за јадрени истражувања. |
1992 | Во Скопје е поставен камен-темелникот на Домот-музеј на народната музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година. |
1994 | Армандо Калдерон Сол стана прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава. |
1994 | ЈАР по 33 години се врати во Британскиот комонвелт. |
1994 | Во Скопје е поставен камен - темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација. |
1998 | Соња Николовска, сопственик на пирамидалната штедилница „ТАТ” е осудена на казна затвор од 8 години. |
2005 | Жан-Пол Пруст станува Државен министер (шеф на владата) на Монако. |
2008 | На вонредните парламентарни избори во Република Македонија победи ВМРО ДПМНЕ освојувајќи повеќе од половината од пратеничките места. Изборите беа проследени со насилства и употреба на огнено оружје, при што едно лице го загуби животот, а повеќемина беа ранети.
|
1739 | Во Стокхолм е основана Кралската шведска академија на науките. |
1924 | Конгресот на САД им го признач правото на државјанство на сите Индијанци. |
1945 | Комисијата за јазик и правопис дефинитивно го усвои проектот на македонскиот правопис, кој е озаконет со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија од 7 јуни 1945 година. |
1946 | Во Италија со референдум е прогласена Република. Затоа 2 јуни е прогласен за национален празник на Италија. |
1966 | На Месечината се спушти првиот американски вселенски брод „Сервејер-1“, без човечки екипаж. |
2004 | Хари Костов е избран за премиер на Република Македонија. Опозицијата не присуствуваше на гласањето за избор на новиот владин Кабинет, што го предложи Костов. |
1098 | Прва крстоносна војна: Крстоносците го зазеле градот Антиохија. |
1326 | Потпишан Договорот од Новогород со кој се дефинирани новите граници помеѓу Русија и Норвешка. |
2006 | Црна Гора и формално објавува независност од Србија, со што завршува нивното 88-годишно живеење во заедничка држава. |
781 п.н.е. | За првпат во пишаната историја, во Кина е забележано затемнување на Сонцето. |
1896 | Индустријалецот и пронаоѓач Хенри Форд се провозел на својот „квадрицикл“. |
1917 | Доделени се првите Пулицерови награди во САД. |
1920 | Во Париз е склучен Тријанонскиот договор со кој на Унгарија ѝ се одземени околу две третини од територијата и населението. |
1944 | Втора светска војна: Американските и Британските сојузници го зазедоа Рим. |
1989 | Протестите на плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг, Кина се крваво задушени со употреба на воена сила врз демонстрантите кои барале демократизација на општеството. |
1989 | „Солидарност“ победи на изборите во Полска, што го означи почетокот на распадот на комунистичките режими во источна Европа. |
2010 | Наото Кан е назначен за Премиер на Јапонија, по оставката на неговиот претходник Јукио Хатојама. |
1827 | Во турско-грчката војна, турската војска го освоила Акропол и влегла во Атина. |
1944 | Втора светска војна: Над 1.000 британски бомбардери исфрлиле преку 5.000 тони бомби над Нормандија, во подготовка на десантот следниот ден - Денот Д. |
1947 | Во говорот пред Харвардскиот универзитет, државниот секретар на САД Џорџ Маршал предлага економска помош за обнова на западна Европа - зачеток на тн. Маршалов план. |
1968 | Претседателскиот кандидат во САД Роберт Кенеди е застрелан во Лос Анџелес од палестинецот Сирхан Сирхан и умрел следниот ден. |
1972 | Во Стокхолм е одржана Првата конференција на ОН за животна средина. Оттогаш 5 јуни е прогласен за Светски ден за заштита на животната средина. |
1992 | Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија. |
1944 | Втора светска војна - Денот Д: Над 155.000 американски, британски и канадски војници се истоваруваат на плажите на Нормандија. Започнува операцијата Оверлорд за продор на сојузниците во западна Европа. |
1783 | Вулканот Лаки на Исланд започнува осуммесечна ерупција во која загинале 9.000 лица и предизвикал седумгодишен глад во Европа и Америка. |
1942 | Втората светска војна: Јапонски подморници ги бомбардирале Сиднеј и Њукасл во Австралија. |
1949 | Џорџ Орвел го објавил романот „1984“. |
1986 | Курт Валдхајм е избран за претседател на Австрија, наспроти обвинувањата за злосторства, кои како нацистички офицер наводно ги вршел во Втората светска војна. |
68 | Римскиот цар Нерон извршил самоубиство за да ја избегне смртната казна со која му била изречена од Римскиот сенат. |
1534 | Жак Картие станал првиот европеец кој пловел по реката Сент Лоренс. |
1815 | Завршил Виенскиот конгрес на кој е прекроена картата на Европа по поразот на Наполеон. |
