Прејди на содржината

Непроштено

Координати: 42°3′11″N 21°1′9″E / 42.05306° СГШ; 21.01917° ИГД / 42.05306; 21.01917
Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења видете Непроштено (појаснување)
Непроштено
Непроштено во рамките на Македонија
Непроштено
Местоположба на Непроштено во Македонија
Непроштено на карта

Карта

Координати 42°3′11″N 21°1′9″E / 42.05306° СГШ; 21.01917° ИГД / 42.05306; 21.01917
Регион Долни Полог
Општина Теарце
Население 1.178 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28047, 28547
Надм. вис. 457 м
Непроштено на општинската карта

Атарот на Непроштено во рамките на општината
Непроштено на Ризницата

Непроштено — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Село Непроштено се наоѓа во Долни Полог, општина Теарце, 7 километри североисточно од градот Тетово. Станува збор за ридско-планинско село кое се наоѓа во подножјето на Шара, на надморска височина од 509 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во поранешно време с. Непроштено се викало Андреево. Но кога некој просјак стигнал во Андреево да проси, пробал во сите куќи да проси но никој не му дал ниту корка леб. И тој на излезот од селото им рекол „Непростено да ви е“ и така ова село го добило името Непроштено.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.066—    
19531.148+7.7%
19611.132−1.4%
19711.061−6.3%
19811.243+17.2%
ГодинаНас.±%
1991446−64.1%
19941.251+180.5%
20021.309+4.6%
20211.178−10.0%

Ова село се дели на два дела и тоа македонски и албански. Ги дели само мала река која се нарекува Палавица затоа што некогаш имало многу вода и го поплавила селото.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Непроштено живееле 690 жители, од кои 580 Македонци. и 110 Албанци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Непроштено имало 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Непроштено е центар на општина од три села и има 104 куќи со 773 жители, Македонци и Албанци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци и 250 Албанци.[5]

На пописот од 2002 година, селото имало 1.310 жители.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.178 жители, од кои 330 Македонци, 808 Албанци, 1 Србин, 5 останати и 34 лица без податоци.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.066
1953 777 366 2 ... 3 1.148
1961 694 421 2 ... ... 2 ... 13 1.132
1971 507 528 15 ... 2 ... 9 1.061
1981 524 711 4 ... 4 1.243
1991 443 3 ... 446
1994 415 835 1 ... 1.251
2002 405 898 2 4 1.310
2021 330 808 1 5 34 1.178

Непроштено е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

Македонски:

  • Ѓурчинци (7 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Скопје (две семејства).
  • Шкуртовци (13 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Скопје (три семејства) и во Софија (две семејства).
  • Димитриовци или Попоѓои (4 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство).
  • Маркуќевци (8 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Габрово (едно семејство).
  • Корлевци (1 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Бугарија (две семејства).
  • Мојсини (1 к.), Староседелци.
  • Кокеловци (2 к.), Староседелци.
  • Пројковци (3 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство)
  • Корупковци или Сибиновци (2 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Софија (едно семејство).
  • Лалошои (10 к.), е лоза од свештеничкиот род Лалошои од село Лешок. Прв доселеник бил Левко,[1], брат на поп Китан и син на Милош од големиот свештенички род Лалошои од Лешок. Лозата на Лалошои од Непроштено, во 2009 година брои ( 378) лица, кои живеат во: Напроштено,Џепчиште, Тетово, Скопје, и други места.[2]
  • Дабинчевци (6 к.) доселени се од Дебарско. Овде живеат од средината на XVIII век, го знаат следното родословие: Ристо (жив на 70 г. во 1947 година) Миајл-Стаменко-Јандрија-Стојан, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), Софија (две семејства) и во Америка (две семејства).
  • Терзинци (23 к.) доселени се од соседното планинско сега албанско село Ѓермо, го знаат следното родословие: Тодор (жив на 53 г. во 1947 година) Богдан-Кочо-Гаврил, дошол таткото на Гаврил. Имаат иселеници во Тетово (две семејство), Скопје (шест семејства), Белград (едно семејство) и во Софија (едно семејство).
  • Јанковци (7 к.) доселени се однекаде.
  • Пачавровци (15 к.) доселени се од планинското село Брезно. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Белград (пет семејства).
  • Калковци (6 к.) доселени се однекаде. Имале иселеници во Тетово (едно семејство, али изумрело), и во Романија (две семејства, од кои едното изумрело).
  • Бојковци (10 к.) доселени се од полското село Требош, подалечно потекло имаат од околината на Гнилане, го знаат следното родословие: Никола (жив на 55 г. во 1947 година) Аврам-Кочо, кој се доселил од Требош. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства), Скопје (две семејства), Белград (шест семејства) и во Софија (едно семејство).
  • Петкои или Аџиини (495) лица во 2009 година. Родот Петкои се староседелци. Домашна слава на родот Петкои односно Аџиини е Петковден.[3] Архивирано на 24 април 2019 г.

Според истражувањата заклучно со 2009 година, во Непроштено, во погоре споменатите родови треба да се додаде и родот Петкои односно Аџиини. Во родот Петкои односно Аџиини од Непроштено познати се седум колена: Димо-Петруш-Цвета-Живко-Митко-Огнен-Луна. [4] . Заклучно со 2009 година од родот Петкои односно Аџиини од Непроштено има 495 лица, кои живеат во: Непроштено, Џепчиште, Лешок, Тетово, Скопје, Белград, Детроит и други места.

Албански:

  • Садиковци (11 к.) најстар албански род, доселени се средината на XIX век, од северна Албанија;
  • Мирселои (19 к.) доселени се после претходниот род исто така од северна Албанија;
  • Демировци (14 к.) време и место на доселување како претходниот род;
  • Салија (1 к.) доселен од Слатино, подалечно потекло од с. Албанија;
  • Сејдо (1 к.) доселен од Желино, подалечно потекло од с. Албанија;
  • Мислија (1 к.) и Салија (1 к.) доселени од некое околно село, подалечно потекло од с. Албанија.[9]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Селото има три цркви:

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 2007 и 2008 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.198 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

За време на кризата во 2001 година многу жители се иселиле од ова село, претежно во Скопје и во странство

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.210.
  3. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  4. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  9. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. Македонска енциклопедија. 2 (I. изд.). Скопје: МАНУ. 2009. ISBN 978-608-203-024-1.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]