1967 | На петтиот ден од Шестдневната војна Израел ја окупирал Голанската Висорамнина во Сирија и стигнал до Суецкиот Канал на територијата на Египет. |
1999 | По 78-дневно бомбардирање, СР Југославија потпишалa мировна спогодба со НАТО. |
1786 | Во покраината Сечуан во Кина, попуштила природната брана на реката Даду создадена од земјотрес десет дена порано, по што во поплавите настрадале околу 100.000 луѓе. |
1793 | Паркот на растенијата (Jardin des Plantes) е отворен во Париз, а по една година станал и првата јавна зоолошка градина во светот. |
1940 | Втора светска војна: Италија им објавила војна на Франција и Обединетото Кралство, а Франклин Рузвелт го осудил овој чин како „нож во грбот“ од Италија. |
1940 | Втора светска војна: Канада ѝ објавила војна на Италија, поради претходната објава на војна на Обединетото Кралство од страна на Италија. |
1940 | Втора светска војна: германските сили под команда на Ервин Ромел стигнале до каналот Ламанш. |
1941 | Втора светска војна: Авионот на заменикот на Хитлер, Рудолф Хес се урнал во Шкотска во мисија за преговори за окончување на војната со Британија. Бил уапсен, осуден во Нирнбершките процеси, и останал во затвор до 1987 г. кога наводно се самоубил на 93-годишна возраст. |
1942 | НОВ: Почнала Битката на Козара, дел од повоената митологија на СФРЈ, помеѓу краишките партизани и германските војски помогнати од Усташите. Во битката, која траела до 18 јули 1942 година, загинале околу 2200 краишки партизани, а во логори биле однесени голем број цивили. |
1943 | Дирекцијата на бугарската полиција во Софија им наредила на обласните началници на полицијата строго сроведување на наредбата на Владата за конфискација на целиот имот на партизаните и нивните семејства, како и на поддржувачите на партизаните во Македонија. |
1967 | Шестдневната војна завршила со прекинот на огнот помеѓу Израел и Сирија. |
1994 | Виетнам воспостави дипломатски односи со Република Македонија. |
1691 | Ахмед II на турскиот престол го наследи султанот Сулејман III. |
1798 | Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта. |
1812 | Наполеон Бонапарт, француски цар, на чело на „Големата армија“ ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија. |
1898 | Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на Американско-шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој тихоокеански архипелаг стекна формална независност во 1946 година. |
1944 | Кај селото Стрмашево, Неготинско, дел од Втората македонска НОУ бригада го нападна и го разби бугарскиот полициски одред „Бенковски“. Во оваа борба загина и Коце Стојановски - Металец, истакнат борец и револуционер. |
1945 | Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци. |
1946 | Одигран е фудбалски натпревар за првиот повоен Првак на Македонија помеѓу „Победа“ и „Македонија“ (2:1). Притоа е остварен и првиот фудбалски радиопренос на Радио Скопје, со коментар на Коле Чашуле. |
1964 | Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште 7 противници на расистичкиот режим во Јужноафриканската Република, осудени се на доживотна робија. Ослободен е во 1990 година, а во 1994 година даде заклетва како прв црнец претседател на земјата. |
1976 | При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв. |
1991 | Борис Елцин е избран за претседател на Русија. |
1993 | Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница. |
1997 | Република Македонија и Република Џибути воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
2001 | Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, во екот на борбените дејства. |
2016 | Најмалку 50 луѓе биле убиени и 53 други повредени во напад во ноќен клуб во Орландо, Флорида. Напаѓачот бил убиен од полициските сили. |
313 | Римските совладетели Константин I и Лициниј го издаваат Миланскиот едикт со кој гарантираат верска толеранција. Со тоа запираат вековните прогони на христијаните. |
1894 | Пуштена е во сообраќај железничката линија Битола - Солун. |
1944 | Втора светска војна: Германија започна да го бомбардира Лондон со ракети „Фау-1“ (V-1). |
1956 | Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет. |
1973 | Во Париз, САД, Северен Виетнам, Јужен Виетнам и ослободителното движење Виетконг потпишаа Договор за прекин на огнот. |
1983 | Американското вселенско летало Пионир 10 ја помина орбитата на Нептун. Тој претставува првото вселенско летало од Земјата кое го напуштило Сончевиот Систем. |
1993 | Ким Кемпбел стана прва жена премиер во историјата на Канада. |
2017 | Излегол последниот број на дневниот весник „Дневник“. |
1777 | Знамето на САД со 13 црвено-бели ленти и 13 ѕвезди на сино поле во горниот лев агол е усвоено од Конгресот на САД. |
1789 | Виски дестилирано од пченка за првпат е произведено од американскиот свештеник Елаја Крејг. Го нарекле Бурбон по местото на настанување: областа Бурбон во Кентаки. |
1800 | Наполеон Бонапарт на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија. |
1940 | Група од 728 полски политчки затвореници од Тарнув стануваат првите жители на концентрациониот логор Аушвиц. |
1941 | СССР извршил масовна депортација и убиства на Естонци, Литванци и Летонци од нивните домови. |
1962 | Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената, подоцна преименувана во Европска вселенска агенција. |
1982 | Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург го склучиле Шенгенскиот договор. |
1985 | Фолкландската војна завршила со безусловно предавање на аргентинските сили на британците. |
1993 | Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција. |
1996 | Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар. |
1752 | Бенџамин Френклин, го докажа односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден е пронајден громобранот. |
1919 | Во директен лет од Њуфаундленд, Северна Америка до Ирска, британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетаа Атлантикот. Летот траеше 10 часа и 12 минути. |
1920 | На Конгресот во Хаг е основана Светската конференција на трудот. |
1967 | Жорж Помпиду е избран за претседател на Франција. |
1994 | Израел и Ватикан воспоставиле целосни дипломатски односи по историскиот договор за меѓусебно признавање и помирување, и формално окончувајќи го вековното несогласување меѓу Евреите и Римокатолиците. |
1994 | Република Македонија и Република Боливија воспоставиле дипломатски односи. Република Боливија е прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспостави дипломатски односи. |
1671 | Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки. |
1779 | Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар. |
1943 | Масакрот во Ваташа; Бугарските окупаторски војници стрелале 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“. |
1960 | Претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер ја одложи посетата на Јапонија поради антиамериканските немири во таа држава. |
1963 | Првата жена космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Восток-6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут. |
1997 | Република Македонија и Кувајт воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
1999 | Рабо Мбеки од Нелсон Мандела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка. |
1944 | Основана е Република Исланд, со што завршила унијата меѓу таа островска земја и Данска. |
1947 | Прогласена е независноста на Република Бурма, дотогаш британска колонија. |
1967 | Владата на Народна Република Кина објави дека изврши прва експлозија на атомска бомба. |
1971 | САД и Јапонија потпишаа спогодба со која островот Окинава ѝ е вратен на Јапонија. |
1990 | Основана е политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. |
1583 | Во Лондон е издадена првата полиса за животно осигурување во светот. |
1821 | Свечено отворен Кралскиот драмски театар (денес Концертен дом) во Берлин. |
1940 | Втора светска војна: Германците го зазедоа француското пристаниште Шербур. |
1940 | Шарл де Гол, француски генерал, ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“. |
1953 | Египет е прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет станал Нагиб. |
1965 | Во Алжир е извршен воен преврат брз државата. Хари Бумедиен ја презеде власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела. |
1996 | Венјамин Нетанјаху ја презеде должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција. |
1997 | Турскиот премиер Неџметин Ербакан поднесе оставка на функцијата. |
2000 | Башер ел-Асад е избран за водач на владеачката сириска партија Баас, по смртта на претседателот Хафез ел-Асад. |
1819 | Американскиот пароброд „Савана“ пристигнал на пристаништето во Ливерпул. Ова е првиот брод на водена пареа кој преминал Атлантикот. |
1862 | Конгресот на САД донел решение за укинување на ропството на својата територија. |
1913 | Започнало Тиквешкото востание — организиран масовен народен вооружен отпор против српската окупација на Македонија и посрбувањето. |
2014 | Филип VI бил крунисан за крал на Шпанија. |
1936 | По повод организираниот штрајк на македонските градители, овој датум е прогласен за Ден на градежните работници на Македонија. |
1963 | САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба за воспоставување на „црвен телефон“, меѓу Москва и Вашингтон. Директна линија е воспоставена по кубанската криза заради итни консултации меѓу шефовите на двете велесили во критични ситуации. |
1979 | Во издание на НИП „Нова Македонија“, редакција „Вечер“, излезе првиот број на енигматскиот забавник „Котелец“. |
1996 | Во Брисел, Република Македонија и Европската унија, со размена на писма го прифатија текстот на Спогодбата за соработка. |
1818 | Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот. |
1935 | Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата. |
1963 | Франција ги повлече поморските сили од НАТО. |
1990 | Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна. |
1994 | Република Македонија и Република Киргистан воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1994 | Почна пописот на населението, домаќинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија. |
1996 | Република Македонија и Туркменистан воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
217 п.н.е. | Птоломеј IV го поразил Антиохиј III од Селевкидското кралство во Битката кај Рафија (денешна Рафа на границата помеѓу Палестина и Египет). |
168 п.н.е. | Четврта македонско-римска војна: Во Битката кај Пидна, Римската Република ја поразила војската на македонскиот крал Персеј од антигонидската династија. |
1633 | Светата канцеларија во Рим го принудила Галилео Галилеј да се откаже од неговите научни тези дека Сонцето, а не Земјата, е центар на вселената. |
1815 | Наполеон абдицирал по вторпат по поразот во Битката кај Ватерло. |
1889 | Германија под водство на канцеларот Ото фон Бизмарк прва во светот вовела пензиски систем за работниците, земјоделците, занаетчиите и слугите постари од 70 години. |
1941 | Втора светска војна: Почеток на операцијата „Барбароса“ — Германија го нападна СССР. |
1976 | Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинувањето на смртната казна. |
1978 | Откриен е Харон, сателитот на џуџестата планета Плутон. |
1633 | Светиот суд во Рим го осуди Галилео Галилеј на доживотна робија (подоцна сменета во куќен притвор), а неговите дела ги забрани како опасни за христијанството. |
1868 | Кристофер Латам Шолс добил патент за машината за пишување. |
1894 | Во Париз основан Меѓународниот олимписки комитет, по иницијатива на баронот Пјер де Кубертен. |
1958 | Холандската протестантска црква ги прифати жените за свештеници. |
972 | Се одвива Битката кај Цедиња во близина на истоимениот град во Полска, во која полските сили ја забележуваат својата прва победа во историјата на војувањето. |
1441 | Формиран е Колеџот Итон. |
1497 | Џон Кабот стапнува на северноамериканско тло кај Њуфаундленд, Канада - прво европско откритие на регионот по Викинзите. |
1509 | Хенри VIII после женидбата со Катерина, вдовицата на својот брат, бил крунисан во Вестминстерската капела за крал. |
1793 | Усвоен првиот републикански устав во Франција. |
1859 | Пиемонт и Франција ја поразуваат Австрија кај Солферино, Северна Италија. Битката кај Солферино ќе го поттикне Анри Динан да го основа Црвениот крст. |
1861 | Од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат „Зборникот народни умотворби“ на браќата Миладиновци. |
1894 | Бил извршен атентат на францускиот претседател Сади Карно, кој се борел за ограничување на синдикалните права. |
1901 | Првата изложба на Пабло Пикасо во Париз. |
1910 | Јапонија ја освојува Кореја. |
1918 | Гигантскиот топ Големата Берта започнува со бомбардирање на Париз. |
1940 | Франција и Италија потпишуваат примирје. |
1944 | Македонска делегација во состав: Методија Андонов - Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев на Вис се среќаваат со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, на средбата делегацијата го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача. |
1945 | Одржана парадата на победата над фашизмот во Москва. |
1947 | Прв познат случај на средба со НЛО. Кенет Арнолд, летајќи над Вашингтон, забележува девет светлечки дискови во форма на чинии. |
1983 | Јасер Арафат протеран од Дамаск. |
1990 | Основана е Работничката партија, левичарска политичка партија во Република Македонија. |
1991 | Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ. |
1996 | Мајкл Џонсон го надминува светскиот рекорд на 200 метри, со време од 19,66 секунди. |
1999 | Гитарата на Ерик Клептон со која е снимена „Лејла“ е продадена на аукција за 497.500 долари. |
1876 | Се одвива Битката кај Литл Биг Хорн во која умира Џорџ Армстронг Кастер. |
1950 | Започнува Корејската војна. |
1991 | Хрватска и Словенија ја објавуваат својата независност од Југославија. |
1998 | На пазарот лансиран е оперативниот систем Microsoft Windows 98. |
2009 | Мајкл Џексон, кралот на поп-музиката, починал во Лос Анџелес поради предозираност со анестетици на 50-годишна возраст. |
1541 | Во Лима, денес главен град на Перу, е убиен конквистадорот Франсиско Писаро. |
1819 | Патентиран е велосипедот. |
1941 | Во околината на Разлог, Никола Парапунов ја формирал првата партизанска чета на територијата на фашистичка Бугарија. |
1945 | На конференција во Сан Франциско, делегати од 50 земји ја потпишале Повелбата за основање на Обединетите Нации. |
1948 | Студена војна: Западните сојузници воспоставиле воздушен мост до Западен Берлин, по блокадата на патишатата од страна на СССР. |
1948 | Вилијам Шокли го патентирал транзисторот. |
1959 | Отворен е пловниот пат помеѓу реката Сент Лоренс и Големите езера. |
1960 | Мадагаскар, претходно под управа на Франција, стекнал независност. |
1963 | Џон Ф. Кенеди го одржал својот најпознат говор - „Ich bin ein Berliner“. |
1976 | Во Торонто е отворена телевизиската кула ЦН Тауер, во тоа време највисоката градба во светот. |
2000 | Меѓународниот тим на научници го објавил епохалното научно откритие - картата на човечките гени. |
2015 | Врховниот суд на САД ги озаконил истополовите бракови на ниво на цела држава. |
1858 | Со мирот во Тјенѓин завршил првиот дел на Втората опиумска војна. |
1931 | Руско-американскиот авиоконструктор Игор Сикорски го патентирал хеликоптерот. |
1941 | Унгарија и Финска му објавија војна на СССР. |
1950 | Во ФНРЈ е донесен Законот за работничко самоуправување. |
1950 | Студена војна: САД решиле да интервенираат во Корејската војна. |
1954 | Првата атомска централа во светот е отворена во Обнинск, СССР. |
1967 | Првиот банкомат во светот е пуштен во работа во Лондон. |
1979 | Мухамед Али го објавува своето повлекување од боксот. |
1991 | Започнала десетдневната војна за независност, во која Територијалната одбрана на Словенија ја принудила ЈНА на повлекување. |
1098 | Во Првата крстоносна војна крстоносците ги поразиле Турците во Битката кај Антиохија. |
1389 | Се случила Косовската битка во која Србија била поразена од Османлиите. |
1914 | Австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата жена Софи се убиени од страна на Гаврило Принцип во Сараево, причината за почеток на Првата светска војна. |
1919 | Потпишан е мировен договор во Версај, Париз со што завршува Првата светска војна. |
1948 | Донесена е Резолуцијата „За состојбата во КПЈ“ попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија да му се вратат марксизмот и ленинизмот. |
1967 | Израел го анектира Источен Ерусалим. |
1989 | На Газиместан на Косово одбележан е јубилејот 600 години од Битката на Косово. Централен настан на прославата, на која присуствувале околу еден милион луѓе, бил говорот на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ со кој започнал неговиот подем како политичар. |
1993 | Република Македонија станува членка на УНЕСКО. |
2001 | Поранешниот српски и југословенски претседател Слободан Милошевиќ бил предаден на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, како прв шеф на држава кој бил предаден на Судот. |
1838 | Крунисана е британската кралица Викторија. |
1880 | Франција го анектира Тахити. |
1888 | Првата позната снимка на класична музика - Хендловиот ораториум Израел во Египет. |
1914 | Јина Гусева се обидува да го убие Григориј Распутин во неговиот дом во Сибир. |
1948 | Југославија е исклучена од Коминформот. Започнуваат прогони на идеолошките приврзаници на СССР во Југославија, тнр. период на Информбирото. |
2002 | Судири меѓу Северна и Јужна Кореја доведуваат до смрт на четири јужнокорејски морнари и до потопување на севернокорејски брод. |
2005 | Канада станува трета земја во светот, по Холандија и Белгија, која го признава бракот помеѓу припадници од ист пол. |
2011 | Тувалу ја признава Република Македонија под уставното име. |
1905 | Алберт Ајнштајн го издава своето дело За електродинамиката на движечките тела во кое ја предложува специјалната теорија за релативноста. |
1908 | Во Сибир, во областа Тунгузија се случува познатата Тунгуска експлозија со јачина 1000 пати поголема од атомските бомби фрлени врз Јапонија. |
1934 | „Ноќта на долгите ножеви“ - започнува насилното елиминирање на политичките соперници на Адолф Хитлер во Германија. |
2002 | Бразил ја освојува својата петта светска фудбалска титула. |